Одлагање
• За намалување на ризикот
од оган, не оставајте
полни контејнери во
затворен простор.
2.5 ДРУГИ РИЗИЦИ
И покрај почитување на сите
прописи за безбедност, некои
опасности остануваат:
– опасност од повреди на
прстите или рацете ако
навлезат во ротацијата
на конецот од макарата,
– опасност од повреди на
стапалата ако се судрат
со конецот од макарата,
– исфрлање камења
и земја,.
2.6 БАТЕРИЈА / ПОЛНАЧ
ЗА АКУМУЛАТОРОТ
ВАЖНО Следните
безбедносни инструкции ги
опфаќаат безбедносните
барања наведени во даденото
упатство за акумулаторот и
полначот на акумулаторот
што се доставува
заедно со косилката.
• Користете само полначи
за полнење на батериите
што ги препорачува
производителот.
Несоодветен полнач
за батеријата може да
предизвика електричен
удар, прегревање или
протекување на корозивната
течност од батеријата.
• Користете само батерии
со спецификации што се
предвидени за вашиот
апарат. Употреба на други
батерии може да предизвика
повреди и ризик од пламен.
• Проверете дали апаратот
е исклучен пред да ја
ставите батеријата. Ставање
батерија во вклучен
електричен апарат може
да предизвика пожар.
• Чувајте ја батеријата што
не ја користите подалеку
од канцелариски прибор,
пари, клучеви, игли, навртки
и други мали метални
предмети што може да
предизвикаат краток спој
на контактите. Краток
спој на контактите на
батеријата може да доведе
до експлозија и пламен.
• Не користете го полначот
за батеријата на места
каде има гасови, запаливи
супстанци или лесно
запаливи површини, како
што се хартија, ткаенина
и слично. За време на
полнењето, батеријата
се загрева и може да
предизвика оган.
• За време на транспорт на
акумулаторите, обрнете
внимание контактите да
не дојдат во спој меѓу себе
и не користете метални
кутии за транспорт.
2.7 ЗАШТИТА НА
ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната
средина треба да се
извршува релевантно и
приоритетно при употреба
на машината во корист на
граѓанските погодности и на
просторот во кој живееме.
• Избегнувајте појава на
елементи што го нарушуваат
непосредното опкружување.
Користете ја машината
само во разумно време (не
MK - 6