Descargar Imprimir esta página

Milwaukee MXF DH2528H Manual Original página 50

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 18
Оставајте го уредот грижливо. Не го фрлајте на подот или од
голема височина. При фрлањето на уредот тој може да
повреди други луѓе или да се оштети.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад
и не горете ги. Дистрибутерите на Milwaukee ги собираат
старите батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик
од краток спој).
За полнење на MFX заменливите батерии се користат само
MXF полначи. Не користете заменливи батерии од други
системи.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во
контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во
случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку
10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и во
батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои
содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат
краток спој.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Овој уред содржи
литиумска ќелиска батерија.
Новата или употребената батерија може да
предизвика сериозни внатрешни изгореници и
да доведе до смрт во што малку како два часа,
ако се проголта или влегува во телото. Секогаш прицврстете
го капакот на батеријата.
Ако тоа не се затвора безбедно, престанете да го користите
уредот, отстранете ги батериите и чувајте го подалеку од
деца.
Ако мислите дека батериите се проголтани или се влезени
во телото, веднаш побарајте медицинска помош.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Чеканот може да се користи за клесање и демолирање.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ТРАНСПОРТ, РАКУВАЊЕ И СКЛАДИШТЕЊЕ
Машината е тешка. Ако машината падне, има опасност од
озбилно повредување.
Машината нема точки за врзување и за подигање.
Подигнете ја машината за дополнителната дршка и ја
поставете врз адекватно транспортно средство.
При подигањето, транспортот и складирањето, осигурете ја
машината против пресвртување, паѓање или лизгање.
Пред да ја складирате машината, оставете ја да се олади.
Складирајте ја машината на чисто и суво и заштитено од
замрзнување место, коешто е недостапно за деца.
ЗАМЕНА НА АЛАТОТ
За замена на алатот види го разделот со илустрации.
Алатот за вметнување мора да биде соодветен за прифат на
алатот.
Вратилото на алатот мора да е неоштетно.
Алатот за вметнување мора да биде доволно остар за да
избегне отскокнување.
Алатот за вметнување мора да биде соодветен за
наменетата употреба.
По вметнувањето на алатот проверете дали е правилно
заклучен.
98
МАКЕДОНСКИ
ONE-KEY™
За да дознаете повеќе за функционирањето на ONE-KEY на
оваа алатка, Ве молиме прочитајте го упатството за брзо
стартување или посетете на интернет на: www.milwaukeetool.
com/one-key. Апликацијата ONE-KEY може да ја симнете на
Вашиот смартфон преку App Store или Google Play.
Дефектите предизвикани како последица електростатски
празнења водат кон прекин на bluetooth комуникацијата. Во
тој случај, контактот со bluetooth мора повторно да биде
воспоставен мануелно.
Резултатите од испитувањата ги исполнуваат нашите
минимални барања согласно EN 55014-2:2015 / EN 301489-1
V2.1.1 / EN 301489-17 V3.1.1.
Индикатор ONE-KEY™
Сино постојано
Безжичниот режим е активен и
светло
подготвен за конфигурирање преку
апликацијата ONE-KEY™.
Сино трепкачко
Алатката активно комуницира со
светло
апликацијата ONE-KEY™.
Црвено трепкачко
Алатката е заклучена поради
светло
безбедност и може да ја отклучи
операторот преку апликацијата
ONE-KEY™.
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго изложување
на батериите на високи температури или сонце (ризик од
прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење
на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C
и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКА
БАТЕРИЈА
Батериското пакување е опремено со заштита од
преоптоварување што ја штити батеријата од
преоптоварување и обезбедува долг работен век.
При екстремно висок степен на употреба, електрониката на
батеријата автоматски ја исклучува машината. За да
продолжите со работа исклучете ја машината и вклучете ја
повторно. Доколку машината не се вклучи повторно, можно е
батериското пакување да е испразнето. Тогаш тоа ќе мора
да биде наполнето во апаратот за полнење.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од
страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии. Подготовките
за шпедиција и транспорт треба да ги вршат исклучиво
соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да
биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани,
а сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени
литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Отворите за вентилација на машината мора да бидат чисти
во секое време.
Ако засвети сервисната сијаличка, машината треба да се
подмачка на соодветните точки со маст (видете ги сликите).
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да
бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Носете ракавици!
Носте штитник за уши.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Внимание – врели површини!
На оваа плочка гарантираното ниво на звучна
моќност изнесува 107 dB.
Не проголтајте ја ќелиската батерија!
Електричните апарати и батериите што се
полнат не смеат да се фрлат заедно со
домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се
собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или
кај специјализираниот трговски претставник,
каде има такви погони за рециклажа и собирни
станици.
n
Номинална брзина
V
Волти
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Regulatory Compliance Mark (RCM). Производот
ги исполнува важечките прописи.
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под
"Технички податоци" опишаниот производ е во склад со
сите релевантни прописи од регулативата 2011/65/EU
(RoHS), 2014/30/EU, 2006/42/EC, 2000/14/EC, 2005/88/EC и
следните хармонизирачки нормативни документи:
EN 60745-1 :2009+A11:2010
EN 60745-2-6:2010
EN 55014-1:2017
EN 55014-2:2015
EN 62479:2010
EN 301 489-1 V2.1.1 (2017-02)
EN 301 489-17 V3.1.1 (2017-02)
EN 300 328V2.1.1 (2016-11)
EN IEC 63000:2018
Измерено ниво на јачина на звук 104,73 dB(A)
Гарантирано ниво на јачина на звук 107 dB(A)
Несигурност K = 1,92 dB(A)
Процедурата за оценување на сообразноста согласно
2000/14/ЕЗ ќе ја најдете во прилог VI.
Notifi ed Body:
DEKRA Certifi cation B.V. (0344)
Meander 1051/P.O.Box 5185
6825 MS ARNHEIM/6802 ED ARNHEIM
Netherlands
Winnenden, 2019-09-01
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
МАКЕДОНСКИ
99

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

4681 91 02000001-999999Mxfdh2528h-0Mxfdh2528h-602