ВАЖНО Користете само гориво и
подмачкувачи со висок квалитет за
одржување на машината и за да гарантирате
траење на механичките делови.
7.2.1 Карактеристики на бензинот
Користете само безоловен бензин (зелен
бензин) со број на октани не помал од 90 N.O.
ВАЖНО Зелениот бензин создава талог
во резервоарот ако се чува повеќе од два
месеци. Секогаш користете свеж бензин!
7.2.2 Карактеристики на маслото
Користете само масло со најдобар
квалитет, наменето за четиритактни
мотори, со високи прочистувачки
карактеристики, со класификација SF-
SG и со вискозност SAE 10W30.
ВАЖНО Употреба на масло што нема
добри прочистувачки карактеристики,
несоодветно или со карактеристики што се
ралични од посочените, го оштетува моторот
и доведува до губење на гаранцијата.
Кај вашиот продавач може да ги
најдете соодветните масла, создадени
за овој вид мотор, до оној степен
кој гарантира поголема заштита и
продолжена ефикасност на моторот.
7.3 ПОЛНЕЊЕ ГОРИВО
Пред полнење:
1. Поставете ја машината на рамна
површина, во стабилна позиција со
капачето на резервоарот одгоре (сл. 12.G).
ЗАБЕЛЕШКА На капачето за резервоарот
(сл. 11.G) го има следниот симбол:
Резервоар
2. Исчистете го капачето на резервоарот
во круг за да се избегне навлегување
нечистотии при полнењето.
3. Отворете го внимателно капачето на
резервоарот за мешавина за да се
испушти притисокот постепено.
4. Наполнете со инка и не ставајте од
мешавината до грлото на резервоарот.
7.4 ДОПОЛНУВАЊЕ НА МАСЛО
ВАЖНО Не палете го моторот
и не користете ја машината ако
нивото на масло не е доволно.
За да го контролирате нивото на масло:
1. Поставете ја машината на рамна
површина, во стабилна позиција со
капачето на резервоарот одгоре (сл. 21).
2. Одвртете го капачето на
резервоарот и проверете дали
нивото на масло достигнува до
линијата кај доводот со филтер.
7.5 ЧИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА
И НА МОТОРОТ
Секогаш чистете ја машината по употребата.
За да го намалите ризикот од пожар:
– одржувајте ја машината, а особено
моторот од остатоци од трева,
листови и прекумерно масло,
– честопати чистете ги крилцата на
цилиндарот со компресиран воздух и
ослободете ја зоната на придушувачот
од остатоци при пилење, гранчиња,
ливчиња и други работи.
За да се избегне прегревање и оштетување
на моторот, решетките за проток на
воздух за ладење треба секогаш да
се одржуваат чисти и ослободени од
остатоци при пилење и друго.
7.6 НАВРТКИ И ШРАФОВИ
ЗА ФИКСИРАЊЕ
• Одржувајте ги шрафовите и навртките
затегнати за да бидете сигурни дека
машината е секогаш безбедна за работа.
• Редовно проверувајте дали
рачките се цврсто фиксирани.
8. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
8.1 НЕЗАДОВОЛИТЕЛНО
ПОДМАЧКУВАЊЕ НА
АГОЛНИОТ ПРОДОЛЖУВАЧ
Обилно подмачкајте со маст
од обичен литиум.
Извадете го шрафот (сл. 22.А) и вметнете
маст рачно вртејќи ја оската сè додека
маста не се дистрибуира, а потоа
вратете ги шрафовите (сл. 22.A).
MK - 15