Milwaukee M18 FOPH-HTA Manual Original página 58

Ocultar thumbs Ver también para M18 FOPH-HTA:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 16
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
АКУМУЛАТОРСКИ НОЖИЦИ ЗА ЖИВА ОГРАДА
Производен број...................................................................
Брзина без оптоварување
Должина на сечило ..............................................................
Растојание на запци ............................................................
Капацитет на сечење ...........................................................
Агол на острење кон хоризонталата ..................................
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 ......................
Информација за бучавата/вибрациите
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите
насоки) пресметани согласно EN 60745.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично
изнесува:
Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A)) ........
Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A)) ............
Носете штитник за уши.
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите
насоки) пресметани согласно EN 60745.
Вибрациска емисиона вредност a
..................................
h
Несигурност К .................................................................
Технички податоци и одобрувања на апликациските апарати за употреба на различни погонски единици можете да
најдете во упатствата за работа на употребениот апликациски апарат.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во
EN 60335-1 / EN 50636-2-91 и може да биде употребено за меѓусебна споредба на електро-алати. Ова ниво може да
се употреби и за привремена проценка на оптоварувањето на осцилацијата.
Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се
употребува за други намени, со отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да
отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период.
За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто
апаратот е исклучен или работи, но фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на
осцилацијата за време на целиот работен период
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример:
одржување на електро-алатот и на додатоци кон електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните
процеси.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите
безбедносни упатства, инструкции, илустрации и
спецификации за овој електричен алат. Недоследно
почитување на подолу наведените упатства можe да
предизвика електричен удар, пожар и/или сериозни
повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции за во иднина.
УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА НОЖИЦИ ЗА
ЖИВА ОГРАДА
Чувајте ги деловите од телото подалеку од
ножевите. Не го отстранувајте исечениот или
материјалот кој се сече додека работат ножевите.
Ножевите продолжуваат да ротираат дури и после
исклучување на уредот. Дури и краток момент на
невнимание за време на работа може да доведе до
сериозни повреди.
Носете ги ножиците за жива ограда за рачката за
носење, кога ножевите се во мирување и внимавајте
со прстите да не го допрете прекинувачот.
Соодветното носење со ножиците за жива ограда го
намалува ризикот од повреда при случајно вклучување
на ножот.
При транспортирање или складирање на ножиците
за жива ограда, секогаш да го поставувате браникот
114
МАКЕДОНСКИ
M18 FOPH-HTA
..................... 4697 78 02...
...000001-999999
..... 0-2800 / 0-3500 min
-1
.........................508 mm
...........................25 mm
...........................25 mm
..........................2,6 kg
........................84,0 dB(A)
........................92,4 dB(A)
.......................... 3,5 m/s
2
.......................... 0,8 m/s
2
на ножот. Соодветното ракување со ножиците за жива
ограда го намалува ризикот од повреда со ножевите.
Пред да ги отстранувате остатоците од материјалот
или пред одржување, осигурајте се дека се
исклучени сите прекинувачи. Случајното активирање
на ножиците за жива ограда, при отстранување на
остатоци од материјал или во текот на одржувањето
може да резултира со сериозни повреди.
Ножиците за жива ограда секогаш да се држат за
изолираните дршки, со што сте заштитени ако ножот
дојде во контакт со скриени жици. По контакт со кабел
под напон, металните делови на ножиците за жива
ограда стануваат живи и можат да предизвикаат струен
удар на ракувачот.
Чувајте ги сите кабли за напојување подалеку од
резните површини. Кабли за напојување, скриени под
жива ограда и грмушки, можат да бидат фатени од
ножевите.
Не ги користите ножиците за жива ограда во лоши
временски услови, особено кога постои опасност од
гром. На тој начин го намалувате ризикот да удар од
гром.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА ПРОДОЛЖЕНИ
НОЖИЦИ ЗА ЖИВА ОГРАДА
За да избегнете ризик од електричен удар, никогаш
да не ги користите продолжените ножици за жива
огарада во близина на далноводи. Контактот со
далновод или близина на далновод може да предизвика
сериозни повреди или смрт.
Продолжените ножици за жива ограда секогаш да ги
држите со двете раце. Продолжените ножици за жива
ограда држете ги со двете раце, за да не ја изгубите
контролата врз уредот.
Кога работите над глава, секогаш да носите заштита
за главата. Деловите кои паѓаат можат да предизвикаат
сериозни повреди.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ
Немојте да дозволите, деца, лица со ограничена
телесна, сензорска или душевна способност или
недостаток на искуство и знаења или лице, кои што не
се запознаени со упатството за употреба, да ја користат
оваа машина. Локалните прописи може да ја ограничат
возраста на операторот.
Пред секоја работа исчистете ја работната област.
Отстранете ги сите објекти како што се кабли, светла,
жици или јажиња,, кои можатда бидат фрлени или
фатени во сечачот.
Проверете ја живата ограда да нема страни објекти,
како жичана ограда.
Никогаш да не го користите уредот во близина на
столбови, огради, згради или други неподвижни објекти.
Внимавајте на тоа дека материјалот може да биде
исфрлен, така што минувачите, децата и домашните
миленичиња мора да бидат оддалечени најмалку 15 m
од работната површина.
Не работете при лошо осветлување. На корисникот му
треба непречен поглед на работната површина за
откривање на потенцијални опасности.
Прегледајте го уредот пред секое користење. Проверете
да не има делови кои се лабави. Уверете се дека се во
ред сите заштитни уреди и дршки и дека се стегнати.
Пред користење заменете ги сите оштетени делови.
Проверете да не проетекува акумулаторот.
Не правете никакви измени на уредот.
Деца или необучени лица не смеат да го користат
уредот.
Кога го користите овој уред, носете целосна заштита за
очите и ушите. Кога работите во области каде што
постои ризик од паѓање на делови, треба да носите
заштита за главата.
Врзете ја косата одзади, така што истата ќе биде над
должината на рамениците, за да спречите косата да се
закачи на подвижните делови од машината.
Не работете со уредот ако сте изморени, болни или под
дејство на алкохол или лекови.
Секогаш обезбедете сигурна подлога и одржувајте
рамнотежа. Избегнувајте преголемо наведнување.
Преголемо наведнување може да доведе до губење на
рамнотежа.
Пред да го стартувате уредот, проверете ги ножевите да
не допираат во ништо.
Кога работите држете ги ножиците за жива ограда со
двете раце. Заземете цврста и сигурна положба.
Производителот советува да не се користат скали и
скалила. Користете продолжување ако е потребно
сечење на голема височина.
Ножевите се многу остри. Носете заштитни ракавици
што не се лизгаат кога ракувате со уредот со нож. Не
допирајте го ножот со рацете или со прстите и
внимавајте да не ги заглавите или пресечете. Никогаш
не го допирајте ножот и не го одржувајте уредот додека
акумулаторот е во него.
Не сечите низ густа грмушка со примена на сила. Тоа
може да предизвика блокирање на ножот и забавување.
Ако ножот треба да се забави, намалете ја работната
брзина.
Не обидувајте се да сечете трупци или гранки со
дијаметар поголем од 28 mm. Истото важи и за стебла
или гранки кои се очигледно преголеми за да се вклопат
меѓу ножевите.
Користете рачна или пила за гранки без мотор, за да
сечете големи гранки и стебла. Носењето на заштита за
слухот ја намалува вашата способност за слушање на
предупредувања (предупредувања или извици).
Корисникот треба целосно да се концентрира на
работниот простор.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ако машината падне, претрпи
тежок удар или почне да вибрира ненормално,
веднаш запрете ја машината и проверете за штета
или идентификувајте ја причината за вибрацијата.
Секое оштетување треба соодветно да се поправи
или замени од страна на сервисната служба на
MILWAUKEE.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Milwaukee ги
собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на
батерии од M18 систем. Не користете батерии од друг
систем.
Киселината од оштетените батериите може да истече
при екстремен напон или температури. Доколку дојдете
во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и
вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот,
коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во
течност алатката, заменливата батерија или полначот и
пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат
течности. Корозивни или електроспроводливи течности,
како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки
супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
МАКЕДОНСКИ
115

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido