Descargar Imprimir esta página

Vox PIO6L07IX Manual De Instrucciones página 51

Campana extractora

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 98
ПРЕПОРАКИ И ПРЕДЛОЗИ
Упатствата за употреба се однесуваат на неколку верзии на овој апарат. Сепак
може да најдете опис на посебни карактеристики кои не се однесуваат на овој апарат.
МОНТИРАЊЕ
Произведувачот не носи одговорност за штета направена од неправилно и
несоодветно монтирање.
Минималното безбедно растојание меѓу горната површина на шпоретот и
аспираторот е 650 мм. (некои модели може да се наместат на пониска висина,
проверете во делот за работни димензии и монтирање).
Проверете дали напонот на струјата одговара на оној кој е назначен на плочата
која е фиксирана на внатрешната страна на аспираторот.
За уредите од Класа I, проверете дали електричното снабдување гарантира
соодветно заземјување.
Поврзете го аспираторот со одводот преку цевка со минимум дијаметар од 120
мм. Патот на одводот мора да биде најкраток колку што е можно
Не поврзувајте го аспираторот со одводниот дел (цевка) кои носат гасови на
согорување (бојлери, камини итн.)
Ако аспираторот се користи со не-електрични апарати (пр. aпарати на гас), мора
да се обезбеди доволно проветрување во просторијата за да се спречи враќање
на издувниот гас. Во кујната мора да има прозорец преку кој постојано ќе се врши
проветрување. Кога аспираторот се користи со апарати кои се снабдуваат со
енергија која не е електрична, негативниот притисок во просторијата не смее да
надмине 0,04 мбар да се спречат гасовите да не се повратат во просторијата од
аспираторот.
Во случај на оштетување на напојниот кабел, мора да се замени од страна на
производителот или овластен сервис за да не дојде до ризик од опасност
Ако упатството за монтажа на плочата за готвење на гас одредува поголемо
растојание наведено погоре, тоа треба да се земе предвид. Прописи за
испуштање воздух треба да се исполнат.
УПОТРЕБА
Аспираторот е дизајниран исклучиво за домашна употреба за да се отстранат
кујнските мириси.
Никогаш не употребувајте го за други цели освен за оние за кои е назначен.
Никогаш не оставајте голем отворен пламен кога аспираторот работи.
Прилагодете го интензитетот на пламенот да биде само на дното на тавата и
внимавајте да не се движи по страните.
Длабоките тави со масло мора постојано да ги набљудувате додека ги
користите: загреаното масло може лесно да избувне во пламен.
Не фламбирајте под аспираторот; опасност од пожар.
Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и повеќе и лица со
намалени физички, сетилни или ментални способности или недостаток на
искуство и знаење доколку им се дадени надзор или инструкции за користење на
апаратот на безбеден начин и ги разбираат вклучените опасности.
Децата треба да се надгледуваат за да се осигура дека не си играат со апаратот.
Чистењето и одржувањето не смеат да го вршат деца без надзор.
"ВНИМАНИЕ: Достапните делови може да се загреат кога се користат со апарати
за готвење".
ОДРЖУВАЊЕ
Исклучете го апаратот од струја кога ќе вршите било какво одржување.
Исчистете и/или заменете ги филтрите по некој одреден период
(опасност од пожар).
Исчистете го аспираторот со влажна крпа и неутрален течен детергент.
Апаратот користи најмногу 4 елементи за готвење.
Симболот
на пакување покажува дека овој производ не може да се третира
како домашен отпад. Наместо тоа, ќе се предаде на соодветното собирно место за
рециклирање на електрична и електронска опрема. Со обезбедување на правилно
отстранување на овој производ, ќе помогнете да се спречат потенцијалните негативни
последици по животната средина и здравјето на луѓето, кои инаку би можеле да бидат
предизвикани од несоодветно постапување со отпадот на овој производ. За подетални
информации за рециклирање на овој производ, ве молиме контактирајте ја локалната
градска канцеларија, службата за отстранување на отпадот од домаќинството или
продавницата каде што сте го купиле производот.
.
.
2

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Pio6l07w