Descargar Imprimir esta página

Skil 3720 Manual Original página 112

Multilijadora inalámbrica sin escobillas

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 37
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА БРУСИЛКА
ОПШТИ
Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
Овој алат не е соодветен за брусење во влажна
средина
Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
Отстранете ја батеријата од алатот пред секое
подесување или промена на приборот
ПРИБОР
SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
Не користете изабени, искинати или хартија со многу
налепен слој од брусење
ПРЕД УПОТРЕБА
Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
Нивото на бучава додека работите може да изнесува
повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите
Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со прашината
или нејзиното вдишување може да шредизвика
алергии и/или болести на дишните органи за оној
кој работи со алатот или луѓето во близина); носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Некои видови на прашина се канцерогени (како
на пример прашината од даб или бука), особено
заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
Носете заштитни ракавици, заштитни очила, тесна
облека и заштита за коса (доколку имате долга коса)
Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
При брусење на метал доаѓа до појава на искри;
не користете кутија за прашина/правосмукалка а
останатите лица и запалливи материјали треба да се
наоѓаат подалеку од местото каде се работи
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
Не допирајте ја брусната хартија која се движи
Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и отстранете ја
батеријата
ПО УПОТРЕБА
Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го
моторот и проверете дали сите подвижни делови се
застанати
АКУМУЛАТОРСКА БАТЕРИЈА
Испорачаната батерија е делумно наполнета (за
да се обезбеди целосен капацитет на батеријата,
целосно наполнете ја батеријата во полначот на
батеријата пред да го употребите вашиот електричен
алат за првпат)
Користете ги исклучиво следниве батерии и
полначи со овој алат
- Батерија SKIL: BR1*31****
- Полнач SKIL: CR1*31****
Оштетената батерија не треба понатаму да се
користи туку да се замени
Не ја расклопувајте батеријата
Никогаш не ги изложувајте на дожд алатот/
батеријата
Дозволена температура на околината (алатка/
полнач/батерија):
- при полнење 4...40°C
- при работа –20...+50°C
- при складирање –20...+50°C
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/
БАТЕРИЈАТА
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Во допир со оган батериите ќе експлодираат, затоа
не ги палете батериите од која било причина
5 Секогаш чувајте ги апаратот/полначот/батеријата во
просторија на температура пониска од 50°C
6 Не се ослободувајте од електични алати и батерии во
домашниот отпад
УПОТРЕБА
Полнење на акумулаторска батерија
! прочитајте ги безбедносните предупредувања
и упатствата дадени со полначот
Вадење/инсталирање на батеријата 2
Индикатор за нивото на батеријата 7
- притиснете на индикаторот за нивото на батеријата
J за да се прикаже тековното ниво на батеријата
7 a
! ако по притискање на копчето J 7 b почне
да трепка индикаторот за најниско ниво на
батеријата, тогаш батеријата е празна
! кога ќе почне да трепка индикаторот за
нивоата на батеријата 2 по притискање на
копчето J 7 c, батеријата не е во рамките на
дозволениот опсег за работна температура
Заштита на батеријата
Алатот наеднаш се исклучува или не може да се
вклучи, кога
- товарот е преголем --> отстранете го товарот и
почнете повторно
- температурата на батеријата не е во рамките
на дозволениот опсег на работна температура
од -20 до +50°C --> 2 нивоата на индикаторот за
ниво на батеријата почнуваат да трепкаат кога ќе
го притиснете копчето J 7 c; почекајте батеријата
да се врати во рамките на дозволениот опсег на
работна температура
- батеријата е скоро празна (заштита од целосно
празнење) --> на индикаторот за нивото на
батеријата ќе се прикаже ниско ниво на батеријата
или ќе трепка за ниско ниво на батеријата 7 b кога
ќе притиснете на копчето J; наполнете ја батеријата
! не продолжувајте да притискате на
прекинувачот за вклучување/исклучување
откако алатот ќе се исклучи автоматски;
батеријата ќе се оштети
Поставување хартија за брусење 8
! oтстранете ја батеријата од алатот пред секое
подесување или промена на приборот
! вшмукувањето прашина изискува употреба на
перфорирани хартии за брусење
112

Publicidad

loading