Descargar Imprimir esta página

ST HT 20 Li B Manual De Instrucciones página 274

Cortasetos portátil con alimentación por batería

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 143
Правилното носење на поткаструвачот за грмушки
ќе го намали ризикот од ненамерно стартување и
предизвикување на повреди од сечилото.
в) Кога го транспортирате или складирате
поткаструвачот за грмушки, секогаш ставајте
го капакот на сечилото. Правилното ракување со
поткаструвачот за грмушки ја намалува можноста од
лични повреди предизвикани од сечилото.
г) Кога чистите заглавен материјал или го
сервисирате уредот, проверете дали сите
прекинувачи за напојување се исклучени и
дека батеријата е отстранета или исклучена.
Неочекуваното активирање на поткаструвачот за
грмушки при чистење на заглавениот материјал
или при сервисирање може да доведе до сериозни
повреди.
Држете го поткаструвачот за грмушки само
за изолираните површини на рачките бидејќи
сечивото може да дојде во контакт со скриените
кабли. Контакт на сечилото со кабел под напон може
да ги наелектризира металните делови на машината
и да предизвика електричен удар на операторот.
ѓ) Држете ги каблите за напојување подалеку од
областа за сечење. Каблите за напојување може да
бидат сокриени во жива ограда или грмушки и може
случајно да бидат пресечени од сечилото.
е) Не користете го поткаструвачот за грмушки
во лоши временски услови, особено кога постои
ризик од гром. Ова го намалува ризикот од удар на
гром.
ж) За време на работата, машината секогаш треба
да се држи цврсто со двете раце. Ракувањето
со една рака може да предизвика да ја загубите
контролата и да доведе до сериозни лични повреди.
Во случај на дефект или инциденти во
текот на работата, веднаш исклучете го моторот
и оддалечете ја машината внимавајќи да не
предизвикате други оштетувања. Во случај на
инцидент со лична повреда или повреда на
трето лице, пристапете веднаш кон постапката
за давање најсоодветна прва помош за дадената
состојба и обратете се во соодветен центар за
здравствена заштита за неопходно лекување.
Отстранете ги темелно сите остатоци од косењето
што може да предизвикаат дефект или повреди
на лица или животни ако останат незабележано
во машината.
Продолжена изложеност на вибрации
може да предизвика повреди и невроваскуларни
пореметувања
(познати
синдром" или „бела рака") особено кај оние
кои патат од нарушувања на циркулацијата
Симптомите може да се покажат на рацете,
на рачните зглобови или на прстите и се
манифестираат со губење на осет, вкочанетост,
чешање, болка, обезбојување и структурални
промени на кожата. Овие ефекти може да се
зголемат со ниски надворешни температури и
и
како
„Рејнодов
/ или од прекумерен притисок врз рачките. При
појава на овие симптоми, треба да го намалите
времето на користење на машината и да се
советувате со лекар.
2.3
ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛОЖУВАЊЕ
Редовно одржувајте и правилно одложете ја
машината за да ја одржите безбедноста на
машината и нивото на работа.
Кога ќе ја запрете машината за одржување,
проверка, складирање или менување на
додаток, запрете го моторот, исклучете ја
машината од струја и уверете се дека сите
подвижни делови се целосно запрени.
Оставете ја машината да се излади пред да
вршите какви било проверки, прилагодувања и
пред да ја складирате.
Одржувајте ја машината и чувајте ја чиста, на
суво место и подалеку од дофат на деца.
Никогаш не користете ја машината со
користени или оштетени делови. Оштетените
или расипаните делови мора да се заменат со
нови и никогаш не треба да се поправаат.
За намалување на ризикот од оган, не оставајте
полни контејнери во затворен простор.
Дадените нивоа за бучава и вибрации во
ова упатство се максимални вредности при
употреба на машината. Употребата на елемент
за косење којшто не е стабилен, движењето
со
преголема
машината, значително влијаат врз емисијата
на бучава или вибрации. Затоа, неопходно е да
применувате заштитни мерки за да елиминирате
можни оштетувања заради зголемена бучава
или значителни вибрации. Редовно одржувајте
ја машината, носете слушалки против бучава и
правете паузи во работата.
2.4
БАТЕРИЈА / ПОЛНАЧ ЗА АКУМУЛАТОРОТ
ВНИМАНИЕ
Следните безбедносни мерки ги опфаќаат
безбедносните одредби коишто се претставени
во даденото упатство за полначот на батеријата
кое што се доставува со машината.
• Користете само полначи за полнење на батериите
што ги препорачува производителот. Несоодветен
полнач за батеријата може да предизвика
електричен удар, прегревање или протекување на
корозивната течност од батеријата.
• Користете само батерии со спецификации што се
предвидени за вашиот апарат. Употреба на други
батерии може да предизвика повреди и ризик од
пламен.
MK - 4
брзина,
неодржувањето
на

Publicidad

loading