OBJ_BUCH-55-007.book Page 92 Tuesday, April 5, 2016 10:50 AM
92 | Македонски
Избегнувајте абнормално држење на телото. Заста-
нете во сигурна положба и постојано држете рамно-
тежа. На тој начин ќе може подобро да го контролирате
електричниот апарат во неочекувани ситуации.
Носете соодветна облека. Не носете широка облека
или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците
подалеку од подвижните делови. Лесната облека,
накитот или долгата коса може да се зафатат од
подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмуку-
вање прав, осигурете се дека тие правилно се
приклучени и прикладно се користат. Користењето на
вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
Не го преоптоварувајте уредот. Користете го
соодветниот електричен апарат за Вашата работа.
Со соодветниот електричен апарат ќе работите
подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
Не користете го електричниот апарат, доколку има
дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може
да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и
мора да се поправи.
Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или
извадете ја батеријата, пред да ги смените
поставките на уредот, да ги замените деловите или
да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот уред.
Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните
апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го
користат лица кои не се запознаени со него или не ги
имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати
се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
Одржувајте ги грижливо електричните апарати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот апарат. Поправете ги оштетените
делови пред користењето на уредот. Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.
Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на оригинални
резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни
во безбедноста на електричниот апарат.
1 609 92A 2P1 | (5.4.16)
Безбедносни напомени за пили за пенести
материјали
Држете го уредот за изолираните површини на
рачките, доколку вршите работи каде алатот што се
вметнува може да наиде на скриени електрични
кабли или сопствениот струен кабел. Контактот со
струјниот кабел може металните делови на уредот да ги
стави под напон и да доведе до електричен удар.
Дланките држете ги подалеку од полето на работа со
убодна пила. Не посегајте под делот што се
обработува. Доколку дојдете во контакт со листовите
за пила постои опасност од повреда.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење на било какви
форми на пенести вештачки материјали, пенеста гума и
слични материјали.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката страница.
1 Прекинувач за вклучување/исклучување
2 Водилка на листот за пилата *
3 Пар листови за пила*
4 Основна плоча
5 Рачка (изолирана површина на дршката)
6 Шраф
7 Заштитна плоча
8 Шраф со нарецкана глава
9 Затезен шраф за основната плоча
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Bosch Power Tools