Descargar Imprimir esta página

Milwaukee 48-08-0260 Manual Del Usuario página 90

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 39
MK
Генерални мерки на претпазливост
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите упатства.
Недоследно почитување на подолу наведените упатства можат
да предизвикаат електричен удар, запалување и/или сериозни
повреди.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за употреба.
Терминот ,, електричен алат,, кај сите предупредувања наведени
подолу, се однесува на вашите работни средства (приклучен) алат
на струја или алат (без кабел) кој функционира на батерија.
1) Зона за работа
а) Одржувајте ја зоната за работа чиста и добро осветлена.
Нечиста и темна зона значи можност за несреќи.
б) Не ги користете електричните алати во експлозивна
атмосфера, како во присуство на запалливи течности,
гасови или прав. Генерални мерки на претпазливост.
Електричните апарати создаваат искри кои можат да направат
прав или чад.
в) Држете ги децата и случајните поминувачи на растојаните
додека работите со електричниот алат. Одвлекување на
вашето внимание може да предизвика губење на контролата.
2) Електрична безбедност
а) Приклучоците за електричниот алат мора да одговараат на
изворниот приклучок. Никогаш не правете модификации
на приклучокот. Не користете адаптери на приклучокот
кај електрични алати со заземјување. Немодифицирани
приклучоци и соодветни извори ќе го намалат ризикот од
електричен удар.
б) Избегнувајте контакт на телото со заземјени или површини
како што се цевки, радијатори, ланци и фрижидери. Постои
зголемен ризик од електричен удар доколку вашето тело е
заземјено.
в) Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влага.
Навлегување на влага во електричниот алат ќе го зголеми
ризикот од струен удар.
г) Не го преоптоварувајте кабелот. Никогаш не го користете за
носење, влечење или исклучување на електричниот алат.
Чувајте го кабелот настрана од топлина, уље, остри рабови
или делови кои се движат. Оштетените или напукнати кабли го
зголемуваат ризикот од електричен удар.
д) При ракување со алат на отворено, користете продолжен
кабел наменет за употреба на отворено. Користење на ваков
соодветен кабел го намалува ризикот од електричен удар.
ѓ) Доколку е неизбежно работењето со електричен алат
на влажно место, користете безбеден приклучок за
напојување со струја. Користењето на безбеден прикључок за
напојување го намалува ризикот од струен удар.
3) Лична безбедност
а) Бидете постојано внимателни, гледајте што правите и
користете здрав разум кога работите со електричните
алати. Не користете електирчен алат кога сте изморени или
под дејство на дрога, алкохол или лекови. Момент на мало
невнимание за време на работата со електрични апарати може
да резултира со ваша сериозна повреда.
б) Користете сигурносна опрема. Секогаш носете заштита
за очи. Сигурносната опрема како маска против прашина,
сигурносни чевли кои не се лизгаат, шлем, или заштита за
ушите, користени во конкретни услови ќе ги намалат вашите
повреди.
в) Избегнувајте ненамерно стартување. Проверета дали
прекинувачот е во позиција OFF- исклучено, пред да
го вклучите алатот. Носењето на електричните алати кога
имате потавено прст врз прекинувачот или вклучување на
електричните апарати кога прекинувачот е во позиција ON-
вклучено, значат потенцијална несреќа.
г) Тргнете каков и да е клуч или стега пред да го пуштите
алатот. Стега или клуч оставени закачени на ротирачкиот дел на
електричниот алат можат да предизвикаат ваша повреда.
д) Не се просегнувајте. Држете постојана рамнотежа и
поставеност на нозете. Ова овозможува подобра контрола над
електричниот алат во непредвидливи ситуации.
289 971 - MIL-SIC-Rev 2009-10.indd 30
289 971 - MIL-SIC-Rev 2009-10.indd 30
ѓ) Облечете се соодветно. Не носете широка облека или
накит. Држете ја вашата коса, облека и ракавици настрана
од деловите кои се движат. Широката облека, накит или долга
коса можат да бидат фатени од овие делови.
е) Дококу направите се со изводен приклучок за прав и дел
за собирање на отпадоци, осигурете се дека истите се
поврзани и се користат соодветно. Користењето на овие
направи може да ги намали дефектите поврзни со прашина.
4) Електрични алати користење и употреба
а) Не го преоптоварувајте електичниот алат. Користете
електричен алат соодветен за намената. Правилно
одбраниот електричен алат ќе ја заврши подобро и побезбедно
работата за која е наменет, т.е дизајниран.
б) Не користете електричен алат кој има неисправен
прекинувач (кој не вклучува / не исклучува). Било кој
електричен алат кој не може да биде контролиран преку
прекинувач е опасен и мора да биде поправен.
в) Исклучете го напојувањето од изворот пред да правите
какви и да се поправки, штелувања, промена на
дополнителна опрема или чување на електричните алати.
Вакви превентивни мерки на претпазливост го намалуваат
ризикот од несакано вклучување на електричниот алат.
г) Кога не ги користите чувајте ги електрични алати надвор од
досегот на децата и не дозволувајте им на други луѓе кои не
знаат да ракуваат со електричен алат или не го прочитале
ова упатство за употреба да работат со електричниот
алат. Електричните алати се опасни во рацете на неискусни,
необучени корисници.
д) Одржувајте ги електричните алати. Проверувајте ги
движечките делови да не се искривени, свиткани,
скршени или во некоја друга состојба која може да влијае
на правилната работа на електричниот алат. Доколку
постојат оштетувања, поправете ги пред да го користите
електричниот алат. Многу несреќи се предизвикани токму од
лошо одржување на електричните алати.
ѓ) Одржувајте ги алатите за сечење наострени и чисти.
Соодветно одржувани алати за сечење со остри сечила, се
помалку подложни на свиткување и се полесни за контрола.
е) Користете го електричниот алат, додатоците, деловите
за алатот итн. согласно овие упатства и начинот наменет
за конкретен тип електричен алат, земајќи ги при тоа
предвид работните услови и работата која треба да
биде спроведена. Користењето на електричниот апарат за
изведување на операции кои се различни од намената на
употреба може да резултира со несреќни ситуации.
5) Употреба и одржување на алати на батерии
а) Полнете ја батеријата само со полнач препорачан од
производителот. Полнач кој е погоден за еден тип на
батерија, употребан кај друг тип батреија може да предизвика
запалување.
б) Користете електрични апарати само со специфично
дизајнирани пакувања батерии. Користење на други батерии
може да предизвика запалување и повреда.
в) Кога батеријата не се употребува, држете ја подалеку од
други метални објекти како спајалици, метални монети,
клучеви, нокти, шрафови или други мали метални објекти
кои можат да направат спој од едниот на другиот крај.
Спојување на завршетоците на батеријата заедно може да
предизвика изгореници и пожар.
г) Во усови на преоптовареност, може да биде исфрлена
течнот од батериите; избегнувајте контакт. Доколку дојде
до несакан контакт, измијте со млаз вода. Доколку дојде во
контакт со очите, побарајте дополнително и медицинска
помош. Течноста од батеријата може да предизвика иритација
или изгореници.
6) Сервисирање
а) Сервисирајте го вашиот електричен алат кај луѓе
квалификувани за такви поправки користејќи при тоа само
идентични заменски делови. Ова ќе обезбеди одржување на
сигурноста на електричниот алат.
16.10.2009 12:28:17
16.10.2009 12:28:17

Publicidad

loading