Wilo -Rexa FIT Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento página 426

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 84
mk
▪ Пумпата да биде изладена на температура на
околината.
▪ Пумпата да биде темелно исчистена и (ако е
потребно) дезинфицирана.
9.5.1
Препорачани мерки за одржување
За работата да биде непречена, се препорачува
редовна контрола на потрошувачката на струја и на
работниот напон за сите три фази. При нормална
работа овие вредности не се менуваат. Можни се
лесни вибрации во зависност од својствата на
медиумот. Потрошувачката на струја може да биде
индикатор за предвремено препознавање и
отстранување на оштетувања или грешки во
функциите на работното коло, лежиштето или
моторот. Поголемите варијации на напонот ја
оптоваруваат намотката на моторот и можат да
предизвикаат расипување на пумпата. Редовната
контрола може да помогне да се избегнат големи
оштетувања како последица, а исто така опаѓа и
ризикот за тотално расипување на пумпата. За да
можете да правите редовна проверка, се
препорачува да употребите опрема за далечинско
надгледување.
9.5.2
Визуелна проверка на кабелот за поврзување
Проверете го кабелот за поврзување за:
▪ Набабрувања
▪ Пукнатини
▪ Гребаници
▪ Разлабавеност
▪ Нагмеченост
Кога ќе утврдите оштетување на кабелот за
поврзување, вендаш отстранете ја пумпата од
употреба! Заменете го кабелот за поврзување со
помош на службата за односи со корисниците.
Можете да ја вратите пумпата во работа откако ќе се
отстрани штетата од страна на стручно лице!
ВНИМАНИТЕЛНО! Во пумпата може да навлезе вода
поради оштетен кабел за поврзување!
Навлегувањето вода може води кон тотално
расипување на пумпата.
9.5.3
Визуелна проверка на опрема
Опремата треба да се провери за:
▪ Правилно прицврстување
▪ Слободна функција
▪ Знаци на трошење, на пример, исекотини поради
нишања
426
Сервисирање
Утврдените недостатоци мора веднаш да бидат
поправени или опремата да биде заменета.
9.5.4
Визуелна проверка на куќиштето за трошење
Деловите на куќиштето може да се оштетат. Доколку
утврдите дефекти, мора да се јавите во службата за
односи со корисниците!
9.5.5
Проверка на функцијата на уредите за
надгледување
За да се проверат отпорниците, пумпата мора да
биде изладена на температура на околината!
9.5.5.1 Проверете ја отпорноста на температурниот сензор
Проверете ја отпорноста на температурниот сензор
со омметар. Биметалниот сензор мора да има мерна
вредност од 0 Ohm (премин).
9.5.5.2 Проверете ја отпорноста на надворешната
електрода за надгледување на заптивна комора
Измерете ја отпорноста на електродата со омметар.
Измерената вредност мора да биде спротивна на
„бесконечност". Кај вредности од ≤ 30 kOhm значи
дека има вода во маслото, по што треба да се смени!
9.5.6
Замена на масло на заптивна комора
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Работниот материјал е под висок притисок!
Во моторот може да се создаде притисок од
повеќе бари! Притисокот се намалува кога ќе ги
отворите шрафовите за затворање. Доколку
невнимателно ги одвртите, може да се случи
силно протекување! За да избегнете повреди,
внимавајте на следниве инструкции:
• Придржувајте се до пропишаниот редослед
на работните чекори.
• Одвртувајте ги шрафовите полека и не
целосно. Штом почне да се ослободува
притисокот (ќе слушнете како се испушта
воздух), не вртете повеќе!
• Кога целосно е испуштен притисокот,
комплетно одвртете ги шрафовите.
• Носете затворени заштитни очила.
WILO SE 2019-02

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido