Descargar Imprimir esta página

Milwaukee HEAVY DUTY M18 FHS20 Manual Original página 102

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 26
мечот и ланецот, користете дрвени клинови или лост за да го
отворите засекот и да ја ослободите пилата. Никогаш не се
обидувајте да ја стартувате пилата за кастрење ако мечот е
веќе во засек или цепка.
Лизгање / Отскокнување
Ако моторната пила не успее да се вкопа за време на сечење,
мечот може да почне да скока или опасно да се лизга долж
површината на стеблото или гранката доведувајќи до губење на
контрола на моторната пила. За да го спречите или намалите
лизгањето или отскокнувањето секогаш користете ја пилата со
двете раце осигурувајќи се дека пилата прави жлеб за сечење.
Никогаш не сечете мали, еластични гранки или грмушки со
вашата пила за кастрење. Нивната големина и еластичност
може лесно да предизвикаат пилата да отскокне кон вас или
да стегне со доволна сила за да предизвика повратен удар.
Најдобриот алат за таков вид на работа е рачна пила, ножици за
кастрење, секира или други рачни алати.
Лична заштитна опрема
Носете шлем цело време додека работите со машината.
Шлемот опремен со мрежест визир може да го намали ризикот
од повреда на лицето и главата ако настане повратен удар.
Носте штитник за уши.
Личната заштитна опрема со добар квалитет, како што
користат професионалците, ќе го намали ризикот од повреда
на операторот. Треба да се користат следните работи кога се
работи со машината:
Сигурносен шлем
треба да е во согласност со EN 397 и да носи CE ознака
Заштита за слухот
треба да е во согласност со EN 352-1 и да носи CE ознака
Заштита за очи и лице
треба да носи CE ознака и да е во согласност со EN 166 (за
заштитни очила) или EN 1731 (за мрежести визири)
Ракавици
треба да се во согласност со EN381-7 и да носат CE ознака
Заштита за нозете (кожени штитници)
треба да е во согласност со EN 381-5 и да носи CE ознака и да
обезбедува целокупна заштитатреба да е во согласност со EN
381-5 и да носи CE ознака и да обезбедува целокупна заштита
Сигурносни чевли за пила за кастрење
треба да се во согласност со EN ISO 20345:2004 и да бидат
означени со знак со нацртана пила за кастрење за да ја покажат
усогласеноста со EN 381-3. (Повремени корисници може да
користат сигурносни чевли со челично капаче со заштитни
гамаши кои се во согласност со EN 381-9 ако подлогата е рамна
и има мал ризик од сопнување или зафаќање во жбунови)
Јакни за пила за кастрење за заштита на горниот дел од
телото
треба да се во согласност со EN 381-11 и да носат CE ознака
202
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ВАШАТА ПИЛА ЗА КАСТРЕЊЕ
1
11
Предна рачка
Граничник на канџа
2
12
Преден рачен штитник
Моторна пила
3
13
Уред за блокирање
Меч
4
14
Вклучување во струја
Жлеб на мечот
5
15
Задна рачка
Ланчаник
6
16
Капаче за маслото
Капак на погонскиот
за подмачкување на
запченик
ланецот
17
Завртка за
7
Резервоар за масло за
затегнување на ланец
ланец
18
завртка за монтирање
8
Заден рачен штитник
на мечот
9
19
Комбиниран клуч
Капак на мечот
10
Батерија
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Последиците од неправилно одржување, отстранување
или измена на сигурносните уреди, прекинувачот за
палење, рачниот штитник (напред и назад), граничникот
на канџата, фаќачот на ланецот, мечот, ланецот на пила
со мал повратен удар, може да предизвикаат неправилно
функционирање на сигурносните уреди и така зголемувајќи
го потенцијалот за сериозна повреда.
Граничник на канџа
Интегрираниот граничник на канџата може да се користи како
средиште кога правите засек. Тој ви помага да го одржувате
стабилно телото на пилата за кастрење додека сечете. Кога
сечете, притиснете ја машината нанапред сè додека канџата
не се вкопа во работ на дрвото а потоа со движење на задната
рачка нагоре или надолу во правецот на линијата на сечење
може да помогне да се олесни физичкиот напор од сечењето.
Меч
Вообичаено, мечовите со врвови со мал радиус имаат помал
потенцијал на повратен удар. Треба да користите меч и
соодветен ланец кој е доволно долг за работата. Подолгите
мечови го зголемуваат ризикот од губење на контрола за време
на сечење. Редовно проверувајте ја затегнатоста на ланецот.
Кога сечете помали гранки (помалку од целата должина на
мечот) многу лесно може да се отфрли ланецот ако затегнатоста
не е точна.
ИНСТРУКЦИИ ЗА ПРАВИЛНИ ТЕХНИКИ ЗА СОБОРУВАЊЕ
НА ДРВО, КАСТРЕЊЕ И ПРЕСЕКУВАЊЕ
Разбирање на силите во дрвото
Ако ги разберете насочените притисоци и напони во дрвото
може да ги намалите „приклештувањата" или барем да ги
очекувате за време на сечење. Напнатоста во дрвото значи дека
влакната се раздвоени и ако сечете во ова подрачје, „цапката"
или засекот ќе тежнее да се отвори како што поминува пилата.
Ако стеблото се потпира на магарица за сечење дрва а крајот
виси непотпрен, се создава напнатост на горната површина
поради тежината на надвиснатото стебло истегнувајќи ги
влакната. Исто така долната страна на стеблото ќе биде во
компресија а влакната се притискаат едно во друго. Ако се
направи засек во ова подрачје, цапката ќе има тенденција да
затвори за време на сечењето. Ова ќе го приклешти сечилото.
Кастрење на дрво
Кастрење е отстранување на гранките од соборено дрво. Кога
кастрите оставете ги поголемите ниски гранки за да го потпрете
стеблото на земјата. Отстранете ги малите гранки со едно
сечење. Оптегнатите гранки треба да се сечат одоздола нагоре
за да се избегне стегнување на пилата за кастрење.
Сечење на „камшици"
„Камшик" е секое стебло, гранка, коренеста пенушка или
фиданка која е оптегната од друго дрво така што отскокнува
наназад ако се пресече или отстрани дрвото што ја држи.
Кај паднато дрво, коренеста пенушка има висок потенцијал
МАКЕДОНСКИ
за отскокнување наназад во исправена позиција за време
на скратувањето за одвојување на стеблото од трупецот.
Внимавајте на камшици—тие се опасни.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Камшиците се опасни и може
да го удрат операторот, предизвикувајќи операторот да
ја изгуби контролата на пилата за кастрење. Ова може да
доведе до сериозни или смртни повреди на операторот.
Ова треба да се прави од обучени корисници.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Акумулаторската пила за кастрење е наменета само за
надворешна употреба.
Поради безбедносни причини, пилата за кастрење мора
соодветно да се контролира со двете раце цело време.
Пилата за кастрење е наменета за сечење на гранки, стебла,
трупци и греди со пречник одреден од должината на сечење на
мечот. Таа е наменета исклучиво за сечење на дрво. Треба да
се користи само од страна на возрасни лица кои имаат добиено
соодветна обука за опасностите и превентивните мерки/дејства
додека ја користите пилата за кастрење.
Да не ја користите пилата за кастрење за други цели коишто не
се наведени во одредените услови за употреба. Не треба да се
користи за професионални дрвени услуги. Пилата за кастрење
не треба да се користи од деца или од лица кои не носат
соодветна лична заштитна опрема и облека.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Кога ја користите пилата за
кастрење мора да се почитуваат безбедносните правила. За
ваша лична безбедност и безбедноста на присутните, мора
да ги прочитате и целосно разберете овие инструкции пред
да ја користите пилата за кастрење. Треба да посетувате
професионално организирани безбедносни курсеви за
употреба, превентивни дејства, прва помош и одржување
на пилите за кастрење. Чувајте го ова упатство на сигурно и
безбедно место за подоцнежна употреба.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Пилите за кастрење се
потенцијално опасни алати. Несреќите со употребата
на пилите за кастрење често резултираат со губење на
екстремитети или смрт. Не претставува опасност само
пилата за кастрење. Гранките што паѓаат, срушувачките
дрвја и тркалачките трупци може исто така да убијат.
Мртвите или трулите дрва поседуваат дополнителни
опасности. Треба да ја процените вашата способност за
безбедно завршување на работата. Во случај на сомнеж
препуштете му го тоа на професионален дрвен хирург.
Монтажа и приклучување на напојување
ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ
Дури и при уредна употреба на производот не можат во целост
да се исклучат остаточни опасности. При употребата можат да
се појават следниве ризици, поради кое што корисникот мора да
обрати внимание на следново:
• IПовреда предизвикана од вибрации
Секогаш користете го вистинскиот алат за работата.
Користете соодветни рачки. Ограничете го работното време
и изложеноста.
• Оштетување на слухот поради изложеност на бучава
Носете заштита за слухот и ограничете ја изложеноста.
• Повреда предизвикана преку контакт со изложен заб на
ланецот од пилата
• Повреда предизвикана преку отфрлени делови од работното
парче (дрвени деланки, парченца)
• Повреда предизвикана од прав и честички
• Повреда на кожата предизвикана преку контакт со средства
за подмачкување
• Делови исфрлени од моторната пила (опасности од сечење/
вбризгување)
• Непредвидено, ненадејно движење или повратен удар од
мечот (опасности при сечење)
НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИТЕ
• Вибрациите од рачните алатки може да допринесат до
состојба наречена Рејнодов синдром кај одредени лица.
Симптомите може да вклучуваат морници, отрпнатост и
белеење на прстите, вообичаено присутно по изложеност
на ладно. Наследните фактори, изложеноста на ладно и
влажност, диета, пушење и работни практики исто така
допринесуваат до развојот на овие симптоми. Има мерки
коишто може да се преземат од страна на операторот за
намалување на ефектите од вибрацијата:
• При ладно време одржувајте го топло вашето тело. Кога
работите со уредот носете ракавици за да ги стоплите рацете
и зглобовите.
• По секој период на работа, правете вежби за да ја зголемите
циркулацијата на крвта.
• Правете чести паузи. Ограничете ја дневната изложеност.
• Заштитните ракавици достапни кај продавачи на
професионални пили за кастрење се наменети специјално
за употреба со пили за кастрење кои даваат заштита, добар
стисок и исто така го намалуваат дејството од вибрациите
на рачката. Овие ракавици треба да се во согласност со EN
381-7 и мора да ја имаат ознаката CE.
Ако почувствувате некои од симптомите на оваа состојба,
веднаш престанете со работа и побарајте го вашиот лекар.
-
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Од долготрајната употреба
на алатот може да се предизвикаат повреди или да се влошат
истите. Ако го користите некој алат подолго време правете
редовни паузи.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Чувајте го акумулаторот на температура под 27°C и подалеку
од влага
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-
јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, ненадејно стопирање или краток спој,
електро-алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење трепка
и електро-алатот самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
прекинувачот, а потоа повторно вклучете. Во случај на
екстремни оптоварувања батеријата се загрева премногу. Во
таков случај трепкаат сите ламбички од приказот за полнење
сè додека батеријата не се излади. По гаснење на приказот за
полнење може да се продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
МАКЕДОНСКИ
203

Publicidad

loading