Descargar Imprimir esta página

ST T 92 Serie Guía Rápida De Uso página 222

Ocultar thumbs Ver también para T 92 Serie:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 126
МАКЕДОНСКИ - Превод на оригиналното упатство
Упатството за користење е достапно:
▷ на веб-страницата stiga.com
▷ со скенирање на QR кодот
ВНИМАНИЕ: ПРЕД УПОТРЕБА НА МАШИНАТА, ПРОЧИТАЈТЕ ГО ВНИМАТЕЛНО СЛЕДНОВО УПАТСТВО.
Да се сочува за понатамошна употреба.
ЗАБЕЛЕШКА Целта на овој документ е да обезбеди
едноставен водич во хартиена форма за безбедно
ракување и одржување на косилката.
За подетални информации, преземете ги целосните
дигитални упатства за користење.
1. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
1.1. ОБУКА
Запознајте се со командите и правилното
користење на косилката. Научете како брзо
да го запрете моторот. Непридржувањето кон
предупредувањата и кон упатството може да
предизвикаат пожар и/или сериозни повреди.
• Да не се дозволи никогаш со косилката да управуваат
деца или лица кои немаат доволно искуство со
управувањето. Локалните закони може да предвидат
минимална возраст за управување со косилката.
• Да не се користи никогаш машината доколку
корисникот е уморен или болен, или доколку има
консумирано лекови, дроги, алкохол или супстанции
штетни за рефлексите и вниманието.
• Да се има во предвид дека корисникот е одговорен
за несреќи и непредвидени ситуации кои може да
се утврдат на трети лица или на нивниот имот. Во
опсегот на одговорности на операторот спаѓа и
проценката на можните ризици на теренот каде треба
да се работи и затоа преземете ги сите неопходни
мерки за безбедност за да ја гарантирате својата,
но и безбедноста на другите особено на закосени,
нерамни, лизгави или нестабилни терени.
• Во случај кога во опкружувањето на машината има
други лица, проверете дали операторот ги почитува
упатствата што се содржани во ова упатство.
1.2. ПРЕЛИМИНАРНИ ОПЕРАЦИИ
Лична заштитна опрема (ЛЗО)
• Носете соодветна облека, работни чевли со ѓон
против лизгање, и долги пантолони. Не вклучувајте
на косилката со боси нозе или со отворени сандали.
Носете заштитни слушалки за слухот.
• Носете ракавици за работа во сите ситуации каде
има ризик за рацете.
• Не носете марами, наметки, ремени, бразлетни,
облека со лелеави делови или со врвки и врски и
слични додатоци што висат или се долги и би можеле да
се закачат за косилката или за предмети и материјали
кои се производ на работата.
• Соодветно приберете ја косата доколку е долга.
Простор за работа / Косилка
• Проверете ја темелно целата површина за работа и
отстранете сè што би можело да биде исфрлено од
косилката или да ги оштети сечилата/ротирачките
единици (камења, гранки, железни жици, коски, итн.).
Мотор со внатрешно согорување мотори: гориво
Горивото е лесно запаливо.
• Чувајте го горивото во соодветни садови за таа намена,
на безбедно место, подалеку од извор на топлина
или отворен оган.
• Не пушете додека полните или дополнувате гориво.
• Дополнувајте гориво со инка и на отворена површина.
• Никогаш не отворајте го капачето на резервоарот, и
не дополнувајте гориво додека моторот работи или
е уште загреан.
• Не го приближувајте резервоарот до отворен оган, за
да ја проверите содржината.
• Веднаш исчистете го секој остаток од истуреното
гориво врз косилката или на земја.
• Безбедно заменувајте го капачето на резервоарот, и
садовите со гориво.
1.3. ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА
• Не го палете моторот во затворен простор каде што
може да се акумулира јаглерод моноксид. Операцијата
на стартување треба да се одвива на отворен простор
или во простории со провев. Не заборавајте дека
издувните гасови можат да бидат токсични.
• Кога ја палите косилката, не насочувајте го
пригушувачот, а со тоа и издувните гасови кон
запаливите материи.
• Не ја користете косилката во ризични амбиенти во
присуство на лесно запаливи гасови и прашина.
Електричен контакт или механичко триење можат да
предизвикаат палење на прашината или на издувната
пареа.
• Работете само на дневна светлина или при добро
вештачко осветлување и при услови на добра
видливост.
• Оддалечете ги лицата децата и животните од
работниот простор. Не може да се чуваат деца додека
се користи на косилката, тие треба да бидат чувани
од друго лице.
• Избегнувајте да работите на мокра трева, кога
врне и кога ризик од временска непогода, особено
грмотевици.
• Обрнете особено внимание на нерамнините на теренот
(наклони, вдлабнатини), закосувањата, скриените
опасности и пречките коишто можат да ја ограничат
видливоста.
• Работете секогаш надолжно во однос на косината, во
правец нагоре/надолу, но никогаш попреку внимавајќи
при тоа на менувањето на правецот одржувајќи
правилна потпора и да избегнувате тркалата да
удираат на пречки (камења, гранки, корења и сл.)
со што може да се предизвика странично лизгање,
превртување или загуба на контролата врз машината.
• Косилката не смее да се користи на косина поголема
од 10°, без оглед на правецот на косење.
• Запрете ги сечилата кога поминувате на површини
без трева.
MK - 1
Download full manual
stiga.com

Publicidad

loading