OBJ_BUCH-2837-002.book Page 88 Wednesday, July 20, 2016 9:53 AM
88 | Македонски
Овој вшмукувач може да го
користат деца над 8 години и
лица со ограничени физички,
сензорни или ментални
способности или недоволно
искуство и знаење, доколку се
под надзор на лице одговорно за
нивната безбедност или се
упатени за безбедно ракување со
вшмукувачот и ги разбираат
опасностите што може да
произлезат. Инаку постои
опасност од погрешна употреба и
повреди.
За време на користењето,
чистењето и одржувањето
надгледувајте ги децата. Така ќе
се осигурате дека децата нема да си
играат со вшмукувачот.
Не вшмукувајте материи
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
опасни по здравјето на пр.
прав од буково или дабово дрво, камена прав, азбест.
Овие материи се канцерогени.
Информирајте се за важечките прописи/закони во
врска со постапување со материи опасни по здравјето
во Вашата земја.
Користете го
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
вшмукувачот само
доколку може целосно да ги процените сите функции и
може да ги извршувате без ограничувања или сте ги
добиле соодветните упатства. Деталните инструкции ја
намалуваат опасноста од погрешна употреба и повреди.
Вшмукувачот е наменет
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
само за вшмукување на
суви материјали. Навлегувањето на течности го
зголемува ризикот од електричен удар.
Вшмукувачот смее да се
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
користи и чува само во
внатрешен простор. Навлегувањето на дожд и влага во
горниот дел на вшмукувачот го зголемува ризикот од
електричен удар.
Не вшмукувајте врела или
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
запалива прав и не
вшмукувајте во простории каде постои опасност од
експлозија. Правта може да се запали и експлодира.
Извадете ја батеријата, пред одржувањето или
чистењето на вшмукувачот, пред регулирање на
поставките на уредот, замена на деловите или
1 609 92A 2M4 | (20.7.16)
тргање настрана. Овие мерки за предупредување го
спречуваат невнимателниот старт на вшмукувачот.
Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Вшмукувачот смее да се поправа само од страна на
квалификуван стручен персонал со оригинални
резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни
во безбедноста на електричниот апарат.
Не го чистете вшмукувачот со директно насочен
млаз вода. Навлегувањето на вода во горниот дел на
вшмукувачот го зголемува ризикот од електричен удар.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од експлозија.
Кога не ја користите батеријата, чувајте ја
понастрана од парички, спојувалки, клучеви, шајки,
завртки и други метални предмети што можат да
направат спој од едниот до другиот пол. Краток спој
меѓу двата пола може да предизвика пожар или
изгореници.
При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Батериите полнете ги само со полначи кои се
препорачани од производителите. Доколку полначот
кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го
користите со други батерии, постои опасност од пожар.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Употреба со соодветна намена
Вшмукувачот е наменет за вшмукување и издувување на
материјали што не се опасни по здравјето и суви
материјали.
Вшмукувачот е наменет исклучиво за употреба во
домаќинството.
Bosch Power Tools