Makita CJ100D Manual De Instrucciones página 151

Chamarra electro-térmica a batería
Ocultar thumbs Ver también para CJ100D:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 32
во место. Вметнете ја до крај додека не се заклучи во
место при што ќе се слушне мало кликнување.
Секогаш вметнувајте ја касетата со батеријата до крај
додека не се заклучи во место. Во спротивно, може
случајно да испадне од држачот на батеријата, со тоа
предизвикувајќи повреда вам или некому околу вас.
Немојте да ја монтирате касетата со батеријата
насилно. Ако касетата не може да се лизне лесно, тоа
значи дека не е поставена правилно.
За да ја извадите касетата со батеријата, повлечете ја
од држачот на батеријата додека ги притискате
копчињата (6) од страните на касетата.
за DCJ200, DCJ201
За да ја монтирате касетата со батеријата (7),
порамнете го јазичето на касетата со батеријата со
жлебот во држачот на батеријата и турнете ја да
застане во место. Вметнете ја до крај додека не се
заклучи во место при што ќе се слушне мало
кликнување. Ако можете да го видите црвениот
индикатор (8) на горната страна од копчето, тоа значи
дека не е заклучена целосно во место.
Секогаш монтирајте ја целосно додека црвениот
индикатор не може веќе да се види. Во спротивно,
може случајно да испадне од држачот на батеријата,
со тоа предизвикувајќи повреда вам или некому околу
вас.
Немојте да ја монтирате касетата со батеријата
насилно. Ако касетата не може да се лизне лесно, тоа
значи дека не е поставена правилно.
За да ја отстраните касетата со батеријата, лизнете ја
од држачот на батеријата додека го лизгате копчето (9)
на предниот дел од батеријата.
Прикачување на држачот на батеријата
на јакната со греење
за CJ100D, CJ101D (Сл. 3)
Поврзете ги држачот на батеријата и кабелот за
напојување на јакната. Поставете го држачот на
батеријата во џебот за држачот на батеријата.
за DCJ200, DCJ201 (Сл. 3, 4)
Држачот на батеријата може да го поставите или во
џебот за држачот на батеријата или да го закачите на
ременот.
Во случај кога ќе го поставите во џебот, поврзете ги
држачот на батеријата и кабелот за напојување на
јакната, и поставете го во џебот за држачот на
батеријата.
Во случај кога ќе го закачите на ременот, прво
протнете го приклучокот на јакната низ дупката внатре
во џебот за држачот на батеријата, и поврзете ги
држачот на батеријата и кабелот за напојување на
јакната. Потоа, закачете до држачот на батеријата на
вашиот ремен.
Поврзување USB-уред (само за DCJ200,
DCJ201) (Сл. 5)
ВНИМАНИЕ:
• Во отворот за USB за снабдување со електрична
енергија, поврзувајте само уреди што се
компатибилни со извор на електрична енергија DC
5V, 2,1A. Во спротивно, може да дојде до дефект на
држачот на батеријата.
Држачот на батеријата (со батеријата) може да работи
како надворешен уред за снабдување со електрична
енергија за USB-уред. Поврзете го кабелот за USB (не
е вклучен во пакетот) во отворот за снабдување со
електрична енергија на на држачот на батеријата. И
потоа, поврзете го другиот крај од кабелот со уредот.
Кабелот за USB може да се постави внатре во јакната
заради удобност користејќи го дупчето на џебот и
држачот на кабел.
НАПОМЕНА:
• Пред да поврзете USB-уред во полначот, секогаш
правете резервни копии од вашите податоци што се
наоѓаат на од USB-уредот. Во спротивно, може да
дојде до загуба на вашите податоци.
• Полначот не смее да снабдува со електрична
енергија одредени USB-уреди.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или одржување, секогаш
проверувајте дали јакната е исклучена и касетата со
батеријата е извадена.
Ако јакната не се вклучува или е настанува каков било
друг проблем со целосно полна касета со батерија,
исчистете ги контактите на држачот на батеријата и
касетата со батеријата. Ако јакната се уште не работи
исправно, запрете со употребата на јакната и
контактирајте наш овластен сервисен центар.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци се препорачуваат за
користење со алатот од Makita дефиниран во
упатството. Со користење друг прибор или додатоци
може да се изложите на ризик од телесни повреди.
Користете ги приборот и додатоците само за нивната
намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
• Оригинални батерија и полнач Makita
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тоа може
да се разликува од земја до земја.
151

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Cj101dDcj200Dcj201

Tabla de contenido