Одржување и нега
времетраењето на користење на
акумулаторската батерија.
■
За оптимизација на капацитетот на косење
се препорачува често косење на тревата,
поставување на повисока висина на
сечење и движење на уредот со брзина на
чекорење.
НАПОМЕНА За да се продолжи времето
на користење може да се купи дополнителна
акумулаторска батерија.
Совети за косење
■
Рамномерна висина на косење 3–5 см, да
не се откосува повеќе од половината на
висината на тревата.
■
Не ја преоптоварувајте косачката за
трева! Ако значително опадне бројот на
вртежи на моторот поради долга, тешка
трева, зголемете ја висината на косење и
косете повеќе пати.
■
Ветерот и сонцето може да ја исушат
тревата по косењето па затоа косете
доцна попладне.
9 ОДРЖУВАЊЕ И НЕГА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
исеченици. Опасност од исеченици при
фаќање на остри и самодвижечки делови од
уредот како и во алатките за сечење.
■
Пред одржување, нега и чистење секогаш
исклучете го уредот. Отстранете ги
акумулаторските батерии.
■
При работи на одржување, нега и чистење
носете секогаш заштитни ракавици.
9.1
Редовни активности на одржување
■
Погрижете се сите навртки, завртки и
болцни да бидат цврсто затегнати и
уредот да биде во добра работна
состојба.
■
Редовно проверувајте ја корпата за
собирање на трева за функционалност и
истрошеност.
9.2
Чистење на уредот и алатката за
косење
ВНИМАНИЕ! Опасност од вода. Водата во
уредот доведува до кратки споеви и
уништување на електричните компоненти.
■
Не го прскајте уредот со вода.
■
За чистење користете исклучиво метличка
или четка.
495504_a
1. Запрете го моторот.
2. Извадете ги акумулаторските батерии.
3. Откачете ја корпата за собирање трева.
4. Превртете го уредот и исчистете ја
алатката за косење.
9.3
Контролирање и замена на ножот за
сечење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Тешки повреди
од исфрлени делови од ножот. Истрошен,
испукан нож за сечење може да се скрши а
неговите делови може да се претворат во
опасни куршуми.
■
Контролирајте го ножот за сечење
редовно за оштетувања.
■
Не ја користете косачката за трева ако
ножот за сечење е истрошен или оштетен.
■
Иступавени или оштетени ножеви за
сечење да се наострат/заменат само во
сервисен центар на AL-KO или овластена
специјализирана компанија.
■
За да се избегнат вибрации, ножот за
сечење и шрафот на ножот секогаш мора
заедно да се заменуваат.
■
Наострените ножеви за сечење мора да се
центрираат. Неурамнотежен нож за
сечење води кон силни вибрации и го
оштетува уредот.
9.4
Регулирање на сајлата за
повлекување на погонот на тркала
(17)
Сајлата за повлекување на погонот на тркала
се издолжува со тек на време. Ако погонот на
тркала не се вклучува повеќе додека работи
моторот, сајлата за повлекување многу се
олабавила и мора да се затегне.
ВНИМАНИЕ! Опасност од повреда.
Остри и самодвижечки делови од уредот (на
пр. нож за сечење) како и ненадејно
стартувана косачка за трева може да доведат
до повреди.
■
Сајлата за повлекување се регулира само
при исклучен мотор и запрена алатка за
косење.
1. Исклучете го струјното напојување и
извадете ги акумулаторските батерии
(види Поглавје 6.3 "Вклучување и
исклучување на струјното напојување на
алатката за косење (06)", страна 477).
MK
481