услови, а може да се избегне ако ги преземете
неопходните безбедносни мерки како што е
посочено подолу.
a) Одржувајте цврст зафат на алатот и поставете ги
телото и раката на тој начин со којшто ќе си
овозможите да ја издржите силата на
повратниот удар.Ракувачот може да ја контролира
силата на повратниот удар ако ги преземе
неопходните безбедносни мерки.
b) Обрнете особено внимание кога работите кај
агли, остри рабови и слично. избегнувајте
потскокнување и потфаќање на дополнителната
опрема. Аглите, острите рабови или отскокнувањето
имаат тенденција да ја потфатат дополнителната
опрема којашто се врти и на тој начин да изгубите
контрола или да предизвикате повратен удар.
c) Не ставајте сечиво со запци на пилата. Таквите
сечива предизвикуваат чести повратни удари и
загуба на контролата.
d) Секогаш насочувајте го врвот во материјалот во
истиот правец како што страната за сечење
излегува од материјалот (што претставува
истиот правец каде што се исфрлаат деланките).
Насочувањето на алатот во погрешен правец
предизвикува страната за сечење да отскокне и да
го повлече алатот во овој правец.
e) Секогаш затегнувајте го делот што се
обработува доколку користите брусни плочи за
сечење. При мали заоблувања на рабови, овие
алати за вметнување може да се заглават во жлебот
и да предизвикаат повратен удар. Доколку брусните
плочи за сечење се заглават, вообичаено се кршат.
При заглавување на ротирачките турпии, алатите за
глодање со висока брзина или алатите за глодање
од цврст метал, алатот за вметнување може да
отскокне од жлебот и да доведе до губење на
контролата над електричниот уред.
3) БЕзБЕДНОСНи ПРЕДУПРЕДУВАЊА зА
ОПЕРАЦии СО БРУСЕЊЕ и СЕЧЕЊЕ
a) Користете само тркала што се препорачуваат за
алатот и само за препорачаната примена.На
пример: Не брусете со страната на тркалото за
сечење. Абразивните тркала за сечење се наменети
за периферално брусење. Применетите странични
сили кај овие тркала може да предизвикаат кршење.
b) за абразивни конуси со нишки и приклучоци,
користете само неоштетени вретена за тркалото
со затегнато крилце со соодветна димензија и
должина. Соодветните вретена ќе ја намалат
можноста од кршење.
c) Не „заглавувајте" го тркалото за сечење и не
применувајте прекумерен притисок. Не
обидувајте се да направите прекумерна
длабочина при сечењето. Ако вложите прекумерен
притисок врз притисокот, тоа доведува до
преоптоварување и поголема можност за
превиткување или виткање на тркалото при
сечењето, како и до можност за повратен удар или
кршење на тркалото.
d) Не поставувајте ја раката во линија или зад
ротирачкото тркало. Кога тркалото во даден
момент на работа се оддалечува од раката, можен
повратен удар може да ги придвижи ротирачкото
тркало и алатот директно кон вас.
e) Доколку се заглави или блокира брусната плоча
за сечење или Вие ја прекинете работата,
исклучете го уредот и држете го мирно, додека
плочата не дојде во состојба на мирување. Не се
обидувајте никогаш, брусната плоча за сечење
што се врти да ја вадите од резот, бидејќи може
да настане повратен удар. Откријте ја причината
за заглавување или блокирање и преземете ги
соодветните мерки.
f) Не започнувајте ја работата со сечење во самиот
предмет за работа. Оставете тркалото да
постигне полна брзина и внимателно навлезете
во линијата за сечење. Тркалото може да се
свитка, да се откачи или да предизвика повратен
удар ако алатот се вклучува во самиот предмет за
работа.
g) Потпрете ги панелите или преголемите предмети
за работа за да го сведете ризикот од
потфаќање на тркалото или од повратен удар на
минимум. Големите предмети за работа се виткаат
заради нивната тежина. Потпорите мора да се
постават под предметот за работа близу линијата за
сечење и близу работ на предметот за работа од
двете страни на тркалото.
h) Обрнете особено внимание кога правите „џебен
засек" во постојни ѕидови или други слепи
области. При навлегување, тркалото може да ги
пресече цевките за плин или вода, електричната
инсталација или да наиде на предмети коишто ќе
предизвикаат повратен удар.
4) БЕзБЕДНОСНи ПРЕДУПРЕДУВАЊА зА
ОПЕРАЦииТЕ СО ЧЕТКАЊЕ
a) имајте предвид дека челичните жици се
откинуваат од четката и при обична работа. Не
применувајте прекумерна сила врз жиците со
примена на прекумерен притисок врз четката.
Челичните жици може лесно да навлезат во
облеката и/или кожата.
b) Оставете четките да работата со работната
брзина барем една минута пред да ги користите.
Никој не смее да стои пред или во иста линија со
четката додека работи на празно. Разлабавените
боцки или жици може да се исфрлаат додека алатот
работи на празно.
c) Насочете ја четката подалеку од вас додека се
врти. Ќе се исфрлаат ситни честички и мали жички
заради големата брзина додека ги користите овие
четки и истите може да ви навлезат во кожата.
ОПШТи
• Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
• Овој електричен алат треба да го користите само за
работа без употреба на вода
• Обезбедете се алатот да е исклучен од струја
пред да вршите било какво подесување или
замена на приборот
ПРиБОР
• SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
• Исклучиво користете прибор кој е препорачан од SKIL
147