j) Сечете само дрво. Не користете ја телескопската
пила за цели за коишто не е наменета. На
пример: не ја користете телескопската пила
за сечење пластика, ѕидани конструкции
или градежни материјали што не се од дрво.
Употребата на телескопската пила за работи коишто
се поинакви од нејзината намена може да доведе до
опасна ситуација.
k) Причини за повратен удар и заштита на
операторот:
- Повратниот удар може да се појави кога носот или
врвот на водечкиот лост ќе допре до предмет или
кога ќе се заглави дрво и ќе го зафати синџирот на
пилата при сечењето.
- Контактот на врвот во некои случаи може да
предизвика неочекувана повратна реакција со
што водилката ќе се отфрли нагоре и наназад кон
операторот.
- Заглавувањето на синџирот на пилата вдолж
врвот на водилката може да ја потисне водилката
неочекувано наназад кон операторот.
- Секоја од овие реакции може да предизвика
да загубите контрола над телескопската пила
и може да доведе до сериозна лична повреда.
Како корисник на телескопска пила треба да
преземете неколку чекори за да спречите несреќа
или повреда при вашите активности за сечење.
Повратниот удар произлегува како резултат од
неправилно ракување и/или неправилни процедури
или услови при работата со машината, и може да
се избегне со преземање на соодветни мерки на
претпазливост кои се наведени во понатамошниот
текст.
l) Кога сечете гранка, внимавајте на повратен удар.
Кога гранката е зафатена, таа може да се свитка
надолу и да го заглави синџирот на пилата.
m) Користете само заменски синџири и лостови
за пила определени од производителот.
Неправилната замена на синџирите и лостовите за
пила може да предизвикаат кршење и/или повратен
удар на пилата.
n) Секогаш чекајте машината целосно да запре
и отстранете ја батеријата пред да ја спуштите
долу. Синџирот на пилата може да се заглави или
да направи повратен удар и да доведе до загуба на
контрола над градинарската машина.
o) Исклучете ја телескопската пила при менување на
работната позиција.
Некои региони имаат прописи со кои се ограничува
употребата на производот. Побарајте совет од вашиот
локален надлежен орган.
ПО УПОТРЕБА
•
Секогаш исклучете ја машината и извадете ја
батеријата
- кога ја оставате машината без надзор.
- пред чистење на заглавен материјал
- пред проверка, чистење или работа на машината
- по удирање во стран предмет
- секогаш кога машината ќе почне невообичаено да
вибрира
•
Чувајте ја машината во затворен простор на суво и
затворено место, подалеку од дофат на деца
- комплетот на батерии и машината треба да се
чуваат одделно
БАТЕРИИ
•
Обезбедената батерија е делумно наполнета (за
да се обезбеди целосен капацитет на батеријата,
целосно наполнете ја батеријата во полначот на
батеријата, пред за првпат да ја употребите вашата
машина)
•
Користете ги исклучиво следниве батерии и
полначи со оваа машина
- Батерија SKIL: BR1*41****
- Полнач SKIL: CR1*41****
•
Оштетената батерија не треба и понатаму да се
користи; треба да се замени
•
Не расклопувајте ја батеријата
Никогаш не изложувајте ги на дожд машината/
•
батеријата
•
Дозволена температура на околината (машина/
полнач/батерија):
- при полнење 4...40°C
- при работа -20...+50°C
- при складирање –20...+50°C
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА МАШИНАТА/
БАТЕРИЈАТА
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Батериите може да експлодираат ако се изложат на
оган, па затоа никако не палете ја батеријата
5 Машината никогаш немојте да ja изложувате на дожд
6 Носете заштитни очила и штитници за уши
7 Чувајте ги машината/полначот/батеријата на места со
температура пониска од 50°C
8 Не фрлајте ги електричните машини и батериите
заедно со домашниот отпад
9 Носете заштита за главата
q Носете заштитни ракавици
w Носете безбедни обувки
e Одржувајте доволно растојание од водовите
УПОТРЕБА
•
Инструкции за монтирање и прилагодување
! запрете го моторот и извадете ја батеријата од
машината
! секогаш користете заштитни ракавици кога
ракувате со синџирот
•
Монтирање на лостот и синџирот
- поставете ја телескопската пила на соодветна,
рамна површина. Отстранете ја страничната
заштита H со вртење на копчето на страничната
заштита Q спротивно од стрелките на часовникот
r
- поставете го новиот синџир на пилата G во
јамката на рамна површина и исправете ги сите
свиткувања t
- поставете ги погонските врски V на синџирот
во жлебот на водечкиот лост W. Поставете го
синџирот G така што има јамка на задната страна
на водечкиот лост F y.
- држете го синџирот G на позицијата на водечкиот
лост F и поставете ја јамката околу запчаникот X на
главата на телескопската пила A u
! осигурете дека синџирот е во точниот правец
за движење споредувајќи го со симболот за
синџирот Y
179