Descargar Imprimir esta página

Одложување; Одложување На Машината; Одложување На Батеријата; Движење И Транспорт - Stiga MP 900 Li 48 Manual De Instrucciones

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 179
• длабочината на запците ќе биде пониска од
висината на почетната точка на преносникот
(кои никогаш не смее да допрат до долната
страна);
• внатрешниот ѕид на водилката е искористен до
точка на допирање врз ланецот.
9. ОДЛОЖУВАЊЕ
ОПАСНОСТ
Правилата за безбедност што треба да се следат
при складирање се опишани во пасус 2.4. Строго
придржувајте се до тие упатства за да избегнете
сериозни ризици или опасности.
9.1
ОДЛОЖУВАЊЕ НА МАШИНАТА
Кога машината треба да се одложи:
1. Извадете ја батеријата од лежиштето и
проверете го полнењето;
2. Ставете ја заштитата за лостот.
3. Проверете дали моторот е соодветно изладен;
4. Исчистете ја машината (пасус 7.4).
5. Проверете дали деловите се разлабавени
или оштетени. Ако е потребно, заменете
ги оштетените делови и затегнете ги
разлабавените шрафови и навртки или
контактирајте со овластен сервисер.
6. Одложете ја машината:
– во сува просторија.
– и засолнета од лоши временски услови.
– и на место надвор од дофатот на децата.
– уверувајќи дека сте ги тргнале клучевите и
опремата што ја користевте при одржувањето.
9.2
ОДЛОЖУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батеријата треба да се чува во средина без
директна сончева светлина, на студени и места
без влага.
ЗАБЕЛЕШКА
Доколку не ја користите подолг период, полнете
ја батеријата на секои два месецаи за да ѝ се
продолжи рокот на употреба.
10. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ
Секојпат кога е потребно движење, подигнување,
транспорт или закосување на машината:
• Застанете ја машината;
• Почекајте да застане синџирот;
• Извадете ја батеријата од лежиштето и
проверете го полнењето;
• Ставете ја заштитата за лостот;
• Проверете дали моторот е соодветно изладен;
• Носете заштитни ракавици,
• Фатете ја машината само за држачите и да се
насочи лостот во правец спротивен од правецот
на движење.
Кога ја носите машината со возило:
• обезбедете ја соодветно машината со помош на
јажиња или синџири,
• поставете ја на начин да не претставува
опасност за никого,
11. ПОМОШ И ПОПРАВКА
Ова упатство ги претставува сите неопходни
индикации за управување со машината и за
правилно одржување што ги извршува корисникот.
Сите интервенции за регулација и одржување
што не се опишани во ова упатство треба да
ги спроведе застапникот или специјализиран
сервисен центар бидејќи знаат како и ги имаат
неопходните инструменти со коишто работата
ќе се заврши правилно, земајќи го во предвид
првобитниот степен на безбедност и условите на
машината.
Сите операции што се изведени на несоодветен
начин и од неквалификувани лица придонесуваат
да се изгуби секоја форма на гаранција и секој
облик на обврска на производителот.
• Само овластените сервиси за помош може да ги
извршуваат поправките и одржувањето што се
под гаранција.
• Овластените сервисни центри користат само
оригинални резервни делови. Оригиналните
резервни делови и дополнителна опрема се
специјално дизајнирани за машината.
• Резервните делови и дополнителната опрема
што не одобрени, употребата на резервни
делови и дополнителна опрема што не се
оригинални ја поништуваат гаранцијата.
• Препорачуваме да ја однесете машината еднаш
годишно во овластен сервис за одржување,
помош и контрола на безбедносните уреди.
12. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА
Гаранцијата ги покрива сите штети на материјалите
и производството. Корисникот треба внимателно
да ги следи сите упатства кои се дадени до
приложената документација.
Гаранцијата не ги покрива штетите настанати
затоа што:
• Не сте се запознале со приложената
документација.
• Не сте внимателни.
• Употребата и монтирањето не се правилни или
конзистентни.
• Се користат резервни делови коишто не се
оригинални.
MK - 17

Publicidad

loading