7.4 ЧИСТЕЊЕ
Вршете ги постапките за чистење
со изгасната машина. Не обидувајте
се да го извадите заглавениот
материјал во четката пред:
• Да ги пуштите командите
за четката и движење.
• Да го изгасете моторот.
Секогаш чистете ја машината по
употребата. За чистење, придржувајте
се до следните упатства:
• Чистете го моторот со четкичка и/
или воздух под притисок.
• Не истурајте вода директно врз моторот.
• По чистењето со вода, запалете ја
машината и свртете ја четката за да ја
отстраните водата којашто може да навлезе
во перничињата и да предизвика дефект.
ВАЖНО никогаш не користете
вода под висок притисок. Може да
ги оштети електричните делови.
7.5 СВЕЌИЧКА
Однесете ја машината кај овластен сервисер
ако треба да се работи на свеќичката.
Погледнете ги табелата за одржување
и табелата за несоодветна работа за
соодветни интервенции на свеќичката.
7.6 ГОРИВО
Горивото е одредено од произведувачот.
Погледнете ја табелата за несоодветна
работа за да проверите дали е неопходно да
интервенирате кај горивото (поглавје 12).
7.7 ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ
ЗА ВОЗДУХ
1. Одвртете го копчето на
капакот за филтерот
(сл. 13.A) и извадете го (сл. 13.B).
2. Одвртете го копчето (сл. 13.C) и
извадете го филтерот(сл. 13.D).
3. Исчистете го филтерот издувувајќи го со
воздух под притисок однатре и однадвор.
4. Проверете дали филтерот има
знаци на оштетување бидејќи
така треба да се замени.
5. Поставете го редоследно филтерот(сл.
13.D), копчето (сл. 13.C), капачето
(сл. 13.B) и копчето (сл. 13.A).
7.8 НАВРТКИ И ШРАФОВИ
ЗА ФИКСИРАЊЕ
• Сите завртки, навртки и лостови одржувајте
ги соодветно зацврстени за да сте сигурни
дека косачката е безбедна за работа.
• Редовно проверувајте дали навртките
за фиксирање на отворот за
исфрлање се затегнати правилно.
8. ОДЛОЖУВАЊЕ
Кога машината треба да се одложи
на период подолг од 30 дена:
1. Сменете го маслото за моторот
ако оваа постапка не е спроведена
во претходните три месеци.
2. Темелно исчистете ја машината.
3. Проверете дали на машината има
оштетувања Ако е неопходно,
извршете ги поправките
4. Ако лакот е оштетен, премачкајте
за да спречите 'рѓосување.
5. Заштитете ги металните површини
подложни на 'рѓосување.
6. Одложете ја машината во затворен
простор ако е можно.
7. Избегнувајте да поставувате тешки
предмети врз четката и картерот за
да ја заштитите четката. Тежината
може да ја деформира четката со
што ќе стане неупотреблива.
9. ПОМОШ И ПОПРАВКА
Ова упатство ги претставува сите
неопходни индикации за управување со
машината и за правилно одржување што ги
извршува корисникот. Сите интервенции
за регулација и одржување што не се
опишани во ова упатство треба да ги
спроведе застапникот или специјализиран
сервисен центар бидејќи знаат како и
ги имаат неопходните инструменти со
коишто работата ќе се заврши правилно,
земајќи го во предвид првобитниот степен
на безбедност и условите на машината.
Сите операции што се изведени на
несоодветен начин и од неквалификувани
лица придонесуваат да се изгуби секоја
форма на гаранција и секој облик
на обврска на производителот.
• Само овластените сервиси за помош
може да ги извршуваат поправките и
одржувањето што се под гаранција.
МК - 11