ВАЖНО
Користете ги дадените
податоци за идентификација секојпат кога
контактирате со овластен центар.
ВАЖНО
Примерот за изјавата за усогласеност
се наоѓа на последната страница во упатството.
3.4
ГЛАВНИ ДЕЛОВИ
Машината се состои од следните главни делови коишто
соодветствуваат на следните функции (сл.1.0):
A.
Шасија: куќиште што го содржи
уредот со ротирачкото сечиво.
B.
Моторот: ги придвижува сечилата и
влечната сила на тркалата (доколку има).
Уред со сечивото: соодветен
C.
елемент за косење на тревата.
D.
Обезбедувачот за задно исфрлање:
е безбедносен уред којшто спречува
собраните предмети од сечилото да
се исфрлат далеку од машината.
E.
Обезбедувачот за странично исфрлање
(доколку има): е безбедносен уред којшто
спречува собраните предмети од сечилото
да се исфрлат далеку од машината.
F.
Каналот за странично исфрлање (доколку
има): освен што служи за странично
исфрлање трева на земјата, исто така
претставува и безбедносен елемент, којшто
спречува собраните предмети од сечилото
да се исфрлат далеку од машината.
G.
Корпата за трева: освен што служи за
собирање на искосена трева, исто така
претставува и безбедносен елемент, којшто
спречува собраните предмети од сечилото
да се исфрлат далеку од машината.
H.
Рачка: местото за работа на операторот.
Нејзината должина овозможува операторот
секогаш да го одржува безбедното
растојание од уредот со ротирачкото
сечиво во текот на работата.
I.
Батерија (ако не се доставува со машината,
погледнете го поглавјето 15 „Дополнителна
опрема на барање"): обезбедува енергија
за стартување на моторот; неговите
спецификации и правила за користење се
опишани во специјалниот прирачник.
J.
Рачка за операторот: оваа рачка е
наменета за управување на машината,
сечилата и погонот. Моторот автоматски
се гасне со пуштање на двете рачки.
K.
Рачка за вклучување на погонот: оваа
рачка е наменета за активирање на погонот на
тркала, и за движење на машината нанапред.
L.
Вратичка за пристап до
одделот за батеријата
M.
Безбедносен клуч (уред за
дезактивирање): Клучот го активира /
дезактивира електричното коло на машината.
N.
Полнач за батерија (ако не се доставува
со машината, погледнете го поглавјето 15
„Дополнителна опрема на барање"): уред што
се користи за полнење на акумулаторот.
4.
МОНТАЖА
Правилата за безбедност што треба да се
почитуваат се опишани во погл. 2. Строго придржувајте
се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици
или опасности.
За потребите на складирање и транспорт, одредени
компоненти на машината не се монтирани во
фабриката, туку треба да се монтираат по вадење на
амбалажата следејќи. Следете ги упатствата подолу.
Распакувањето и целата монтажа треба да се
извршат на цврста и рамна површина со доволно
простор за поместување на машината и на амбалажата
користејќи секогаш соодветни алати. Не ја користете
машината пред да ги прочитате упатствата наведени во
делот „МОНТИРАЊЕ".
4.1
ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ
Пакувањето ги содржи деловите за монтажа.
4.1.1
Распакување
1.
Отворете го пакувањето внимателно
за да не ги расфрлите деловите.
2.
Прочитајте ја документацијата во кутијата
каде се наведени овие упатства.
3.
Извадете ги од кутијата сите делови
што не се монтирани.
4.
Фрлете ги кутијата и амбалажата
согласно локалните одредби.
Пред да започнете со монтирање, уверете се дека
безбедносниот клуч не е вметнат во клучалката.
4.2
СКЛОП НА КОРПА ЗА ТРЕВА
Следете ги упатствата дадени во
прирачникот за корпата за трева.
4.3
ПОСТАВУВАЊЕ НА РАЧКАТА
Монтирајте ја рачката согласно
инструкциите на (Сл.3) (Сл.7).
5.
КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА
5.1
БЕЗБЕДНОСЕН КЛУЧ (УРЕД
ЗА ДЕЗАКТИВИРАЊЕ)
Клучот (Сл.8.A) се наоѓа во делот на акумулаторот.
Со завртување на клучот на „ON", се активира
електричното коло на машината, и машината стартува.
Со завртување на клучот на „OFF", електричното
коло на машината целосно се деактивира, за да се
спречи неконтролирана употреба на машината.
ВАЖНО
Извадете го безбедносниот клуч
секогаш кога ја оставате машината без надзор.
MK - 5