Подготовка За Примена - Stihl Smart Connector Instrucciones De Servicio

Ocultar thumbs Ver también para Smart Connector:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 17
■ Ако дојде до голтање на копчестата
батерија, тоа во рок од 2 часа може да
предизвика тешки повреди или смрт од
внатрешни изгореници и перфорација
на хранопроводот.
► Батеријата и Smart
Connector-от чувајте ги
надвор од дофатот на
деца и на други
неовластени лица.
► Капакот на Smart
Connector-от секогаш
мора да биде цврсто
затворен. Ако капакот не
може да се затвори,
извадете ја батеријата и
заменете го Smart
Connector-от.
► Ако дојде до голтање на
копчестата батерија: Не
предизвикувајте
повраќање. Тоа може да
доведе до заглавување
на батеријата во
хранопроводот. Веднаш
побарајте лекарска
помош.
■ Навидум целосно испразнетата
батерија сè уште може да создаде
опасна краткоспојна струја. Оштетена
батерија или батерија изложена на
високи температури може да
предизвика пожари или експлозии.
Луѓе може да бидат тешко повредени и
можна е материјална штета.
► Запазете ги сите законски прописи
во врска со згрижувањето. Веднаш
згрижете ги испразнетите батерии.
Батериите чувајте ги подалеку од
деца. Не отворајте ги и не фрлајте ги
во оган.
136
3 Подготовка за примена
Smart Connector-от може да се
прицврсти само на одредени производи.
Во зависност од производот, Smart
Connector-от мора да се прицврсти на
одредено место.
Smart Connector-от може да се
прицврсти на следниве начини:
– со лепливата лента на неговата задна
страна
– со 2 приложени завртки и подлошки
– со 2 стеги за кабли
– со 2 слепи нитни од алуминиум, со
пречник од 3 mm и должина соодветна
за дадениот производ. Мора да се
изврши пред-дупчење со сврдел со
пречник од 3,5 mm од внатрешната
страна на куќиштето.
STIHL препорачува прицврстувањето со
приложените завртки, стеги за кабли или
со слепи нитни да го изврши
специјализиран продавач на STIHL.
Доколку Smart Connector-от се
прицврстува на туѓ производ, STIHL
препорачува Smart Connector-от да биде
прицврстен со леплива лента на
неговата задна страна.
Услов за детекцијата на оперативното
време е наизменично електромагнетно
поле на растојание од прибл. 10 cm.
Наизменичното електромагнетно поле го
создаваат електромотори или свеќички
за палење.
Следниве чекори мора да се извршат за
да се постави Smart Connector-от:
► Апликацијата преземете ја од App
Store на мобилниот краен уред и
креирајте налог.
► Додајте производи во апликацијата и
следете ги инструкциите на екранот.
► Местото опишано во апликацијата, на
коешто се прицврстува Smart
Connector-от, исчистете го со средство
0457 399 0007 A B20

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido