• Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на
алатот кои се движат; кабелот држете го на задната
страна, на страна од алатот
• Никогаш не користете го алатот кога кабелот или
основната потпора R 2 (=заштитниот штитник) се
оштетени. Нека ги замени квалификувано лице
• Држете ги рацете и прстите подалеку од бургијата на
фрезата кога е вклучен алатот
• Никогаш не надминувајте ја максималната
длабочина за бургијата на фрезата додека сечете
• Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
• Веднаш исклучете го алатот ако бургијата на
фрезата се блокира што ќе доведе до затресување
на алатот
• Веднаш исклучете го алатот ако снема струја или ако
приклучокот несакајќи се извлече од штекерот за да
спречите неконтролирано повторно вклучување
• Не применувајте премногу сила врз алатот со што ќе
предизвикате комплетно застанување
ПО УПОТРЕБА
• Кога ќе завршите со работа, разлабавете ја рачката
H 2, однесете го алатот назад кон горната почетна
позиција и исклучете го алатот
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
5 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
• Поставување/вадење на бургиите на фрезата 6
! исклучете го алатот и извадете го од
приклучокот
! проверете дали вратилото за бургијата е
совршено чисто
! проверете дали големината на стегата (6 мм, 8
мм) соодветствува со големината на
вратилото за бургијата на фрезата
- свртете го алатот наопаку
- заклучете го вратилото со притискање на држачот
A (свртете ја навртката на стегата B ако е
неопходно) и држете ја
ЗА ПОСТАВУВАЊЕ:
- разлабавете ја навртката на стегата B со клуч C
- вметнете ја бургијата за 3/4 во стегата
- затегнете ја навртката на стегата цврсто со клуч C
ЗА ВАДЕЊЕ:
- разлабавете ја навртката на стегата B со клуч C
- извадете ја бургијата
- ослободете го држачот A
! треба да ја потчукнете навртката на стегата со
клуч за да ја разлабавите бургијата на
фрезата 7
! никогаш не стегајте ја навртката на стегата
ако нема бургија; стегата може да се оштети
• Менување на стегата
! исклучете го алатот и извадете го од
приклучокот
! проверете дали вратилото за стегата е
совршено чисто
- разлабавете ја навртката за стегата со B 2 или 3
вртења
- потчукнете ја навртката на стегата B со клуч C
- извадете ги навртката за стегата B и стегата
(заклучено вратило)
- свртете го алатот наопаку
- ставете нова стега во вратилото за стегата
- поставете навртка за стегата B (заклучено
вратило)
! никогаш не стегајте ја навртката на стегата
ако нема бургија; стегата може да се оштети
• Прилагодување на длабочината за работа 8
! исклучете го алатот и извадете го од
приклучокот
- проверете дали малиот лост во мерачот за
длабочина D излегува најмалку 3 мм (користете го
регулаторот за фино прилагодување E) 8a
- свртете ја куглата F така што најгорната позиција
ќе кликне на своето место под мерачот за
длабочина D (за порамнување) 8б
- разлабавете го регулаторот G така што мерачот
за длабочина D ќе падне врз куглата за
ограничување на длабочината F 8б
- поставете го алатот на работната површина
- разлабавете ја рачката за заклучување H 8в
- притиснете го алатот надолу за да може бургијата
да дојде во контакт со парчето за обработка 8г
- затегнете ја рачката за заклучување H 8д
- сега длабочината за работа е поставена на 0 мм
(мерна вредност како што е прикажано на скалата
за длабочина)
- подигајте го мерачот за длабочина D за онолку
милиметри како што е саканата длабочина и
потоа затегнете го регулаторот G 8ѓ
- разлабавете ја рачката за заклучување H и носете
го алатот одново нагоре
- користете го регулаторот за фино прилагодување
E за да ја поставите длабочината за работа уште
попрецизно (0-10 мм)
- со куглата за ограничување на длабочината F,
длабочината за работа може да се зголеми за 5
или 10 мм соодветно
! прилагодете ја одново длабочината за работа
откако ќе ги смените бургиите на фрезата
• Контрола на брзината 9
За оптимални резултати кај различни материјали
- изберете брзина за работа со тркалцето J (исто и
кога алатот работи)
- погледнете ја табела 0 за да ја одредите
вистинската брзина за работа
- пред да почнете со работата, пронајдете ја
оптималната брзина преку тестирање на стариот
материјал
! по подолг период на работа со помала брзина,
мора да го пуштите алатот да се олади, така
што ќе работи околу 3 минути на поголема
брзина, без оптеретување
• Вшмукување прашина !
- поврзете ја правосмукалката за продолжетокот K
117