I.
Ранец за батерија (додаток
на барање, пас. 15.3): уред во
кој се ставаат батериите.
J.
Кабел за поврзување: кабел
што се користи за поврзување на
машината со ранецот за батерија.
K. Симулатор на батерија (додаток
на барање, пас. 15.4): уред што,
кога е вметнат во куќиштето на
машината, овозможува употреба
на ранецот за батерија.
4. МОНТИРАЊЕ
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба
да ги следите се дадени во погл. 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или несреќи.
За потребите на складирање и транспорт,
одредени компоненти на машината не се
монтирани во фабриката, туку треба да
се монтираат по нејзиното отпакување.
Следете ги упатствата подолу.
Распакувањето и целата монтажа
треба да се извршат на цврста и
рамна површина со доволно простор
за поместување на машината и на
амбалажата користејќи секогаш
соодветни алати. Не ја користете
машината пред да ги прочитате упатствата
наведени во делот „МОНТИРАЊЕ".
4.1 ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ
Пакувањето ги содржи деловите за монтажа.
4.1.1 Распакување
1. Отворете го пакувањето внимателно
за да не ги расфрлите деловите.
2. Прочитајте ја документацијата во кутијата
каде се наведени овие упатства.
3. Извадете ги од кутијата сите
делови што не се монтирани.
4. Извадете ја машината од кутијата.
5. Фрлете ги кутијата и амбалажата
согласно локалните одредби.
Пред да започнете со
монтирање, уверете се дека
батеријата не е на своето место.
4.2 МОНТИРАЊЕ НА ОСКАТА
– Вметнете и притиснете го долниот дел
на оската (сл. 3.A) во горниот дел (сл.
3.B) додека не се заклучи и блокира
на место. Оската може да се отстрани
со притискање на копчето (Сл. 3.C).
Оската може да се прилагодува
по должина
(пас. 6.1.2).
4.3 МОНТИРАЊЕ НА ПРЕДНА РАЧКА
– Монтирајте ја предната рачка
(Сл.4.А) на обезбедувачот (Сл. 4.B),
прицврстете ја со соодветната завртка
(Сл. 4.C) и ставете ја навртката
на другата страна (Сл. 4. D).
4.4 МОНТИРАЊЕ НА ЗАШТИТАТА
НА СЕЧИЛОТО
Носете заштитни ракавици.
На секој уред за сечење треба да се
става соодветната заштита како што е
посочено во табелата Технички податоци.
1. Поставете ја заштитата (Сл. 5.А)
соодветно на отворите на
електричната единица (Сл. 5.B).
2. Фиксирајте ја заштитата (Сл. 5.А)
и затегнете ги завртките докрај (Сл. 5.C).
ЗАБЕЛЕШКА На заштита на
сечилото го има следниов симбол:
4.5 ПОСТАВУВАЊЕ НА ИНДИКАТОРОТ
ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА СЕЧЕЊЕТО
– Вметнете и закачете ги двата
краја на индикаторот за
ограничување на сечењето
(Сл. 6.A) во соодветните отвори на
електричната единица (Сл. 6.B).
MK - 9
Го посочува правецот на
ротација на сечилата.