Descargar Imprimir esta página

ST LT 500 Li 48 Manual De Instrucciones página 331

Cortacésped/cortabordes con alimentación por batería portáti

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 169
Во случај кога сакате да ја користите
машината за многу долга работа и
користите стандардна батерија, може:
• да набавите втора стандардна
батерија за да ја замените веднаш
потрошената батерија без да треба
да ја прекинувате работата,
• купете батерија со поголема
резервна моќност во споредба со
стандардната батерија (пас. 15.1).
7.2.2 Исклучување и полнење
на батеријата
1. Притиснете го копчето за фиксирање
на батеријата на машината (Сл. 19.A)
или на ранецот за батерија
(Сл. 20. A) (доколку е достапен);
2. извадете ја батеријата од машината
(Сл. 19.B) или од ранецот за батерија
(Сл. 20.B) (доколку е достапен);
3. ставете ја батеријата (Сл. 21.A) во
преградата на полначот (Сл. 21.B);
4. поврзете го полначот за акумулатор
(сл. 21.C) на приклучница со напон кој
е наведен на плочката со спецификации.
5. секогаш полнете ја докрај
упатствата дадени во упатството за
батеријата/полначот за батеријата.
ЗАБЕЛЕШКА Батеријата е опремена
со штитник што спречува повторно
полнење ако температурата на
околината не е помеѓу 0 и +45 °C.
ЗАБЕЛЕШКА Акумулаторот може
да се полни во секој момент, дури и
делумно без ризик од оштетување.
7.2.3 Повторно поставување на
батеријата во машината
Кога полнењето е завршено:
1. Извадете ја батеријата (Сл. 22.A)
од куќиштето на полначот (Сл. 22.B)
(не ја оставајте да се полни, откако
веќе целосно се наполнила);
2. Исклучете го полначот за батерија
(Сл. 22.C) од приклучница;
3. Вметнете ја батеријата во своето
куќиште во машината (Сл. 23.B) или
во една од преградите на ранецот за
батерија (Сл. 8) (доколку е достапен);
4. турнете ја за да влезе докрај, сè
додека не слушнете кликнување
што сигнализира дека батеријата се
фиксирала во преградата, а потоа
проверете го електричниот контакт.
следејќи ги
MK - 15
7.3 ЧИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА
И НА МОТОРОТ
• Секогаш чистете ја машината по
употребата со чиста и мокра крпа
потопена во неутрален детергент.
• Отстранете ги сите траги на влага
со мека и сува крпа. Влагата остава
простор за ризик од електричен удар.
• Не користете абразивни детергенти
и растворувачи да ги исчистите
пластичните делови или рачките.
• За намалување на ризикот од
запалување, чистете ја машината,
а особено моторот од остатоци од
трева, листови и прекумерно масло.
• За да избегнете прегревање или
оштетување на моторот или на батеријата,
секогаш проверувајте дали решетката за
воздух за ладење е чиста и без остатоци.
• Не полевајте вода и избегнувајте мокрење
на моторот и на електричните делови.
7.4
НАВРТКИ И ШРАФОВИ
ЗА ФИКСИРАЊЕ
• Сите завртки, навртки и лостови
треба да бидат добро прицврстени
за да се осигурате дека опремата
е безбедна за работа.
• Редовно проверувајте дали
рачките се цврсто фиксирани.
8. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
Пред да интервенирате на кој
било начин на машината:
• запрете ја машината;
• извадете ја батеријата од своето
куќиште и
наполнете ја (пас. 7.2.2);
• Оставете моторот да се олади
пред да ја складирате машината
во затворен простор;
• носете соодветна облека,
заштитни ракавици и очила;
• прочитајте ги соодветните упатства,.
Предупредување! Ризик од повреди
поради опасни подвижни делови!
8.1 ОДРЖУВАЊЕ НА УРЕДОТ
СО СЕЧИВОТО
Со оваа машина треба да се користат само
уреди со сечиво коишто го носат кодот
наведен во табелата со технички податоци.

Publicidad

loading