Descargar Imprimir esta página

Заштита На Животната Средина; Запознајте Ја Машината; Опис На Машината И Предвидена Употреба; Главни Компоненти (Сл. 1) - Stiga T 300 Li 20 Serie Manual De Instrucciones

Ocultar thumbs Ver también para T 300 Li 20 Serie:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 86
• Користете само батерии со спецификации што се предвидени
за вашиот апарат. Употреба на други батерии може да
предизвика повреди и ризик од пламен.
• Проверете дали машината е исклучена пред да ја ставите
батеријата. Ставање батерија во машина што е вклучена може
да предизвика пожар.
2.6
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
• Доследно следете ги локалните закони за фрлање на
амбалажата, делови во распаѓање или какви било елементи
со штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци не
смеат да се фрлаат во ѓубре, туку треба да се селектираат и
да се однесат во соодветни собирни центри за рециклирање
материјали.
• Следете ги во целост локалните закони за фрлање на
материјалите што се резултат на сечењето.
• При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде
било во природата, туку предајте ја во собирен центар во
согласност со важечките локални закони.
Не фрлајте ги електричните апарати заедно со
домашен отпад. Во согласност со директивата на
ЕУ 2012/19/UE, отпадот што се состои од електрични
и електронски апарати е ваша одговорност и, во
согласност со националните одредби, електричните
апарати за фрлање треба да се фрлат засебно за да може
подоцна повторно да се употребат на еко-компатибилен начин.
Ако електричните апарати се одложат на ѓубриште или на земја,
штетните состојки може да стапат во контакт со елементите
во почвата и да навлезат во синџирот на исхрана, со што ќе
се нарушат вашето здравје и благосостојбата. За подетални
информации околу фрлањето на овој производ, контактирајте
со компетентни институции за фрлање домашен отпад или со
застапникот.
Откако ќе ѝ помине рокот на употреба, извадете
ја батеријата обрнувајќи внимание на животната
средина. Батеријата содржи материјал што е опасен
за вас и за средината. Треба да се извади и расклопи
во засебен сад што може да содржи литиумски јони.
Засебното
собирање
искористените
рециклирање на материјалите и повторна
употреба. повторната употреба на рециклираните
материјали спречува штета на животната средина
и ја намалува потребата за примарни материјали.
3.
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
3.1
ОПИС НА МАШИНАТА И ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА
Оваа машина е тревокосачка со оператор на нозе
Машината во основа се состои од мотор којшто придвижува
уредот со сечилото со запци сместени во картер и има ракофат.
Штом се активира, моторот создава воздушно перниче што
помага машината да биде запрена и да не се создава триење со
земјата.
Операторот е во позиција да управува со машината и да ги
вклучува главните команди држејќи се секогаш зад ракофатот и
на безбедно растојание од ротирачкиот уред со сечилото.
Оддалечувањето на операторот од машината предизвикува
запирање на и на ротирачкиот уред по неколку секунди.
3.1.1
Предвидена употреба
Оваа машина е дизајнирана и произведена за косење трева во
градини и на тревни површини што се спроведува во присуство
на оператор којшто оди.
на
производите
пакувања
овозможува
3.1.2
Несоодветна употреба
Која и да е друга употреба освен горенаведената
може да претставува опасност и да предизвика
повреди и штети за лица и/или предмети.
Се отфрлаат при неправилна употреба (како
пример, но не се ограничува на следното):
– Транспорт на други лица, деца или животни со машината,
кои може да паднат и да се здобијат со тешки повреди
или да го попречат безбедното управување.
– Транспорт на машината.
– Употреба на машината за влечење или буткање товар.
– Вклучување на уредот со сечилото
врз терени на кои нема трева.
– Употреба на машината за собирање лисја или гранки.
– Употреба на машината за порамнување огради
или за сечење вегетација што не е трева.
– Употреба на машината од страна на повеќе луѓе.
ВАЖНО
Несоодветната употреба на косилката ќе ја
поништи гаранцијата, и ќе го ослободи Производителот од
сите одговорности, а со тоа корисникот ќе стане одговорен
за сите штети и повреди кон себе и кон другите лица.
3.1.3
Вид на корисник
Оваа машина е наменета да ја користат корисници,
т.е. оператори коишто не се професионалци.
Наменета е за „домашна употреба".
ВАЖНО
Машината може да се
користи само од еден оператор.
3.2
ГЛАВНИ КОМПОНЕНТИ (Сл. 1)
A.
Шасија: куќиште што го содржи
уредот со ротирачкото сечило.
Мотор: обезбедува движење на уредот за сечење.
B.
C.
Уредот со сечило: е соодветен
елемент за косење на тревата.
и
Рачка: е местото за работа на операторот. Нејзината
D.
должина овозможува операторот секогаш да
го одржува безбедното растојание од уредот
со ротирачкото сечило во текот на работата.
Рачка за операторот: оваа рачка е наменета
E.
за управување со сечилата и погонот и
подигнување од земјата. Моторот автоматски
се гаси со пуштање на рачката.
F.
Команден прекинувач: го пали/гасне
моторот и истовремено го активира/
деактивира уредот со сечилото.
G.
Вратичка за пристап до одделот за батеријата
H.
Безбедносен клуч (Уред за деактивирање):
Клучот го вклучува / исклучува
електричното коло на машината.
I.
Батерија (ако не се доставува со машината,
погледнете го поглавјето 13 „Дополнителна опрема
на барање"): обезбедува енергија за стартување
на моторот; неговите спецификации и правила за
користење се опишани во специјалниот прирачник.
Полнач за батерија (ако не се доставува
J.
со машината, погледнете го поглавјето 13
„Дополнителна опрема на барање"): уред што
се користи за полнење на акумулаторот.
МК - 3

Publicidad

loading