Skil F0159412 Serie Manual Original página 156

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 51
c) Кога тркалото се витка или кога прекинувате
со сечење од која било причина, исклучете
го алатот и држете го без да го поместувате
додека тркалото не застане сосема. Никогаш не
обидувајте се да го извадите тркалото за сечење
додека се движи, во спротивно може да дојде до
повратен удар. Проверете и преземете корективни
дејства за да исклучите причина за виткање на
тркалото.
d) Не започнувајте ја работата со сечење во
самиот предмет за работа. Оставете тркалото да
постигне полна брзина и внимателно навлезете
во линијата за сечење. Тркалото може да се свитка,
да се откачи или да предизвика повратен удар ако
алатот се вклучува во самиот предмет за работа.
e) Потпрете ги панелите или преголемите предмети
за работа за да го сведете ризикот од потфаќање
на тркалото или од повратен удар на минимум.
Големите предмети за работа се виткаат заради
нивната тежина. Потпорите мора да се постават под
предметот за работа близу линијата за сечење и
близу работ на предметот за работа од двете страни
на тркалото.
f) Обрнете особено внимание кога правите „џебен
засек" во постојни ѕидови или други слепи
области. При навлегување, тркалото може да ги
пресече цевките за плин или вода, електричната
инсталација или да наиде на предмети коишто ќе
предизвикаат повратен удар.
5) БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
ОПЕРАЦИИТЕ СО ПЕСКАРЕЊЕ
a) При пескарење, не користете преголеми дискови
од хартија за пескарење. Следете ги препораките
на производителот кога избирате хартија за
пескарење. Поголема хартија за пескарење којашто
излегува од подлошката за пескарење претставува
опасност од кинење и може да предизвика гужвање,
откинување на дискот или повратен удар.
6) БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
ОПЕРАЦИИТЕ СО ЧЕТКАЊЕ
a) Имајте предвид дека челичните жици се
откинуваат од четката и при обична работа. Не
применувајте прекумерна сила врз жиците со
примена на прекумерен притисок врз четката.
Челичните жици може лесно да навлезат во
облеката и/или кожата.
b) Ако се препорачува заштита при четкањето,
не дозволувајте взаемен допир на тркалото
со жици или на четката со заштитата. Тркалото
со жици или четката може да се прошират во
дијаметарот заради оптоварувањето во работата или
заради центрифугалните сили.
ДОПОЛНИТЕЛНИ УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
ОПШТИ
Овој алат не е соодветен за мокро брусење/сечење
Користете го овој алат само за полирање
Користете ги исклучиво рабовите кои сте ги добиле
со овој алат
Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
Обезбедете се алатот да е исклучен од струја
пред да вршите било какво подесување или
замена на приборот
ПРИБОР
SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен соодветен прибор кој може да се набаво во
сите SKIL продавници
Користете само дискови за брусење/сечење
со максимална дебелина од 8 мм и со отвор за
осовината од 22 мм
За поставување и користење на приборите кои не се
SKIL погледнете го упатството на производителот
Не користете редуктори или апарати за да ги ставите
дисковите за стругање или сечење со преголем
отвор
Никогаш не користете прибор со отвор на "слепи"
навивки помали од М14 х 21мм
Внимателно ракувајте со дисковите за брусење и
сечење и чувајте ги за да избегнете оштетувања
КОРИСТЕЊЕ НА ОТВОРЕНО
Приклучете го електричниот алат со помош на
автоматскиот прекинувач за излегување на струјата
(F) посилно од 30 mA
ПРЕД УПОТРЕБА
Пред првото користење на електричниот алат, се
препорачува да добиете практични информации
Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот
Секогаш поставувајте ги дополнителната рачка E
2 и заштитата F 2 ; никогаш не користете го алатот
без нив
Користете соодветни детектори за наоѓање на
скриени инсталации или повикајте соодветна
компанија за помош (контактот со електричните
линии може да доведе до струен удар; оштетувањата
во гасоводна цевка може да резултира со експлозија;
пенетрирање во водоводна инсталација може да
доведе до оштета на предмети или електричен удар)
Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со прашината
или нејзиното вдишување може да шредизвика
алергии и/или болести на дишните органи за оној
кој работи со алатот или луѓето во близина); носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Некои видови на прашина се канцерогени (како
на пример прашината од даб или бука), особено
заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
Бидете внимателни при острење на утор, особено
на носечките ѕидови (уторите на носечките ѕидови
се во склад со прописите на одредени држави; овие
прописи задолжително треба да се прегледаат)
Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
Немојте да го прицврстувате електричниот алат во
менгеме
Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
156

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

9412

Tabla de contenido