За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење
треба да бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C
и на суво место. Акумулаторот да се складира на приближно
30%-50% од состојбата на наполнетост. Акумулаторот
повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
Mak
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви. Внимавајте да не дојде
до изместување на батериите во нивната амбалажа. Забранет
е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии. За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, ненадејно стопирање или краток спој,
електро-алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење
трепка и електро-алатот самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
прекинувачот, а потоа повторно вклучете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева
премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од приказот
за полнење сè додека батеријата не се излади. По гаснење на
приказот за полнење може да се продолжи со работа.
Тогаш ставете ја батеријата во уредот за полнење за повторно
да ја напоните и активирате.
РАБОТНИ УПАТСТВА
Не е погодно за собирање течности кои прават многу пена.
Апаратот употребувајте го исклучиво во исправна состојба.
Никогаш не всмукувајте без филтер или со оштетен филтер.
Составните делови на филтерот, филтер-вреќите и вреќите за
прашина се фрлаат во согласност со националните прописи.
ОДРЖУВАЊЕ, ЧИСТЕЊЕ И ПОПРАВКА
Да се изведуваат само постапките на одржување кои што се
опишани во упатството за употреба.
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Постојано отстранувајте прашина и нечистотија од апаратот.
Одржувајте ја рачката чиста, сува и без масти или масло.
Средства за чистење и разредување се штетни по пластиките и
други изолирачки делови, затоа чистете само со нежен сапун и
влажна крпа. Никогаш не употребувајте запаливи средства за
разредување во близина на апаратот.
Македонски
60
60
Горниот дел за всмукување никогаш не смее да се испрска со
вода; постои опасност за лица, опасност од краток спој.
Пред употреба проверете дали машината, кабелот и
приклучокот се исправни. Ако се оштетени дозволени се
поправки исклучиво од авторизираниот сервис.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ
на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и
типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја
скицата кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Germany.
Складиштење: Апаратот треба да се чува во суви услови и
заштитено од замрзнување.
• За тековно сервисира од страна на корисниците, апаратот
мора да се расклопи, да се исчисти и да се сервисира,
колку што е разумно возможно, без да се предизвикува
ризик за сервисниот персонал и за другите. Во соодветните
мерки на претпазливост е вклучена деконтаминација пред
расклопувањето, мерки за локално филтрирана издувна
вентилација каде што машината се расклопува, се чисти
местото за одржување и соодветна лична заштита.
• Производителот или некое обучено лице ќе врши технички
преглед најмалку еднаш годишно, кој се состои на пр. од
проверка на филтрите да не се оштетени, херметичката
затвореност на машината и правилното функционирање на
контролниот механизам.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
Обезбедете соодветна вентилација.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Електричните апарати не смеат да се фрлат заедно
со домашниот отпад.Електричните и електронсите
апарати треба да се собираат одделно и да се однесат
во соодветниот погон заради нивно фрлање во склад
со начелата за заштита на околината.Информирајте се
кај Вашите местни служби или кај специјализираниот
трговски претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност