БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА ПОВЕЌЕНАМЕНСКИТЕ
ПИЛИ
1) ПОСТАПКИ ЗА СЕЧЕЊЕ
a) ОПАСНОСТ: Држете ги рацете подалеку од
областа за сечење и од сечилото. Ако двете
раце ја држат пилата, не може да бидат исечени со
сечилото.
b) Не посегнувајте под материјалот кој го
обработувате. Заштитниот механизам не може да
ве штити од сечило под работниот простор.
c) Длабочината на сечењето подесете ја на
дебелината на работниот простор. Под работниот
простор треба да се гледа помалку од цел забец на
сечилото.
d) Никогаш не држете го парчето за работа во
раце или преку нога. Обезбедете стабилна
површина за парчето за работа. Важно е да имате
стабилна потпора во текот на работа за да се намали
изложување на телото, контакт со сечивото или
загуба на контролата.
e) Фаќајте го електричниот апарат само за
изолираните рачки, кога извршувате работи
каде алатот за сечење може да дојде во контакт
со инсталации или со сопствениот кабел.
Контактот со електрична инсталација исто така
ги прави изложените метални делови на алатот
наелектризирани и може да доведе до струен удар.
f) При сечење, секогаш користете заштитна ограда
или механизам за заптита на рамни рабови. Така
ќе ја подобрите прецизноста на сечењето и ќе го
намалите ризикот од заглавување на сечилото.
g) Секогаш користете сечила со соодветна
големина и облик за отворите во вретеното
(облик на дијамант или круг). Сечилата кои не се
соодветни со хардветор за поставување на пилата,
неправилно ќе се вртат и ќе предизвикаат губење на
контрола.
h) Никогаш не користете оштетени или неисправни
запчаници или резиња за сечила. Запчаниците
и резињата за сечила се посебно дизајнирани за
вашата пила, заради оптимални перформанси и
безбедност при ракување.
2) ПРИЧИНИ ЗА ПОВРАТЕН УДАР И ПОВРЗАНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
•
Повратниот удар претставува изненадна реакција
на пробивање, удар или лошо порамнето сечило на
пилата, кој предизвикува неконтролирано мрдање
на пилата од местото на работата и подигнување кон
оној кој ракува со пилата
•
Кога сечилото ќе пробие или силно ќе удри за време
на затворање на засекот, сечилото застанува и
моторот забрзано ја води единицата кон оној кој
ракува со апаратот
•
Доколку сечилото се вовлече навнатре или не е
порамнето со површината која се сече, запците
на задниот раб на сечилото може да се забијат во
горната површина на дрвото и да предизвикаат
дигање на сечилото од засекот и отскокнување кон
оној кој ракува со алатот
•
Повратниот удар е резултат на неправилна употреба
на алатот и/или несоодветна работна постапка или
услови, а може да се избегне ако ги преземете
неопходните безбедносни мерки како што е
посочено подолу.
a) Цврсто држете ја рачката на пилата, со две
раце, и поставете ги рацете така што да можете
да го издржите повратниот удар. Телото треба
да се наоѓа од едната страна на сечилото,
а не во линија со сечилото. Повратниот удар
може да предизвика пилата да отскокне назад, но
силата на повратниот удар може да се контролира
само доколку се превземат правилните мерки на
претпазливост.
b) Кога сечилото ќе удри или доколку дојде до
прекин на сечењето од било која причина,
отпуштете го орозот и држете ја неподвижната
пила во материјалот, се додека сечилото сосема
не застане. Никогаш не се обидувајте да ја
отстраните пилата од местото каде работите или
да ја повлечете пилата наназад кога сечилото се
движи или доаѓа до повратен удар. Испитувајте
и превземете определени акции за исправање, за
да ги елеминирате причините за удар на сечилото.
Избегнувајте сечење на клинци и штрафови.
c) Кога повторно ќе ја стартувате пилата која се
наоѓа на местото каде работите, центрирајте ја
пилата во засекот и осигурајте се запците на
пилата да не влегуваат во материјалот. Доколку
сечилото удира, може да дојде до отскокнување од
местото каде се работи, или до повратен удар, кога
пилата повторно се вклучува.
d) Под големите плочи ставете потпора за да го
намалите ризикот од пробивање на сечилото и
повратен удар. Големите плочи имаат тенденција да
се виткаат под сопствената тежина. Потпората мора
да се стави под плочата, од двете страни, близу до
линијата на сечењето и близу работ на плочата.
e) Не користете тапо или оштетено сечило.
Ненаоштрени или неправилно поставени сечила
може да доведат до тесен засек и да предизвикаат
прекумерно триење, удирање на сечилото или
повратен удар.
f) Рачките за заклучување на длабочината на
сечењето и подесување на косината мора да
бидат цврсти и обезбедени, пред почетокот на
сечењето. Доколку подесувањето за сечивото се
промени за време на сечењето, може да дојде до
удирање и до повратен удар.
g) Обрнете особено внимание кога сечете со пилата
во постојни ѕидови или други слепи области.
Сечилото што произлегува може да пресече објекти
коишто предизвикуваат повратен удар.
3) ФУНКЦИЈА НА ЗАШТИТАТА
a) Проверете дали заштитата е добро затворена
пред секоја употреба. Не вклучувајте ја пилата
ако заштитата не се движи слободно и не го
опфаќа веднаш сечилото. Никогаш не стегајте
или не врзувајте ја заштитата на начин сечиво да
остане изложено. Заштитата може да се свитка ако
пилата случајно падне. Проверете дали заштитата се
движи слободно и не ги допира сечилото или некој
друг дел по сите агли и длабочини за сечење.
b) Проверете ги работата и состојбата на
повратниот повратниот федер на заштитата. Ако
заштитата и федерот не работат правилно, мора
да се сервисираат пред употребата. Заштитата
148