OBJ_BUCH-2751-003.book Page 56 Monday, June 20, 2016 10:34 AM
56 | Македонски
Ако трепка предупредувањето за батерија 15, тогаш
морате да ги промените батериите.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
време, извадете ги батериите. Доколку се подолго
време складирани, батериите може да кородираат и да
се испразнат.
Користење на ротирачката платформа
(види слика A)
Поставете го мерниот уред во прифатот за уред на роти-
рачката платформа 12, така што жлебовите за прицврсту-
вање 13 на ротирачката платформа ќе се вклопат во соод-
ветните жлебови 6 на долната страна на мерниот уред.
Вртете го мерниот уред во правец на стрелките на часо-
вникот, за цврсто да легне на ротирачката платформа.
Одвртете ги ногарките на ротирачката платформа со
завртки за подесување на висината 10. Грубо израмнете
ја ротирачката платформа со помош на либела 8.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни тем-
ператури или осцилации во температурата. Напр. не
го оставајте долго време во автомобилот. При големи
осцилации во температурата, оставете го мерниот уред
најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во
употреба. При екстремни температури или осцилации
во температурата, прецизноста на мерниот уред може
да се наруши.
Избегнувајте ги ударите и превртувањата на мерниот
уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред,
пред да го употребите за работа, секогаш извршете про-
верка на точноста (види „Точност на нивелирањето").
Исклучете го мерниот уред за време на транспортот.
При исклучувањето, се блокира осцилирачката еди-
ница, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За Вклучување на мерниот уред притиснете го прекину-
вачот за вклучување/исклучување 7 во позиција „
(за работење без автоматика за нивелирање) или во
позиција „
On" (за работење со автоматика за нивели-
рање). Оперативниот приказ 15 светнува и мерниот уред
веднаш праќа хоризонтална ласерска линија од предниот
излезен отвор 1.
Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
За Исклучување на мерниот уред притиснете на прекину-
вачот за вклучување/исклучување 7 во позиција „Off". Се
губи оперативниот приказ 15. При исклучување, осцили-
рачката единица се блокира.
1 609 92A 301 | (20.6.16)
При пречекорување на највисоката дозволена работна
температура од 45 °C се исклучува заради заштита на
ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е
повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.
Деактивирање на автоматиката за исклучување
Мерниот уред автоматски се исклучува по 30 мин. работа.
За да ја деактивирате автоматиката за исклучување, при
вклучувањето на мерниот уред задржете го копчето за
вертикален режим 16 или копчето за хоризонтален режим
17 притиснато 3 s. Доколку автоматиката за исклучување
е деактивирана, ласерските линии кратко трепкаат по 3 s.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
За да го активирате автоматското исклучување, исклучете
го мерниот уред и повторно вклучете го (без притиснато
копче).
Начини на работа (види слики B–D)
Хоризонталниот и вертикалниот режим може да бидат
вклучувани и исклучувани независно еден од друг. Сите
начини на работа се можни со и без автоматика за
нивелирање.
Хоризонтален режим
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во хоризонтален
режим и испраќа хоризонтална ласерска линија нанапред.
За да ја вклучите одн. исклучите хоризонталната ласерска
линија, притиснете го копчето за хоризонтален режим 17.
Вертикален режим и точка на вертикала
Мерниот уред располага со два вертикални режими на
работа:
– вертикална ласерска линија нанапред
– вертикална ласерска линија нанапред и на страна
Дополнително во сите вертикални начини на работа се
проектира точка на вертикала надолу.
За вклучување/исклучување на вертикалниот начин на
работа одн. за промена на вертикалниот начин на работа
притискајте го копчето за вертикален режим 16, додека не
се појави посакуваниот начин на работа.
Ако мерниот уред е монтиран на ротирачката платформа
12, тогаш можете точно да ги израмните вертикалните
ласерски линии на референтните точки со завртка за
фино подесување 11.
On"
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста под-
лога или прицврстете го на ротирачката платформа 12.
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во позиција
„
On".
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање ±3°. Ниве-
лирањето е завршено штом ласерските линии не се
движат повеќе.
Bosch Power Tools