Bosch GCM 8 SJL Professional Manual Original página 266

Ocultar thumbs Ver también para GCM 8 SJL Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 45
OBJ_BUCH-1736-005.book Page 266 Thursday, December 8, 2016 10:59 AM
266 | Македонски
Поставување на стандардниот агол на закосување 0°
(вертикално)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 15 до жлебот 24 за 0°. Лостот
21 мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверете: (види слика T1)
– Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за
пила 15.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 12.
Поставување: (види слика T2)
– Олабавете го затегнувачкиот лост 41.
– Притиснете го граничникот 44 сосема наназад.
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
54 со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со листот на пилата.
– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 41.
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник 54.
Доколку показателот на агли 43 по подесувањето не е во
линија со 0°-ознаката на скалата 42, олабавете ја
завртката 55 со обичен крстест одвртувач и насочете го
показателот на агли по должина на 0°-ознаката.
Поставување на стандардниот агол на закосување 45°
(вертикално)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 15 до жлебот 24 за 0°. Лостот
21 мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Свртете го граничникот 30 сосема нанапред.
– Олабавете го затегнувачкиот лост 41 и свртете го
кракот на алатот на дршката 8 до крај на лево (45°).
Проверете: (види слика U1)
– Поставете го агломерот 45° и ставете го на масата за
пила 15.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 12.
Поставување: (види слика U2)
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
56 со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со листот на пилата.
– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 41.
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник 56.
Доколку показателот на агли 43 по подесувањето не е во
иста линија со 45°-ознаката на скалата 42, најпрво уште
еднаш проверете ја 0°-поставката за аголот на закосување
и показателот на агли. Потоа повторете го подесувањето
за 45°-аголот на закосување.
1 609 92A 2NV | (8.12.16)
Израмнување на скалата за хоризонтален агол на
закосување
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 15 до жлебот 24 за 0°. Лостот
21 мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверете: (види слика V1)
– Поставете агломер на 90° помеѓу граничната водилка
14 и листот на пилата 12 на масата за пилата 15.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 12.
Поставување: (види слика V2)
– Олабавете ги сите завртки за подесување 57 со крстест
одвртувач и свртете ја масата за пила 15 заедно со
скалата 17 додека кракот на аголникот не лежи рамно
по целата должина на листот за пилата.
– Повторно зашрафете ги шрафовите.
Доколку показателот на агли 23 по подесувањето не е во
линија со 0°-ознаката на скалата 17, олабавете ја
завртката 58 со крстест одвртувач и израмнете го
показателот на агли по должина на 0°-ознаката.
Транспорт (види слика W)
Пред транспортот на електричниот апарат мора да ги
извршите следните чекори:
– Олабавете ја завртката за фиксирање 33, доколку
истата е затегната. Извлечете го кракот на алатот
целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за
фиксирање.
– Проверете дали граничникот за длабочина 32 е
притиснат сосема навнатре и завртката за подесување
4 при движењето на кракот на алатот минува низ
отворот без да го допре граничникот за длабочина.
– Подесете го електричниот апарат во транспортна
позиција.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот апарат.
Неискористените листови за пила, доколку сакате да ги
транспортирате ставете ги во затворена кутија.
– Врзете го струјниот кабел со самолепливата лента 59.
– Електричниот апарат носете го со транспортната рачка
3 или фатете го за жлебовите за држење 26 странично
на масата за пила.
 Електричниот апарат секогаш треба да го носат две
лица, за да се избегнат болките во грбот.
 За транспортирање на електричниот апарат,
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido