Descargar Imprimir esta página

Stiga RC 585 Manual De Instrucciones página 292

Ocultar thumbs Ver también para RC 585:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 147
1.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРАВИЛА
1.1.
ОБУКА
a) Внимателно прочитајте го упатството за употреба. Запознајте се со правилниот начин на
ракување со машината. Научете како да ја запрете машината и како брзо да ги отстраните
работните уреди.
b) Строго е забрането да оставате деца да работат со машината! Возрасните може да ја користат
машината само откако внимателно ќе го прочитаат упатството!
c) Уверете се дека нема други лица, а особено деца или животни чијашто безбедност може да се
загрози ако се наоѓаат во работната средина.
1.2.
ПОДГОТОВКА
a) Проверете ја целата област за работа и отстранете ги сите страни тела.
b) Поставете ја рачката во лер пред да го запалите моторот.
c) Не палете ја машината ако не сте соодветно облечени. Ако работната површина има лизгав
терен, носете чевли против лизгање за да ја подобрите личната стабилност.
d) Ракувајте внимателно со горивото коешто е исклучително запаливо! Обрнете внимание на
следните одредби:
1) Користете соодветен сад за чување на горивото.
2) Никогаш не полнете го резервоарот кога моторот работи или е врел.
3) Секогаш обрнувајте внимание кога го полните резервоарот на отворено. Никогаш не
обидувајте се да го наполните резервоарот во затворен простор.
4) Пред да ја запалите машината, затегнете го капачето на резервоарот и исчистете ги
остатоците од горивото.
e) Никогаш не обидувајте се да вршите регулации кога работи моторот!
f)
За секоја работа на машината, како подготовка и одржување, задолжително е да се носат
заштитни очила.
1.3.
РАБОТА
a) Рачката за менувачот треба секогаш да биде во лер кога го палите моторот. Не приближувајте/
поставувајте ги рацете или нозете под деловите што ротираат.
b) Кога работите/поминувате со машината на земјен пат, на тротоар од улица, внимавајте на условите
во сообраќајот за ги да избегнете можните ризици! Строго е забрането да пренесувате лица!
c) Кога машината ќе удри во туѓи тела, веднаш исклучете го моторот и детално проверете дали е
оштетен моторниот плуг. Ако машината е оштетена, поправете ја пред да продолжите со работа.
d) Секогаш внимавајте на условите во средината за да избегнете лизгање или паѓање.
e) Ако машината вибрира на ненормален начин, веднаш исклучете го моторот! Најдете ја причината:
ненормалните вибрации обично посочуваат на дефект.
f)
Секогаш исклучете го моторот пред да го напуштите работното место за поправка, прилагодување,
проверка или за вадење на предмети заглавени меѓу сечивата!
g) Ако ја оставите машината без надзор, преземете ги сите неопходни безбедносни мерки, односно
исклучете го уредот со преносот, спуштете ги дополнителните уреди, поставете ја рачката за
палење во лер и исклучете го моторот.
h) Пред да ја чистите, поправете и проверете ја машината, треба да го исклучите моторот и да се
уверите дека деловите што се движат застанале.
i)
Издувните гасови од машината се штетни. Не користете ја машината во затворен простор!
j)
Никогаш не палете го моторниот плуг без соодветна заштитна опрема, без картер или други
заштитни уреди поставени на своето место!
2
MK

Publicidad

loading