Проверете дали податоците на натписната
табличка одговараат на актуелната струја.
Алат предвиден за 230 V може да се приклучи
на мрежа до 220 V/240 V.
ON/OFF прекинувач
За вклучување на алатот, притиснете го и
држете го on/off прекинувачот (1).
Ако го ослободите прекинувачот алатот ќе се
исклучи.
Вклучување на механизмот за забравување
Прекинувачот можете да го забравите со
притискање врз него (1), а потоа врз копчето
(2). Забравувањето се ослободува со кратко
притискање на прекинувачот.
5. ЕЛЕКТРОНСКА КОНТРОЛА НА
МОТОР
Ограничување на стартна струја
Електронски контролираниот мекан старт
се грижи машината да почне без повратно
движење. На овој начин се спречува прскање
на течните материјали, кога ќе се вклучи
машината.
За ограничената стартна струја, доволен е
осигурувач од 16 A.
Намалување на брзината без оптеретување
Електронската контрола влиаје врз брзината
без оптеретување, што резултира со намален
шум и абење на моторот и менувачот.
Предизбор на брзина
Со контрола на брзината (3) може да
се направи предизбор на брзината. Се
препорачува брзината да се определи со
пробување.
Избор на брзина
Можат да се изберат две брзини, со помош на
копчето за избор (4):
Брзина 1
Брзина 2
Потребната брзина зависи од видот на
материјалот што се меша и се препорачува
избор според практичен тест.
98
Постојана електроника
Постојаната електроника ја задржува
брзината помеѓу неоптоварена и оптоварена
состојба и обезбедува униформно мешање на
материјалите.
Електронска заштита од преоптоварување
Во случај машината да се преоптовари,
електронската заштита го чува моторот од
оштетување. Во овој случај, моторот сопира
и се рестартува само кога ќе се намали
притисокот.
Заштита од термичко преоптоварување
За заштита на моторот од прегревање, при
екстремно постојан товар, тој се исклучува,
благодарение на заштитниот електронски
систем, кога ќе ја постигне критичната
температура.
После ладење, од околу 35 min, машината
повторно е подготвена за користење и може
целосно да се оптовари.
Кога машината ќе се загрее од работа,
заштитата реагира благовремено.
6. СЕРВИС И ОДРЖУВАЊЕ
Оваа машина е конструирана да работи
долг период со минимално одржување.
Непрекинатото успешно работење зависи од
грижата на машината и редовното чистење.
•
Вентилационите отвори на куќиштето треба
повремено да се исчистат.
•
После 100 часа: проверете ги јаглените
четкички
•
После 200 часа: турете ново масло во
менувачот
Чистење
Редовно чистете го куќиштето со мекана крпа,
180380 врт/min
по можност после секое користење. Чувајте ги
300650 врт/min
отворите за вентилација чисти, без прашина.
Отстранете ја тврдокорната нечистотија
со мекана крпа, натопена во сапуница. Не
користете растворувачи како што е бензен,
алкохол, амонијак итн. кои можат да ги оштетат
пластичните делови.
Уверетеседекамашинатае
исклученакогагоодржувате
моторот.