OBJ_BUCH-1325-004.book Page 290 Tuesday, September 13, 2016 1:06 PM
290 | Македонски
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 26.
Поставување: (види слика T2)
– Олабавете ја завртката 54.
На тој начин ќе може да се помести 0°-граничник 55.
– Олабавете го лостот за блокада 17.
– Поместувајте го рачното тркало 18 кон 0°-граничникот,
додека кракот на аголното мерило не биде рамен по
целата должина на листот на пилата.
– Држете го рачното тркало во оваа позиција и повторно
затегнете го лостот за блокада 17.
– Повторно затегнете ја завртката 54.
Доколку показателот на агли 47 по подесувањето не е во
линија со 0°-ознаката на скалата 48, олабавете ја
завртката 56 со обичен крстест одвртувач и насочете го
показателот на агли по должина на 0°-ознаката.
Повторете ги горе наведените работни чекори соодветно
и за вертикален агол на закосување од 45° (олабавете ја
завртката 57; подесете го 45°-граничник 58). Притоа
показателот на агли 47 не смее повторно да се поместува.
Паралелност на листот на пилата со водечките жлебови
на аголниот граничник (види слика U)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Навалете ја заштитната хауба 6.x до крај кон назад.
Проверете:
– Со еден молив означете го првиот лев забец на пилата
којшто може да се види одзади над плочата за
вметнување.
– Поставете го аголното мерило на 90° и наместете го на
работ на водечкиот жлеб 5.
– Поместувајте го кракот на аголното мерило додека не
ги допре означените запци на пилата и прочитајте го
растојанието помеѓу листот на пилата и водечкиот
жлеб.
– Вртете го листот на пилата додека означениот забец не
застане однапред над плочата за вметнување.
– Поместувајте го аголното мерило по должина на
водечкиот жлеб до означениот забец на пилата.
– Повторно измерете го растојанието меѓу листот на
пилата и водечкиот жлеб.
Двете измерени растојанија мора да бидат идентични.
Поставување:
– Олабавете ги завртките со внатрешна шестаголна глава
59 на предната страна под масата за пила и завртките со
внатрешна шестаголна глава 60 на задната страна под
масата за пила со испорачаниот клуч со внатрешна
шестаголна глава 21.
– Внимателно движете го листот на пилата додека не
дојде паралелно со водечкиот жлеб 5.
– Повторно затегнете ги сите завртки 59 и 60.
Подесување на показателот на растојание на масата за
пила (види слика V)
– Позиционирајте го паралелниот граничник десно од
листот за пилата.
1 609 92A 2C1 | (13.9.16)
Поместувајте го паралелниот граничник додека
ознаката во лупата 27 не покаже на долната скала
26 cm.
За фиксирање повторно притиснете ја затегнувачката
дршка 35 надолу.
– Олабавете ја затегнувачката дршка 15 и извлечете го
продолжетокот на масата за пила до крај.
Проверете:
Показателот на растојание 51 на горната скала 1 мора да
покажува идентична вредност како ознаката во лупата 27
на долната скала 1.
Поставување:
– Олабавете ја завртката 61 со крстест одвртувач и
насочете го показателот на растојание 51 по должина
на 26-cm-ознаката на горната скала 1.
Подесување на паралелноста на паралелниот
граничник (види слика W)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Навалете ја заштитната хауба 6.x до крај кон назад.
– Олабавете ја затегнувачката дршка 35 на паралелниот
граничник и поместувајте ја додека не го допре листот
на пилата.
Проверете:
Паралелниот граничник 10 мора да го допира листот на
пилата по целата должина.
Поставување:
– Олабавете ги завртките со внатрешна шестаголна глава
71 со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна
глава 21.
– Внимателно поместувајте го паралелниот
граничник10, додека не го допре листот на пилата по
целата должина.
– Држете го паралелниот граничник во оваа позиција и
повторно притиснете ја затегнувачката дршка 35
надолу.
– Затегнете ги инбус завртките 71 повторно цврсто.
Поставување на силата на затегање на паралелниот
граничник
Затегнувачката сила на паралелниот граничник 10 може
да попушти по честата употреба.
– Затегајте го шрафот за подесување 70, додека да се
фиксира паралелниот граничник на масата за пила.
Подесување на лупата на паралелниот граничник
(види слика W)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Навалете ја заштитната хауба 6.x до крај кон назад.
– Поместувајте го паралелниот граничник 10 од десната
страна додека не го допре листот на пилата.
Проверете:
Ознаката на лупата 27 мора да биде во една линија со 0°-
ознаката на скалата 1.
Поставување:
– Олабавете ја завртката 62 со крстест одвртувач и
центрирајте го показателот на растојание по должина
на 0°-ознаката.
Bosch Power Tools