• Деца не би требало да си играат со уредот. Уредот не смее да го чистат и
одржуваат деца, освен ако не се под надзор.
• Доколку кабелот за напојување е оштетен, мора да го замени производителот,
сервис ангажиран од него или слично квалификувано лице, за да се избегнат
можни ризици.
• Предупредување: Ако површината е напукната, исклучете го уредот за да избег-
нете можност од струен удар, во случај површината на плочата да е изработена
од керамичко стакло или сличен материјал, кој ги штити живите делови.
• Метални предмети, како ножеви, виљушки, лажици и капаци не би требало да
стојат в рз површината на плочата, со оглед дека ќе дојде до нивно загревање.
• Не треба да користите чистач на пареа.
• Не користете чистач на пареа на плочите за готвење.
• Уредот не е наменет за управување со помош на надворешен тајмер или одвоен
систем на далечинско управување.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасност од пожар: не ги оставајте предметите на
површината за готвење.
• Процесот на термичка обработка на храната е потребно да се надгледува.
Краткотрајниот процес на термичка обработка на храната треба да биде
константно надгледуван.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подготовката на храната со маст или масло без надзор
може да биде опасна и да предизвика појава на отворен пламен. НИКОГАШ не се
обидувајте да го угаснете пламенот со вода, туку исклучете го уредот и потоа
покријте го огнот, со капак или противпожарно ќебе, на пример.
Ракување и одржување
Опасност од струен удар
• Не гответе на напукната или скршена плоча за готвење. Доколку постои
можност од кршење или распукнување на површината на плочата, веднаш
прекинете го напојувањето на уредот со електрична енергија (на ѕидниот
прекинувач) и контактирајте квалификуван техничар.
• Исклучете ја плочата од напојување пред чистење или поправки.
• Непочитувањето на овој совет може да доведе до струен удар или смрт.
Опасност по здравјето
• Уредот ги задоволува електромагнетните безбедносни стандарди.
• Меѓутоа, лицата со пејсмејкери за срце или други електрични импланти (како
инсулински пумпички) мора да се консултираат со својот лекар или со
производителот на импланти пред употреба на уредот, со што би биле сигурни
дека електромагнетното поле нема да влијае врз нивните импланти.
• Непочитувањето на овој совет може да доведе до смрт.
04