OBJ_BUCH-2386-001.book Page 154 Monday, February 9, 2015 11:37 AM
154 | Македонски
За време на користењето, чистењето и
одржувањето надгледувајте ги децата. Така ќе се
осигурате дека децата нема да си играат со радиото.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
Кога не ја користите батеријата, чувајте ја
понастрана од парички, спојувалки, клучеви, шајки,
завртки и други метални предмети што можат да
направат спој од едниот до другиот пол. Краток спој
меѓу двата пола може да предизвика пожар или
изгореници.
При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Батериите полнете ги само со полначи кои се
препорачани од производителите. Доколку полначот
кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го
користите со други батерии, постои опасност од пожар.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Прочитајте ги и внимавајте на безбедносните и
работните напомени во упатството за користење на
уредите коишто ги приклучувате на радиото.
Внимавајте! При користење на радијата со Blue-
tooth® може да настане пречка на другите уреди и
системи, авиони и медицински уреди (на пр.
пејсмејкери, апаратчиња за слушање). Исто така не
може целосно да се исклучи можноста за повреда
на луѓе и животни во непосредната околина. Не го
користете радиото со Bluetooth® во близина на
медицински уреди, бензински пумпи, хемиски
системи, области со опасност од експлозија и во
близина на мински полиња. Радиото со Bluetooth® не
го користете во авиони. Избегнувајте долготрајна
употреба во директна близина на телото.
1 609 92A 12F | (9.2.15)
Ознаката со зборови Bluetooth® како и сликите
(логоата) се регистрирани трговски марки и
сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на
оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца
преку Robert Bosch GmbH.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на радиото на графичката страница.
1 Копче за вклучување-исклучување
2 Екран
3 Складиште за медиумски датотеки
4 Лост за заклучување на преградата за складирање
5 Копче за исклучување на звукот „Mute"
6 Рачка за носење
7 Копче за зголемување на гласноста/бас/висок тон
„Vol +"
8 Копче за намалување на гласноста/бас/висок тон
„Vol –"
9 Копче за подесување на времето
10 Звучник
11 12-V-приклучен конектор
12 Копче за пребарување нанапред
13 Копче за зачувување/репродукција „Preset/ "
14 Копче за пребарување наназад
15 Копче за рачно подесување на бојата на звукот „EQ"
16 Bluetooth®-копче
17 Приказ Bluetooth®-врска
18 Копче за избор на аудио извор „Source"
19 „AUX 2"-отвор
20 Фиксирање на поклопецот од преградата за батерии
(батерија за резервно напојување)
21 Поклопец од преградата за батерии (батерија за
резервно напојување)
22 Прифат за мрежниот напојувач
23 Стапчеста антена
24 Преграда за батеријата (10,8 V)
25 Прифат за батеријата (14,4/18 V)
26 „AUX 1"-отвор
27 Поклопец за преградата за складирање
28 Поклопец за преградата за медиумски датотеки
29 Фиксирање на поклопецот за преградата за
медиумски датотеки
Bosch Power Tools