mk
4.1.3
Систем за ладење
4.1.4
Заптивање
4.1.5
Материјал
4.2
Уреди за надгледување
642
Опис на производот
Моторот има активен систем за ладење. За да се лади, моторот се полни со
медицинско бело масло. Постојаната циркулација на разладното средство се
прави со работно коло. Работното коло се придвижува од вратилото на моторот.
Вишокот топлина директно се пренесува на медиумот преку разладна фланжа.
Самиот систем за ладење е без притисок.
Транспортот на медиуми и моторот се заптиваат со две механички заптивки.
Распоредот на двете механички заптивки се прави на два различни начини:
▪ Изведба „G": две одделни механички заптивки
▪ Изведба „K": Две механички заптивки во една касета блок-заптивки од
нерѓосувачки челик
Заптивната комора помеѓу лизгачките механички заптивки е наполнета со
медицинско бело масло и апсорбира секакво можно протекување на медиумот
низ механичката заптивка.
Во стандардна изведба се применуваат следните материјали:
▪ Куќиште на пумпа: EN-GJL-250 (ASTM A48 Class 35/40B)
▪ Работно коло: EN-GJL-250 (ASTM A48 Class 35/40B)
▪ Куќиште на мотор: EN-GJL-250 (ASTM A48 Class 35/40B)
▪ Заптивање:
– Од страната на моторот: SiC/SiC
– На страна на медиумот: SiC/SiC
– Статичка: NBR (Nitril)
Точните податоци за материјалите се дадени во соодветните конфигурации.
Преглед на можните уреди за надгледување:
Внатрешни уреди за надгледување
Просторија на моторот
Намотка на мотор
Лежиште на мотор
Заптивна комора
Надворешни уреди за надгледување
Заптивна комора
Легенда: − = нема на располагање/можно е, o = изборно, • = во стандардна
изведба
Сите уреди за надгледување на располагање мора секогаш да бидат
приклучени!
Надгледување на просторијата на моторот
Надгледувањето на просторијата на моторот ја штити намотката на моторот од
краток спој. Влагата се открива преку електрода.
Надгледување на намотката на моторот
Термичкото надгледување на моторот ја штити намотката на моторот од
прегревање. Во стандардна изведба се вградува ограничување на температурата
со помош на биметален сензор.
Како опција температурата може да се регистрира со PTC-сензор. Освен тоа,
термичкото надгледување на моторот може да се изведе и како регулирање на
температурата. На тој начин е возможно регистрирање на две температури. Кога
ќе се достигне пониската температура, по ладењето моторот може автоматски да
се вклучи повторно. Кога ќе се достигне висока температура, прво мора да се
направи исклучување и ќе се постави блокада од повторно вклучување.
Внатрешно надгледување на заптивната комора
Оваа заптивна комора е опремена со внатрешна електрода за заварување.
Електродата регистрира навлегување на медиум преку лизгачката механичка
заптивка од страната на медиумот. Преку управувањето на пумпа може да се
вклучи аларм или да следува исклучување на пумпата.
FK 17.1
FK 202
FK 34
−
−
•
•
•
•
−
−
o
−
−
•
o
o
o
FK 42
•
•
o
•
o
WILO SE 2019-01