Stiga CS 80 Li Manual De Instrucciones página 297

Ocultar thumbs Ver también para CS 80 Li:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 159
електричен удар се поттикнува ако
телото се најде на маса или земја.
• Заземете цврста позиција и
одржувајте внимателен пристап.
• избегнувајте користење на скалила
или нестабилни платформи;
• Избегнувајте да работите сами или
целосно изолирани за да може да
побарате помош во случај на инцидент.
• Никогаш не трчајте, туку одете.
• Секогаш држете ги рацете и нозете
подалеку од уредот со сечивото,
особено при палење на моторот и
додека работите со машината..
• Внимание: синџирот продолжува
да се врти уште неколку секунди
и по гаснење на моторот.
• Обрнете внимание да не удирате
силно во страни тела/пречки со лостот
заради можна проекција на струготини
предизвикани од оштетување на синџирот.
Ако лостот удри во пречка, може да
предизвика контраудар. Повратен
удар се добива кога крајните точки на
синџирот се судруваат со предмет или
кога дрвото го притиска или блокира
синџирот при сечење. Овој контакт на
крајните делови на синџирот може да
предизвика многу брзо отскокнување
во разни правци, буткајќи го водечкиот
лост нагоре и кон корисникот, а тоа се
случува кога синџирот се блокира долж
предниот дел на лостот. Во обата случаја,
противударот може да предизвика
губење контрола врз моторната пила со
можни тешки последици. За да избегнете
противудар, преземете ги следните
одредени мерки на претпазливост:
1. Држете ја пилата цврсто, со палците
и прстите околу рачките на пилата со
синџир и ставајќи ги телото и рацете
во позиција која ви дозволува да ги
издржите ударите на противударот.
2. Не држете ги рацете многу далеку и не
сечете над висината на рамениците.
3. Користете ги водилките на лостот
и синџирот само за работи што
ги посочил производителот.
4. Придржувајте се до упатствата
на производителот во однос
на острењето и одржувањето
на пилата со синџирот.
• Избегнувајте изложување на прашина
и на пилевина што ги произведува
синџирот при сечењето.
Во случај на дефект или инциденти
во текот на работата, веднаш исклучете
го моторот и оддалечете ја машината
внимавајќи да не предизвикате други
оштетувања. Во случај на инцидент со
лична повреда или повреда на трето
лице, пристапете веднаш кон постапката
за давање најсоодветна прва помош
за дадената состојба и обратете се во
соодветен центар за здравствена заштита
за неопходно лекување. Отстранете
ги темелно сите остатоци од косењето
што може да предизвикаат дефект
или повреди на лица или животни ако
останат незабележано во машината.
Продолжена изложеност на
вибрации може да предизвика повреди
и невроваскуларни пореметувања
(познати и како "Рејнодов синдром"
или "бела рака") особено кај оние што
се изложени на циркуларни влијанија.
Симптомите може да се покажат на
рацете, на рачните зглобови или на
прстите и се манифестираат со губење
на осет, вкочанетост, чешање, болка,
обезбојување и структурални промени на
кожата. Овие ефекти може да се зголемат
со ниски надворешни температури и /
или од прекумерен притисок врз рачките.
При појава на овие симптоми, треба да
го намалите времето на користење на
машината и да се советувате со лекар.
Ограничување при употреба
• Машината не треба да ја користат лица
што не се во состојба да ја држат цврсто со
обете раце и/или да одржуваат стабилна
рамнотежа на нозете во текот на работата.
• Никогаш не користете ја машината со
оштетена заштита, ако недостасува
или ако не правилно поставена.
• Не исклучувајте, дезактивирајте,
вадете ги манометарот и безбедносните
системи/микропрекинувачи.
• Не користете го електричниот апарат ако
прекинувачот не е правилно поставен во
позиција за вклучување или исклучување.
Ако електричниот апарат не може да
се вклучи со прекинувачот, тој е опасен
за употреба и треба да се поправи.
• Не изложувајте ја машината на
непотребни сили и не користете
мала машина за изведување тешки
работи; адекватно користење на
машината го намалува ризикот и го
подобрува квалитетот на работата.
2.4 ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛОЖУВАЊЕ
Редовно одржувајте и правилно одложете
ја машината за да ја одржите безбедноста
на машината и нивото на работа.
MK - 3

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido