c) Спречете случајно вклучување. Осигурете
се дека прекинувачот е на позицијата off
(исклучено) пред приклучувањето на изворот на
напојување и/или батеријата, подигнувањето или
носењето на алатот. Носењето на електричниот
алат со вашиот прст на прекинувачот или
вклучување на електрични алати со прекинувачот
поставен на позиција on (приклучено) доведува до
несреќи.
d) Пред вклучување на електричниот алат
отстранете ги сите клучеви за подесување или
алати за навртување. Алат или клуч што е оставен
прикачен на ротациониот дел на уредот, може да
доведе до лична повреда.
e) Не посегнувајте преку одредената граница.
Цело време одржувајте правилен став и рамнотежа.
На тој начин можете подобро да го контролирате
електричниот алат во неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете широка
облека или накит. Чувајте ги косата и облеката
подалеку од подвижните делови. Широката
облека, накитот или долгата коса може да се фатат
во подвижните делови.
g) Доколку се обезбедени уреди за приклучување
на апарати за вшмукување и собирање прашина,
осигурете се дека тие се правилно приклучени
и користени. Користењето на уреди за собирање
прашина може да ги намали опасностите поврзани
со прашината.
h) Не дозволувајте искуството стекнато со честата
употреба на алатите да ве направи невнимателни
и да ги игнорирате безбедносните принципи при
нивното користење. Невнимателната активност
може да предизвика сериозна повреда во дел од
секунда.
4) УПОТРЕБА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АЛАТИ И ГРИЖА ЗА
НИВ
a) Не преоптоварувајте го електричниот алат.
Користете ја правилната електрична алатка
наменета за вашата работа. Со соодветниот
електричен алат ќе ја завршите работата подобро и
побезбедно во однос на тоа за што е наменет.
b) Не користете го електричниот алат ако
прекинувачот не може правилно да се вклучи и
исклучи. Секој електричен алат кој не може да се
контролира со помош на приклучок е опасен и мора
да се поправи.
c) Исклучете го електричниот алат од струја и/
или извадете го комплетот со батерии од
електричниот алат, ако се одделува, пред да
правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или да ги складирате
електричните алати. Со овие превентивни
безбедносни мерки се намалува опасноста од
случајно вклучување на електричниот алат.
d) Складирајте ги електричните алати во мирување
надвор од дофатот на деца и не им допуштајте
работа со уредот на лица кои не се запознаени
со него или кои го немаат прочитано ова
упатство. Електричните алати се опасни доколку со
нив работат нестручни лица.
e) Одржувајте ги електричните алати и
дополнителната опрема. Проверете дали има
изместување или допирање на подвижните
делови, дали некои делови се скршени или
се во некоја друга состојба што влијае врз
работата на електричниот алат. Ако е оштетен,
однесете го алатот на поправка пред да го користите.
Многу несреќи се случуваат заради неодржуван
електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
ивици помалку ќе се заглавуваат и полесно се
контролираат.
g) Електричниот алат, дополнителната опрема,
работните алати итн., треба да ги користите
според овие упатства, земајќи ги во предвид
работните услови и работата која треба да се
заврши. Употребата на електричниот алат за работи
што се поинакви од неговата намена може да доведе
до опасна ситуација.
h) Одржувајте ги рачките и површините за фаќање
суви, чисти и без масло и маст на нив. Рачките
и површините за држење што се лизгаат не
овозможуваат безбедно ракување и контрола на
алатот во неочекувани ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА СТОЛНАТА
ДУПЧАЛКА
•
Дупчалката мора да биде прицврстена.
Дупчалката што не е правилно прицврстена може
да се премести или преврти и може да предизвика
лична повреда.
•
Работното парче мора да биде стегнато или
прицврстено за поддршката на работното парче.
Не дупчете парчиња што се премногу мали за
безбедно да се стегнат. Држењето на работното
парче со рака за време на работата може да
предизвика лична повреда.
•
Не носете ракавици. Ракавиците може да
се заплеткаат од ротирачките делови или од
струготините предизвикувајќи лична повреда.
•
Држете ги рацете надвор од областа каде се
врши дупчењето додека алатот работи. Контактот
со ротациониот дел на електричниот алат или со
струготините може да доведе до лична повреда.
•
Проверете дали додатокот се врти пред да
продре во работното парче. Во спротивно,
додатокот може да се заглави во работното парче,
предизвикувајќи неочекувано движење на работното
парче и лична повреда.
•
Кога додатокот е заглавен, престанете да
притискате надолу и исклучете ја алатката.
Проверете и преземете корективни дејства за
да ја елиминирате причината за заглавувањето.
Заглавувањето може да предизвика неочекувано
движење на работното парче и лична повреда.
•
Избегнувајте да создавате долги струготини со
редовно прекинување на надолниот притисок.
Острите метални струготини може да предизвикаат
заплеткување и лични повреди.
200