mk
▪ Не смее да се пречекорува максималното ниво на
зачестеност на вклучување!
▪ Кога нивоата варираат многу, се препорачува
управување со нивото со две мерни точки. Така може
да се појават големи диференцијални растојанија.
Употреба на монтиран пливачки прекинувач
Изведбата „А" е опремена со пливачки прекинувач.
Пумпата се вклучува или исклучуваат во зависност
од нивото. Нивото на прекинување е утврдено преку
должината на кабелот на пливачкиот прекинувач.
Употребата на управување со нивото што го
обезбедува корисникот
При употреба управување со нивото што го
обезбедува корисникот, внимавајте на податоците за
инсталација од Упатство за вградување и работа на
производителот.
6.4.7
Заштита од работа на суво
Заштитата од работа на суво мора да спречи пумпата
да работи без медиум и да не навлезе воздух во
хидрауликата. Затоа мора да се одреди минилано
дозволеното ниво со помош на сигнализатор. Штом
се достигнате претходно дадената гранична
вредност, пумпата мора да се исклучи по
соодветното известување. Заштитата од работа на
суво може да ги продолжи постоечките управувања
со нивото за дополнителна мерна точка или да
работи како единствниот уред за исклучување. Во
зависност од безбедноста на постројката,
повторното вклучување на пумпата може да биде
автоматски или рачно. За оптимална работна
сигурност, се препорачува инсталација на заштита од
работа на суво.
6.5
Електрично поврзување
ОПАСНОСТ
Опасност по животот од струен удар!
Неправилното ракување со електриката може да
доведе до смрт поради струен удар! На
електриката треба да работи стручен електричар
следејќи ги локалните прописи.
▪ Приклучувањето на мрежата мора да соодветствува
на податоците од натписната плочка.
▪ Напојувањето на трифазниот мотор од страна на
мрежата е со вртежно поле во насока на часовникот.
400
Инсталација и електрично поврзување
▪ Кабелот за поврзување мора да е поставен согласно
локалните прописи и да е поврзан според шемата на
жиците.
▪ Приклучете уреди за надгледување и проверете
дали функционираат.
▪ Изведете го заземјувањето согласно локалните
прописи.
6.5.1
Осигурувач од страна на мрежата
Заштитна склопка на вод
Големината и карактеристиките на прекинувачот на
заштитната склопка на вод, се одредува според
номиналната струја на поврзаниот производ.
Внимавајте на локалните прописи.
Заштитен прекинувач на мотор
За производи без приклучок, предвиден е заштитен
прекинувач на моторот! Според локалните прописи,
минималните побарувања се термален реле/
заштитен прекинувач на моторот со компензација за
температурата, диференцијален активатор и блокада
од повторно вклучување. Во случаи на чувствителна
електрична мрежа, предвидено е корисникот да
обезбеди дополнителна заштитна опрема (на пр.
реле за наднапон, поднапон или откажување на фаза
итн.).
Заштитен прекинувач за резидуална струја (RCD)
Придржувајте се до прописите на локалната служба
за електродистрибуција! Употребата на заштитен
прекинувач за резидуална струја е препорачано.
Треба да се приклучи заштитен прекинувач за
резидуална струја (RCD) во случаи кога е можно
лицата да дојдат во контакт со производот и со
протокот на течности.
6.5.2
Одржување
Пред инсталацијата треба да го направите следното:
▪ Да ја проверите изолациската отпорност на
намотката на моторот.
▪ Да ја проверите отпорноста на температурниот
сензор.
Кога измерената вредност отстапува од податоците,
може да има влажност во моторот или водот за
снабдување со струја или пак, можеби уредот за
надгледување е во дефект. Консултирајте се со
службата за односи со корисниците доколку се
појави грешка.
WILO SE 2019-02