и конструкцијата на уредот, можни се
следните потенцијални ризици:
• :Допир со видливите запци на
пилата (ризик од сечење).
• Допир со ротирачката пила
(ризик од сечење).
• Непредвидливо, нагло движење на
насочувачот (ризик од сечење).
• Отфрлени делови од пилата (ризик
од сечење/прободување).
• Отфрлени делови од предметот
врз кој се работи.
• Вдишување на ситни честички
од работната површина.
• Допир на кожата со горивото.
• Губење на слухот, доколку за
време на работата не се носи
соодветна заштита за ушите.
• Зачувајте ги сите мерки за претпазливост
и упатството за во иднина. Терминот
"електричен уред" во делот каде се
наведени предупредувањата, се однесува
на електричниот уред (со кабел) или
уредот кој работи на батерии (без кабел).
БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНАТА ПОВРШИНА
• Работната површина одржувајте ја
чиста и во добар ред . Избегнувајте да
работите во мали и темни простории,
бидејќи може лесно да дојде до несреќа.
• Немојте да го користите уредот во
простории каде што постои опасност
од експлозии, односно каде што има
присуство на запаливи течности, гасови
или пак прашина. Електричните уреди
предизвикуваат искри кои може лесно
да ја запалат прашината или чадот.
• Држете ги децата и другите лица
на далечина додека го користите
уредот. Секое влијание врз вашето
внимание, може да доведе да
изгубите контрола врз уредот.
БЕЗБЕДНОСТ ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР
• Избегнувајте контакти со приземјени
материјали, како што се цевки,
радијатори и ладилници. Постои
зголемен ризик од електричен удар
доколку Вашето тело е приземјено.
• Немојте да го изложувате уредот на
дожд или влажна средина. Доколку
водата навлезе во уредот, постои
зголемен ризик од електричен удар.
ЛИЧНА БЕЗБЕДНОСТ
• Бидете внимателни додека работите и
разумно управувајте со уредот. Немојте
да го користите уредот доколку сте
уморни, под влијание на дрога, алкохол
или пак медикаменти. Само мало
невнимание додека управувате со уредот,
може да доведе до сериозни повреди.
• Користете опрема за лична заштита.
Секогаш користете заштита за очите.
Заштитната опрема како што се маските,
заштитните чевли, заштитната капа
или заштитата за ушите, можат да го
намалат ризикот од лични повреди.
• Препречете да не дојде до несакано
вклучување на уредот. Обезбедете
се копчето за вклучување да биде во
позицијата "исклучено" (off) пред да
го вклучите уредот во електричниот
извор и/или да ги поставите батериите,
пред да го подигнете или пак да го
преместувате. Избегнувајте да го
пренесувате или вклучувате уредот со
прстот поставен на копчето за вклучување
бидејќи постои ризик од повреда.
• Отстранете го алатот за прилагодување
пред да го вклучите уредот. Внимавајте
да не оставите алат прикачен на еден
од движечките делови на уредот
бидејќи може да дојде до повреда.
• Немојте да посегнувате додека го
користите уредот. Внимавајте како
чекорите и одржувајте рамнотежа
постојано. На тој начин ќе имате
поголема контрола врз уредот доколку
дојде до неочекувани ситуации.
• Носете соодветна облека. Не носете
широка облека или накит. Држете
ја косата, облеката и ракавиците
подалеку од движечките делови на
уредот. Широката облека, накитот или
долгата коса лесно може да се фатат
во движечките делови на уредот.
• Доколку уредот е доставен со дел за
собирање/отстранување на прашината
и остатоците од работата, обезбедете
се дека истиот е добро прикачен на
уредот. Користењето на уредот за
собирање на прашината, го намалува
ризикот од несреќи поврзани со
вдишувањето на остатоците.
КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА УРЕДОТ
• Користете го уредот соодветно според
неговиот капацитет. Користете го
соодветниот уред за задачата која
сакате да ја извршувате. Користењето
на соодветниот уред за задачата
која ја извршувате, пружа поголема
безбедност и подобар квалитет за
задачата која ја извршувате.
• Не го користете уредот доколку
копчето за вклучување/исклучување е
неисправно. Секој уред кој не може да
се контролира со помош на ова копче е
ризичен и мора да се однесе на поправка.
2