Gorenje S3/WHI641ST Manual De Instrucciones página 83

Tabla de contenido

Publicidad

ФУНКЦИОНИРАЊЕ
Користете ја најголемата брзина во случај на невообичаена концентрација на пареи во кујната. Ви препорачуваме
да го вклучите издувувањето 5 минути пред да започнете со готвењето и да го оставите да работи околу 15 минути
по завршување на готвењето.
За да ги одберете функциите на аспираторот доволно е само да ги допрете командите.
T1.
Состојба на подготвеност (исклучена контролна табла - сите функции се деактивирани) / ВКЛУЧЕНО
(вклучена контролна табла)
Забелешка: По околу една минута користење на аспираторот (всмукување и светло), истиот се враќа авто-
матски во состојба на подготвеност.
T2.
Вклучување/исклучување на светлото
Само кај некои модели (види го цртежот погоре):
притиснете повеќе пати за да ја одберете посакуваната јачина на светло:
L1: слабо светло
L2: средно слетво
L3: јако светло
притиснете уште еднаш за да го исклучите светлото.
T3.
Вклучување/исклучување на автоматско функционирање
Аспираторот автоматски ја поставува 1-ра брзина (моќност) на всмукување за да се зголеми ако надвореш-
ните услови откриени од страна на сензорот на аспираторот тоа го бараат.
Ако нема промени на надворешните услови, по 10 минути (ако аспираторот е веќе во 1-ва брзина (моќност)
на всмукување), аспираторот се исклучува.
Забелешка: за правилно користење на оваа функција направете прво „Регулирање на параметрите за ав-
томатско функционирање" (види го соодветниот параграф).
Забелешка: За време на автоматското функционирање ако корисникот ги користи другите функции за регу-
лирање на брзината, функцијата автоматска вентилација се деактивира.
T4.
Рачно бирање на брзина (моќност) на всмукување:
L4: 1-ва брзина (моќност) на всмукување
L5: 2-ра брзина (моќност) на всмукување
L6: 3-та брзина (моќност) на всмукување
притиснете уште еднаш за да го исклучите аспираторот (OFF).
Забелешка: рачното бирање ја исклучува секоја друга поставена функција во врска со всмукувањето.
T5.
Вклучување/исклучување наинтензивна брзина (моќност) на всмукување „POWER BOOST"
(темпирана)
Забелешка: По 5 минути работа аспираторот се враќа на претходната состојба.
T6*. (Само кај некои модели) Вклучување/исклучување наинтензивна брзина (моќност) на всмукување
„POWER BOOST x 2" (темпирана)
Забелешка: По 5 минути работа аспираторот се враќа на претходната состојба.
T7.
Вклучување/исклучување на начин на функционирање „Промена на воздух"
Секои 50 минути на неактивност се вклучува 1-ва брзина (моќност) на функционирање за 10 минути.
T8.
Вклучи/Исклучи Задоцнето исклучување на брзината (моќноста) на всмукување (околу 30 минути).
Забелешка: оваа функција стои на располагање за брзините што може да се бираат со копчето T4.
T9.
Индикатор и ресетирање на заситеноста на филтрите
Копчето се запалува автоматски со фиксно светло кога е потребно да се изврши сервисирање на филтерот
за масти.Копчето се запалува автоматски со трепкаво светло кога е потребно е да се изврши сервисирање
на филтерот на јаглен.По сервисирањето, при исклучен аспиратор и активно копче, притиснете го копчето
повеќе од 3 секунди за да направите ресетирање на индикаторот на заситеност на филтрите, повторете ја
операцијата ако е потребно (на пример во случај ако се заситени двата филтри).
83

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

S3/whi941s

Tabla de contenido