Descargar Imprimir esta página

Skil F0150780 Serie Manual Original página 184

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 62
- кога "пресекувате", за да одржите целосна
контрола, отпуштете го притисокот за сечење при
крајот на пресекувањето без да го олабавите
зафатот на држачите на пилата
! не дозволувајте синџирот да ја допре земјата
- по завршување на пресекот, почекајте синџирот
на пилата да застане пред да ја поместите пилата
- секогаш исклучувајте го моторот пред да се
движите од дрво до дрво
• Соборување дрва &
! моторната пила може да се користи само за
соборување дрва чијшто дијаметар е помал од
должината на лостот
! обезбедете ја работната средина; обезбедете
да нема луѓе во близината на дрвото кога ќе
паѓа
! никогаш не обидувајте се да ја ослободите
заглавената пила додека работи моторот;
користете дрвени клинови за да ги
ослободите синџирот и лостот
! секогаш носете цврст шлем за да ја заштитите
главата од гранките што паѓаат
ПРЕД СОБОРУВАЊЕ:
- кога сечењето и соборувањето дрва го
извршуваат две или повеќе лица истовремено,
соборувањето треба да се раздвои од сечењето
на растојание коешто е најмалку двапати
поголемо од висината на дрвото што ќе се собори
- дрвата не смее да се соборуваат ако може да ги
загрозат луѓето, да удрат во објект или да
предизвикаат материјална штета (ако дрвото удри
во производствена линија, компанијата треба
веднаш да се извести)
- операторот со моторна пила треба да стои на
повисоката страна на теренот бидејќи дрвото ќе
се отркала или лизне надолу откако ќе се собори
- неопходно е да се испланира и расчисти патека за
излез пред да започне сечењето (патеката за
излез треба да се протега одзади и дијагонално
зад очекуваната линија на соборување) &a
- пред да започне соборувањето, проценете ги
природната закосеност на дрвото, локацијата на
поголемите гранки и правецот на ветерот за да
процените на која страна ќе падне дрвото
- тргнете ги нечистотиите, корите од дрвјата,
клинците, спојувалки и жици од дрвото
ПОСТАПКА НА СОБОРУВАЊЕ:
- направете жлеб (1 – 2) до 1/3 од дијаметарот на
дрвото, вертикално во правецот на паѓањето како
што е прикажано &б
- прво направете го долниот хоризонтален жлеб
(така ќе помогнете да се избегне зафаќање на
синџирот или на лостот кога ќе се прави вториот
засек)
- направете го засекот за соборување (3) барем 50
мм повисоко од хоризонталниот засек (одржете го
засекот за соборување паралелен со
хоризонталниот засек) &b
- направете го засекот за соборување така што ќе
остане доволно дрво што ќе послужи како стожер
(стожерот го одвраќа дрвото од вртење и паѓање
во погрешен правец. Не пресекувајте го стожерот)
- кога соборувањето ќе дојде близу до стожерот,
дрвото треба да почне да паѓа
- ако постои каква било можност дрвото да не
падне во саканата насока или ако се поврати
наназад и го заврзе синџирот, престанете со
сечење пред да го завршите засекот за
соборување и употребете дрвени, пластични или
алуминиумски клинови за да го отворите засекот
и да го соборите дрвото во саканата линија на
паѓање &в
- кога дрвото ќе започне да паѓа, извадете ја пилата
од засекот, исклучете го моторот, спуштете ја
пилата и потоа повлечете се по испланираната
патека (внимавајте на гранките што ќе паѓаат
наоколу и внимавајте каде газите)
• Кастрење дрво *
Кастрењето е отстранување гранки од паднато дрво
- при кастрењето, оставете ги поголемите гранки
одоздола како потпора на трупецот врз земјата
- тргнете ги малите гранки со еден засек како што е
прикажано на сликата
- затегнатите гранки треба да се сечат одоздола
нагоре за да се избегне заплеткување на пилата
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
• Секогаш исклучете го приклучокот од
напојување пред чистење и/или одржување
• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење W 2)
- исчистете го извалканото пластично куќиште на
пилата со мека четка и чиста крпа (не користете
вода, растворувачи и политура)
- извадете и исчеткајте ги плочата на капакот,
синџирот и лостот по 1 до 3 часа работа
- исчистете ја областа под капакот, запченикот на
погонот и лостот со мека четка и чиста крпа
- исчистете го испустот за масло со чиста крпа
• Редовно проверувајте дали има очигледни дефекти
како разлабавени, изместени или оштетени синџир и
лост, разлабавени стеги и изабени или оштетени
делови
• Спроведете ги неопходните постапки за одржување
и поправка пред да работите со пилата
• Правилната работа на автоматскиот подмачкувач
може да се провери ако ја вклучите пилата и го
насочите врвот на лостот кон парче картон или
хартија на земјата
! не допирајте ја земјата со синџирот
(обезбедете безбедно растојание од 20 цм)
- ако има растечка дамка со масло, автоматскиот
подмачкувач работи правилно
- ако нема дамка со масло и покрај тоа што
резервоарот полн, погледнете во "РЕШАВАЊЕ
ПРОБЛЕМИ" или контактирајте со застапникот
• Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
184

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

0780