honor Band 6 Guia De Inicio Rapido página 33

Ocultar thumbs Ver también para Band 6:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 12
Авторски права © Honor Device Co., Ltd. 2021. Сите права се задржани.
ОВОЈ ДОКУМЕНТ Е САМО ЗА ИНФОРМАТИВНИ ЦЕЛИ И НЕ ПРЕТСТАВУВА НИКАКВА ГАРАНЦИЈА.
Трговски марки и дозволи
Зборот-марка и логоата Bluetooth
од страна на Honor Device Co., Ltd. е со лиценца.
Другите наведени трговски марки, називи на производи, услуги и компании може да се во сопственост на нивните соодветни сопственици.
Политика за приватност
За да разберете подобро како ги штитиме вашите лични информации, погледнете ја политиката за приватност на
https://www.hihonor.com/privacy-policy/worldwide/.
Детонатори и области за минирање
Исклучете го мобилниот телефон или безжичниот уред кога се наоѓате во област за минирање или во области во кои е наведено дека треба
да се исклучи „двонасочната радиокомуникација" или „електронските уреди" за да се избегнат пречки во минирањето.
Области со запаливи материјали и експлозиви
Не користете го уредот на места каде што се складираат запаливи материјали или експлозиви (на пример, на бензинска пумпа, склад за
нафта или хемиски погон). Користењето на уредот во таква средина го зголемува ризикот од експлозија или пожар. Исто така, следете ги
упатствата во форма на текст или симболи. Не чувајте го и не пренесувајте го уредот во контејнери со запаливи течности, гасови или
експлозиви.
Работа и безбедност
Користењето неодобрен или некомпатибилен адаптер за напојување, полнач или батерија може да предизвика пожар, експлозија или
друга опасност.
Идеални температури се од -10°C до +45°C.
Чувајте ги уредот и батеријата подалеку од прекумерна топлина и директна сончева светлина. Не ставајте ги на уреди за затоплување или
во уреди за затоплување, како што се микробранови печки, шпорети или радијатори. Не расклопувајте ја, не изменувајте ја, не фрлајте ја и
не гмечете ја батеријата. Не ставајте туѓи тела во неа, не потопувајте ја во течности и не изложувајте ја на надворешна сила или притисок
бидејќи тоа може да предизвика истекување, прегревање и запалување, па дури и да експлодира.
Уредот има вградена батерија што не може да се отстрани. Не обидувајте се да ја отстраните батеријата, затоа што тоа може да го оштети
уредот.
Кога го полните уредот, уверете се дека адаптерот за напојување е вклучен во лесно достапен штекер во близина на уредот.
Консултирајте се со доктор и со производителот на уредот за да определите дали работата на уредот може да влијае врз работата на
вашиот медицински уред.
Овој производ не е дизајниран да биде медицински уред и не е наменет за дијагностицирање, третман, лекување или спречување каква
било болест. Сите податоци и мерења треба да се користат само за информативна намена.
Ако забележите проблеми со кожата додека го носите уредот, извадете го и одете на доктор.
Пред полнењето, избришете ја портата за полнење за да биде сува.
Се препорачува надзор од возрасно лице ако овој производ го користат деца или доаѓаат во контакт со него.
Исклучете го безжичниот уред кога ќе се побара од вас додека сте во болници, клиники или други здравствени установи. Целта на овие
барања е да се спречи можна интерференција со чувствителна медицинска опрема.
Некои безжични уреди може да влијаат врз работата на помагалата за слушање или пејсмејкерите. Контактирајте со давателот на услугата
за повеќе информации.
Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се одржува растојание од најмалку 15 cm помеѓу уредот и пејсмејкерот за да се спречи
потенцијална интерференција со пејсмејкерот.
Ако користите пејсмејкер, држете го уредот од спротивната страна на пејсмејкерот и не носете го уредот во предниот џеб.
Почитувајте ги локалните закони и прописи додека го користите уредот. За да го намалите ризикот од незгоди, не користете го безжичниот
уред додека возите.
За да спречите оштетување на деловите од уредот или внатрешните електрични кола, не користете го во прашлива, зачадена, влажна или
нечиста околина или во близина на магнетни полиња.
Не користете го, не складирајте го и не пренесувајте го уредот на места каде што се складираат запаливи материјали или експлозиви (на
бензинска пумпа, склад за нафта или хемиски погон, на пример). Користењето на уредот во таква средина го зголемува ризикот од
експлозија или пожар.
Фрлете ги уредот, батеријата и додатоците според локалните прописи. Не треба да се фрлаат во нормалниот отпад од домаќинствата.
Неправилната употреба на батериите може да предизвика пожар, експлозија или други опасни ситуации.
Ако батеријата протече, внимавајте електролитот да не дојде во директен контакт со кожата или очите. Ако електролитот дојде во допир
со кожата или ви прсне во очите, веднаш исплакнете со чиста вода и консултирајте се со доктор.
Безжичните уреди може да му пречат на системот за летање на авионите. Не користете го уредот на места каде што не е дозволено
користење безжични уреди според прописите на авиокомпанијата.
Исклучете го безжичниот уред секогаш кога ќе се побара од вас од персоналот на аеродромот или од екипажот во авионот. Консултирајте
се со персоналот на екипажот во авионот околу користењето безжични уреди во авионот, а ако вашиот уред има „авионски режим", тој
мора да биде овозможен пред да влезете во авионот.
Уверете се дека адаптерот за напојување ги исполнува барањата од Член Q.1 во IEC62368-1/EN62368-1 и дека е тестиран и одобрен
според националните или локалните стандарди.
Заштитете го уредот за носење и неговите додатоци од силен удар, силни вибрации, гребаници и остри предмети, бидејќи тие може да го
оштетат уредот.
Уредот за носење и неговите додатоци треба да бидат чисти и суви. Не носете го уредот за носење премногу лабаво или цврсто додека
вежбате. Исчистете ги зглобот и уредот по вежбањето. Исплакнете го и исушете го уредот за да го исчистите пред да го ставите повторно.
Ако уредот за носење е направен за пливање и туширање, задолжително редовно чистете го ремчето, а зглобот и уредот нека бидат суви
пред да го ставите уредот повторно.
Користете ја радиоопремата во услови на добар прием за да го намалите степенот на прием на радијација.
Чувајте ја радиоопремата подалеку од стомакот на бремени жени.
Чувајте ја радиоопремата подалеку од долниот дел на стомакот на тинејџери.
Почитувајте ги ограничувањата на користење за одредени места (болници, авиони, сервиси, училишта...).
®
се регистрирани трговски марки во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секоја употреба на таквите марки
31

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido