– Неправилна употреба како
возило за влечење
Однесување
• Секогаш држете ги рацете и нозете
подалеку од уредот со сечивото,
особено при палење на моторот и
додека работите со машината.
• Внимание: делот со сечивото
продолжува да се врти уште неколку
секунди откако ќе се исклучи или
откако ќе го изгаснете моторот.
• Не ставајте повеќе од еден уред со
сечиво на плочата бидејќи уредот со
ротирачко сечиво може да ја попречи
ротацијата на другото сечиво.
• Исклучете ги уредот со сечивото или
приклучното вратило и донесете го уредот
со сечивото во највисока позиција.
– При менување на локацијата на работа
– При преминување на терени
каде нема трева
•
Во случај на дефект или инциденти
во текот на работата, веднаш исклучете
го моторот и оддалечете ја машината
внимавајќи да не предизвикате други
оштетувања. Во случај на инцидент со
лична повреда или повреда на трето
лице, пристапете веднаш кон постапката
за давање најсоодветна прва помош
за дадената состојба и обратете се во
соодветен центар за здравствена заштита
за неопходно лекување. Отстранете
ги темелно сите остатоци од косењето
што може да предизвикаат дефект
или повреди на лица или животни ако
останат незабележано во машината.
Ограничување при употреба
• Никогаш не користете ја машината
со оштетена заштита, ако истата ја
нема или не е правилно поставена.
• Не исклучувајте, дезактивирајте,
вадете ги манометарот и поставените
безбедносни системи/микропрекинувачи.
2.4 ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛАГАЊЕ
И ТРАНСПОРТ
Редовно одржувајте и правилно одложете
ја машината за да ја одржите безбедноста
на машината и нивото на работа.
Никогаш не користете ја машината
со користени или оштетени делови.
Оштетените или дефектните делови
треба да се заменат, никогаш да не се
поправаат. Користете само оригинални
резервни делови: употребата на
делови коишто не се оригинални и/или
несоодветно поставени може да доведат
до инциденти или лични повреди, а
со тоа се ослободува производителот
од секоја обврска или одговорност.
Одржување
• Во текот на операциите за регулирање
на машината, обрнете внимание и
избегнувајте прстите да ви се наоѓаат
заглавени во уредот со сечивото во
движење и фиксните делови на машината.
Одлагање
• За намалување на ризикот од оган,
не оставајте полни контејнери
во затворен простор.
Движење и транспорт
• Ако машината треба да се транспортира
на камион или во приколка, употребете
пречки за отпор, по должина и ширина.
• Кога ја носите машината со возило:
– Носете ја машината без можност да се
вклучи, ангажирајќи соодветен број лица;
– Поставете ја на начин да не
претставува опасност за никого.
– Цврсто блокирајте ја во текот на
транспортот со јажиња или синџири
за да избегнете превртување
со можно оштетување.
2.5 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина
треба да се извршува релевантно и
приоритетно при употреба на машината
во корист на граѓанските погодности
и на просторот во кој живееме.
• Избегнувајте појава на елементи
што го нарушуваат непосредното
опкружување. Користете ја машината
само во разумно време (не многу
рано наутро и доцна навечер кога
може да ги вознемирите луѓето).
• Доследно следете ги локалните закони
за фрлање на амбалажата, маслата,
горивото, акумулаторот, филтрите, делови
во распаѓање или какви било елементи со
штетно влијание врз животната средина.
Овие отпадоци не смее да се фрлаат во
ѓубре туку треба да се селектираат и
однесат во соодветни собирни центри
кои рециклираат материјали.
• При исфрлање од употреба, не оставајте
ја машината каде било во природата,
туку предајте ја во собирен центар во
согласност со важечките локални закони.
MK - 3