БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА БРУСИЛКА
ОПШТИ
•
Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
•
Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
•
Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;
замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
Овој алат не е соодветен за брусење во влажна
•
средина
•
Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со прашината
или нејзиното вдишување може да шредизвика
алергии и/или болести на дишните органи за оној
кој работи со алатот или луѓето во близина); носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Некои видови на прашина се канцерогени (како
•
на пример прашината од даб или бука), особено
заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
•
Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
•
Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
•
При брусење на метал доаѓа до појава на искри; не
користете кесата за прашина а останатите лица и
запалливи материјали треба да се наоѓаат подалеку
од местото каде се работи
•
Редовно чистете ги отворите за вентилација на
алатот (вентилаторот на моторот вовлекува прашина
во куќиштето, а прекумерната акумулација на
иситнет метал може да предизвика електричен удар)
•
Обезбедете се алатот да е исклучен од струја
пред да вршите било какво подесување или
замена на приборот
ПРИБОР
•
SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
•
Не користете истрошена, изабена или многу
зачепена брусна хартија
ПРЕД УПОТРЕБА
•
Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот
•
Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
•
Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
•
Нивото на бучава додека работите може да изнесува
повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите
•
Носете заштитни ракавици, заштитни очила, тесна
облека и заштита за коса (доколку имате долга коса)
•
Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на
алатот кои се движат; кабелот држете го на задната
страна, на страна од алатот
•
Не допирајте ја брусната хартија која се движи
•
Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
•
Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
ПО УПОТРЕБА
•
Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го
моторот и проверете дали сите подвижни делови се
застанати
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
5 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
•
Поставување на брусната хартија 6
! извлечете го приклучокот ако кабелот
- доколку е потребно, најпрво исчистете го
потпорното перниче
! перфорацијата на брусната хартија треба да е
соодветна на перфорацијата на брусната плоча
! за вшмукување на прашина е потребна
перфорирана брусна хартија
! целосната површина за брусење треба да
биде прекриена со брусна хартија кога ќе го
користите алатот
! навремено заменете ја истрошената брусна
хартија
•
Прекинувач за вклучување/исклучување
- алатот вклучете/исклучете го со поместување на
прекинувачот A 2 напред/назад
! алатот треба да го вклучите пред брусната
површина да го допре местото каде ќе
работите
! уредот треба да се подигне од работната
површина пред тој да биде исклучен
•
Вшмукување прашина 7
! редовно празнете ја кесата за прашина B за
оптимално собирање на прашина
- извадете ја кесата за прашина B со притискање на
копчето C и задржете го во таа позиција додека ја
влечете кесата наназад
- поставете ја кесата за прашина B со лизгање
во нејзиното место додека не слушнете звук на
кликнување
- кога треба да ја користите правосмукалката,
извадете ја кесата за прашина B и поставете ја
правосмукалката на поврзувањето D
! не користете ја кесата за прашина/
правосмукалката за собирање прашина кога
брусите метал
•
Контрола на брзината (7348)
За оптимални резултати на стругање на различни
материјали
- со тркалцето E 2 можете да ја подесите саканата
брзина на брусењето
- прилагодете ја брзината со рапавоста која се
користи
- пред да започнете со работа, најдете ја
оптималната брзина и големина на решетката со
тестирање врз непотребен материјал
89