Проверете го притисокот во пневматиците
ако косењето е неправилно (пасус 6.1.3).
Ако тоа не доведе до рамномерно косење,
треба да се обратите кај застапникот
за регулирање на порамнувањето на
плочата со уредот со сечивото.
8.2.2 Уред со сечивото
Уредот со сечивото не е доволно наострен и ја
кине тревата така што тревникот пожолтува.
Сите операции што се поврзани со
уредот со сечивото (вадење, острење,
изедначување, поправка, повторно
ставање и/или замена) се одговорни
работи и изискуваат специфична
компетентност покрај соодветни
алати. Од безбедносни причини,
истите треба секогаш да ги извршува
специјализиран сервисен центар.
Секогаш заменувајте го блокот
со уредот со сечивото ако е оштетен,
изабен или деформиран, користејќи
ги оригиналните шрафови за
да се одржи рамнотежата.
ВАЖНО Неопходно е сечивата да
се менуваат во пар, особено кога има
значителна разлика на искористеноста.
ВАЖНО Секогаш користете оригинален
уред со сечиво, коишто се посочени
во табелата "Технички податоци".
Заради развојот на производот, уредите
со сечива наведени во табелата "Технички
податоци" треба со време да се заменат
со други со соодветни карактеристики за
замена и функционална безбедност.
8.3 ЗАМЕНА НА ПРЕДНИ /
ЗАДНИ ТРКАЛА
8.3.1 Воведни операции
ВАЖНО Користете соодветен уред за
подигање, на пример дигалка со пантограф.
Пред да пристапите кон замена на гумите,
спроведете ги следните дејства:
• Извадете ја целата дополнителна опрема.
• Поставете ја машината на цврста и
рамна површина којашто ја обезбедува
стабилноста на машината.
• Активирајте ја сопирачката за мирување.
• Застанете го моторот.
• Извадете го клучот;
• Поставете ја дигалката кај точката за
подигање во близина на гумата што треба
да се замени (пасус 8.3.2; пасус 8.3.3).
• Проверете дали дигалката е нормално
поставена во однос на теренот.
8.3.2 Избор и поставување на
дигалката кај задните тркала
Поставете дрвени клинови (сл. 33.A) во
основата на гумата (сл. 33.B, странично кај
гумата што треба да се замени (сл. 33.C).
Кај модели со задно собирање:
• Максималната можна висина на
затворена дигалка е 110 мм. (сл. 33)
• Поставете ја дигалката под задната плоча
(сл. 34.А), на 180 мм од страничниот раб.
Кај модели со страничен испуст:
• Максималната можна висина на
затворена дигалка е 110 мм. (сл. 35)
• Поставете ја дигалката под задната оска,
кај точката посочена на сликата (сл. 36.А).
ЗАБЕЛЕШКА Дигалка поставена
како што е опишано во овој пасус
овозможува подигање на целата
гума што треба да се замени.
8.3.3 Избор и поставување на
дигалката кај предните тркала
1. Поставете дрвени клинови (сл. 37.A)
во основата на гумата (сл. 37.B),
што се наоѓа одзади кај гумата што
треба да се замени (сл. 37.C).
2. Максималната можна висина на
затворена дигалка е 110 мм.
3. Поставете на дигалката (сл. 38.А)
едно квадратно парче дрво (сл. 38.В)
до димензии од околу 10 х 10 см.
ЗАБЕЛЕШКА Парчето дрво спречува
оштетување на предната оска.
4. Дигајте ја дигалката внимавајќи
парчето да се потпира на шасијата
и на цврстите делови (сл. 38.С).
ЗАБЕЛЕШКА Во текот на
оваа фаза, држете го парчето на
дигалката со едната рака,
ЗАБЕЛЕШКА Така поставената дигалка
овозможува подигање на целата предна оска.
MK - 21