Descargar Imprimir esta página

Безбедносни Мерки - ST 526 A Manual De Instrucciones

Quitanieves conducido de pie

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 113
кратенки погл. или пас. и со соодветниот
број. Пример: „погл. 2" или „пас. 2.1".
2. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
2.1 ОБУКА
Прочитајте го внимателно ова
упатство пред да ја користите машината.
Запознајте се со командите и
правилното користење на машината.
Научете брзо да го запирате моторот.
Непридржувањето кон предупредувањата
и кон упатството може да предизвикаат
изгореници и/или сериозни повреди.
Сочувајте ги предупредувањата заедно
со упатството за идна консултација.
• Не дозволувајте никогаш деца да ја
употребуваат машината, или други лица што
не се запознаени со основните упатствата.
Локалните законски прописи ја одредуваат
минималната возраст на корисникот.
• Никогаш не користете ја машината
доколку корисникот е во состојба на
замор или изнемоштеност, или користел
лекови, дрога, алкохол или други штетни
супстанци што влијаат врз капацитетот
за навремено реагирање или внимание,
• Имајте на ум дека корисникот е одговорен
за незгодите или опасноста по други
лица или нивниот имот. Во опсегот на
одговорности на операторот спаѓа и
проценката на можните ризици на теренот
каде треба да се работи и затоа преземете
ги сите неопходни безбедносни мерки за
да ја гарантирате својата, но и безбедноста
на другите особено на закосени, нерамни,
лизгави или нестабилни терени.
2.2 ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Систем за лична заштита (СЛЗ)
• Не користете го чистачот на снег
без да носите соодветна облека.
• Носете обувки коишто овозможуваат
добро стоење на лизгави површини.
• Секогаш носете заштитни очила или
визир во текот на работата, одржувањето
или поправката. Работата на машината
може да исфрли страни тела кон очите.
• Носете заштита за слухот.
Област за работа/машина
• Проверете ја убаво средината за работа
и исчистете и тргнете ги можните
страни тела. На пример простирки,
санки, масички, јажиња и сл.
• Пред да го запалите моторот, проверете
дали сте ги исклучиле сите команди коишто
ги вклучуваат деловите да се движат.
• Регулирајте ја висината на заштитата
за сечивото кога расчистувате
површини со чакал или камчиња.
• Пред да започнете со расчистување
на снегот, оставете ги моторот и
машината да се адаптираат на
надворешната температура.
Мотор со согорување: гориво
• Внимание: горивото е лесно запаливо.
Ракувајте со него внимателно!
• Секогаш чувајте го горивото
во соодветни садови.
• Полнете или надополнувајте со
инка само на отворено и не пушете
додека го работите ова.
• Надополнете пред да го запалите
моторот. Не отворајте го капачето на
резервоарот и не надополнувајте кога
моторот работи или е уште топол.
• Ако ви истече од горивото, не палете го
моторот туку оддалечете ја машината
од областа каде се излеало горивото
и исчистете ги веднаш сите траги од
горивото на машината и од земјата.
• Добро затворете го капачето на
резервоарот и на садовите со горивото.
• Избегнувајте контакт на горивото
со делови од облеката и, доколку
тоа се случи, пресоблечете се
пред да го запалите моторот.
2.3 ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА
Област за работа
• Не користете ја машината во средина
каде постои ризик од експлозија,
во присуство на запаливи материи,
гасови или нечистотија. Електричните
контакти или механичките делови може
да генерираат искри кои може да ги
запалат правот или испарувањата.
• Не палете го моторот во затворен
простор каде може да се соберат
опасни јаглерод моноксидни гасови.
Операциите за палење треба да се
изведат на отворено или во простор
којшто добро се проветрува. Запомнете
дека издувните гасови се отровни.
• Работете само на дневна светлина
или при добро вештачко осветление
и при услови на добра видливост.
• Оддалечете ги лицата, децата и
животните од областа за работа.
MK - 2

Publicidad

loading

Productos relacionados para ST 526 A

Este manual también es adecuado para:

As 56 pAs 62 pAs 62 pb