OBJ_BUCH-1183-007.book Page 185 Friday, June 30, 2017 3:12 PM
– За повторно да го вклучите електричниот апарат, мора
да го вратите прекинувачот за
вклучување/исклучување 13 во позиција „0".
Потоа повторно ќе може да го вклучите електричниот
апарат (прекинувач за вклучување/исклучување 13 во
позиција
).
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното стартување на електричниот апарат по
прекин на струја (на пр. влечење на струјниот приклучок
за време на работата).
– За да може повторно да го вклучите електричниот
апарат, мора да го свртите прекинувачот за
вклучување/исклучување 13 во позиција
Потоа повторно ќе може да го вклучите електричниот
апарат (прекинувач за вклучување/исклучување 13 во
позиција
).
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот апарат. При големо оптоварување или
пречекорување на дозволената температура на
батеријата, електрониката го исклучува електричниот
апарат, додека не се врати во оптималните граници на
температура.
– За да може повторно да го вклучите електричниот
апарат, мора да го свртите прекинувачот за
вклучување/исклучување 13 во позиција
Потоа повторно ќе може да го вклучите електричниот
апарат (прекинувач за вклучување/исклучување 13 во
позиција
).
Поставување на број на вртежи
Пред почетокот на работата, поставете го точниот
број на вртежи. Бројот на вртежи мора да биде
соодветен со дијаметарот на дупчење и материјалот
што треба да се дупчи. Доколку се постави погрешен
број на вртежи, алатот што се вметнува може да се
заглави во делот што се обработува.
При поставувањето на соодветниот број на вртежи,
ориентирајте се според дијаграмот за број на вртежи 6.
Тој го прикажува бројот на вртежи (rpm) во зависност од
дијаметарот на бургијата (Ø во мм) за материјал челик
(Steel) и алуминиум (Aluminium).
Механички избор на брзини
Прекинувачот за избор на брзини 21 активирајте го
само доколку електричниот апарат е во состојба на
мирување.
Со прекинувачот за избор на брзини 21 може да изберете
2 обеми на брзини.
Брзина 1:
Низок обем на вртежи; за работење со голем дијаметар на
дупчење.
Брзина 2:
Повисок обем на вртежи; за работење со голем дијаметар
на дупчење.
Bosch Power Tools
– Свртете го прекинувачот за избор на брзина 21 во
саканата позиција.
Напомена: Доколку прекинувачот за избор на брзини 21
не може да се вметне до крај, свртете ја малку главата за
дупчење со бургијата.
Електронско регулирање на бројот на вртежи (види
слика H)
Со помош на регулаторот на број на вртежи 15 може
бесстепено да го подесите бројот на вртежи на
електричниот апарат.
– За да го ставите електричниот апарат во употреба
свртете го прекинувачот за вклучување/исклучување
13 во позиција
.
– Со помош на копчето 33 поставете го полето на приказ
на екранот на „Speed".
– Вртете го регулаторот на број на вртежи 15 додека на
екранот 14 не се прикаже саканиот број на вртежи.
Совети при работењето
Општи напомени
Пред дупчењето, осигурете се дека брзиот затегнувач 3,
паралелниот граничник 19 или машинското менгеме
(опрема) цврсто се затегнати.
Доколку бургијата излезе од делот што се обработува, таа
може да се заглави во него и да го повлече. Затоа, на
крајот од дупчењето, забавете го движењето и
притисокот.
.
Доколку се блокира алатот што се вметнува, исклучете го
електричниот апарат. Оставете да се оладат алатот што се
вметнува и делот што се обработува. Отстранете ги
струготините од дупчењето. Откријте ја причината за
заглавување на алатот што се вметнува и отстранете ја
пречката.
Специјални напомени за дупчење во метал
За да го издупчите, набодете го делот за обработка од
метал.
Направете мала дупка, пред дупчење на дијаметри
поголеми од 10 мм.
За ладење на местото на дупчење користете масло за
подмачкување (Bosch универзално масло за
подмачкување), за подобра работа.
Позиција на корисникот
Застанете пред електричниот апарат. На тој начин
секогаш ќе имате добар поглед на местото на дупчење.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкиот алат за вметнување.
– Не ги прекрстувајте рацете пред погонската единица.
Дупчење
– Поставете го делот за обработка на основаната плоча 1.
– Поставете ја висината на погонската единица (види
„Поставување на висината на погонската единица",
страна 184).
– Позиционирајте го делот што се обработува со помош
на вкрстените ласерски линии (види „Прецизно
позиционирајте го делот за обработка", страна 183).
Македонски | 185
.
1 609 92A 3XK | (30.6.17)