9. Оставете моторот да работи на
минимум најмалку 1 минута пред
да ја користите машината.
ВАЖНО Доколку ракофатот на јажето
за палење се скине при влечење со
притиснат стартер, моторот може да се
задуши и да се предизвикаат потешкотии
при палење. Во случај на задушување
на моторот (видете пасус 15.5).
6.3.2 Палење на топло
За палење на топло (веднаш
по гасење на моторот):
1. Вклучете и исклучете го стартерот, прво
поставете ја рачката во позиција «B»
и потоа веднаш вратете ја во позиција
«A» (сл. 11.В, сл. 11.A). Така се активита
уредот за првично забрзување.
2. Следете ги точките 3 - 6 - 7 - 8 во
претходната процедура (сл. 6.3.1).
6.4
РАБОТА
Пред да започнете со сечење и
кастрење за првпат, неопходно е:
– да имате соодветна обука за
користење на овој вид апарати,
– да сте ги прочитале безбедносните
предочувања и упатството за користење
што се составен дел на овој прирачник,
– да сте вежбале на мали грмушки на
земја или фиксирани на соодветни
потпори на начин што ќе доведе до
неопходната запознаеност со машината
и со најчестите техники за сечење.
За да работите се машината,
постапете како што следи:
• Секогаш исклучувајте ја
сопирачката за синџирот пред да
го активирате забрзувачот.
• Во текот на работата, машината
секогаш мора да се држи цврсто со
двете раце, со тоа што левата рака
е поставена на предниот ракофат, а
десната на задниот независно дали
операторот е левучар или десничар.
Застанете ја веднаш машината ако
синџирот се блокира во текот на работата.
6.4.1 Проверки што треба да се
прават во текот на работата
6.4.1.a Контрола на затегнатоста
на синџирот
При работа, синџирот подлежи на
прогресивно издолжување и затоа
треба често да ја проверувате
неговата затегнатост (пасус 6.1.3).
6.4.1.b Контрола на степенот на масло
ВАЖНО Не користете ја машината
ако нема подмачкување! Резервоарот со
масло треба да се празни докрај секогаш
кога горивото ќе се потроши. Полнете
го резервоарот за масло секојпат кога
дополнувате гориво за машината (пасус 7.4).
Проверете дали лостот и синџирот
се добро позиционирани кога се врши
контрола на степенот на масло.
Запалете го моторот (пасус 6.3), држете
го моторот под среден режим на
работа и проверете дали истуреното
масло за синџирот соодветствува
со приказот на сликата (сл. 18).
Протокот на масло за синџирот може да
се регулира со шрафцигер на соодветните
навртки за регулација на пумпата (сл. 19.A),
поставена на долниот дел на машината.
Ова е симбол којшто го идентификува
регулаторот на пумпата за маслото:
-
6.4.2 Техника на работа
6.4.2.a Кастрење дрво
Уверете се дека на просторот
каде ќе паѓаат гранките нема луѓе.
MK - 12
Свртете го со
шрафцигер кон
позицијата "+" за
+
да го зголемите
протокот на
масло низ
синџирот. Вртете
го кон позиција "-"
за да го намалите
протокот.