Gorenje S3 IHGC963ORAB Manual Del Usuario página 61

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 32
III, во согласност со упатството за монтажа.
Предупредување! Пред (повторно) поврзување на колото од аспираторот со електричното напојување и
проверувањето на функционалноста, секогаш проверете дали струјниот кабел е правилно монтиран.
Аспираторот е снабден со специјален кабел за напојување; во случај на оштетување на кабелот, побарајте
помош од стручна техничка служба.
Вградување
Производ со прекумерна тежина, поместувањето и монтирањето на аспираторот треба да се направи од
најмалку две или повеќе лица.
Пред да се почне со монтирањето:
Проверете дали купениот производ е со соодветни димензии за одбраниот простор за монтирање.
Извадете го/ги филтерот/-те на активен јаглен ако се доставени (види го и соодветниот параграф). Тој/
тие се монтира/-ат само ако сака да се користи аспираторот во варијанта со филтрирање.
Проверете дали во внатрешноста на аспираторот (поради транспортот) нема материјал од опремата
(на пример ќесиња со завртки и навртки, гаранции и др.), ако има извадете го и зачувајте го.
Ако е можно откачете го и тргнете го мебелот под и околу просторот за монтирање (ѕидот или таванот)
на аспираторот за да се има подобра пристапност. Меѓу другото заштитете го мебелот и сите други
работи колку што може подобро. Одберете рамна површина и покријте ја со заштита каде што потоа ќе
го ставите аспираторот и деловите од опремата.
Проверете меѓу другото да во близина на просторот за монтирање на аспираторот (во простор кој е
пристапен и со монтиран аспиратор) има на располагање електричен штекер и дека може да се поврзе
на уред за исфрлување на пареите во надворешноста (само варијанта со всмукување).
Направете ги сите потребни ѕидарски работи (на пр.: поставување на штекер и/или отвор за
поминување на одводната цевка).
Аспираторот оди заедно со парчиња за прицврстување пригодни за поголемиот дел од ѕидови/тавани. И
покрај тоа потребно е да побарате објаснување од квалификуван техничар за да ви потврди за прикладноста
на материјалите според видот на ѕидот/таванот. Ѕидот/таванот треба да биде доволно цврст за да ја издржи
тежината на аспираторот.
ФУНКЦИОНИРАЊЕ
Користете ја најголемата брзина во случај на невообичаена концентрација на пареи во кујната. Ви
препорачуваме да го вклучите издувувањето 5 минути пред да започнете со готвењето и да го оставите да
работи околу 15 минути по завршување на готвењето.
За да ги изберете функциите на аспираторот притиснете на симболот. Функцијата ќе се активира кога
симболот ќе биде ослободен.
T1.
Состојба на подготвеност
ВКЛУЧЕНО
(вклучена контролна табла)
Забелешка:
По околу една минута користење на аспираторот (всмукување и светло), истиот се враќа
автоматски во состојба на подготвеност.
T2. Вклучување/исклучување на светлото
Само кај некои модели (види го цртежот погоре):
притиснете повеќе пати за да ја одберете посакуваната јачина на светло:
L1:
слабо светло
L2:
средно слетво
L3:
јако светло
притиснете уште еднаш за да го исклучите светлото.
T3. Вклучување/исклучување на автоматско функционирање "AdaptTech".
Аспираторот автоматски ја поставува 1-ра брзина (моќност) на всмукување за да се зголеми ако
надворешните услови откриени од страна на сензорот на аспираторот тоа го бараат.
Ако нема промени на надворешните услови, по 10 минути (ако аспираторот е веќе во 1-ва брзина
(моќност) на всмукување), аспираторот се исклучува.
Забелешка:
за правилно користење на оваа функција направете прво „Регулирање на параметрите
(исклучена контролна табла - сите функции се деактивирани) /
MK 61

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

S3 ihgc963oraw

Tabla de contenido